Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми на коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Dream-Girl, 20 март 2020.

  1. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Ме интересира после колку време се јавуваат првите симптоми?
     
  2. mandingo

    mandingo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    7
    Od 3 do 5 dena vo prosek
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    39.116
    Пол:
    Машки
    5- 6 најчесто, максимум до 10 во пракса, во теорија до после 14 дена од контакт.
     
  4. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.919
    Пак јас :) дали некој изгубил мирис и вкус, подетално да опише. Дали оддеднаш се губи скроз, дали сепак нешто се осеќа. Чудно ми е денес некако
     
  5. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    3.479
    Постепено во тек од неколку сати за на крај да го изгубам целосно.
     
  6. DellArte

    DellArte Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    15
    Денес качив 37.6 се јавив кај матичната ми рече 2 пати од 1000 витамин ц и парацетамол да пијам и да следам. Падна температурата но после 6часа стигна скоро до 38. Јас немам никакви други симптоми освен температура. Со вториот парацетамол ми е 37.2. Се изолирав се грижам за моите дома. Толку се пазам и сега се плашам, враќам филм кај би можела да фатам, незнам.. незнам можеби и нема врска со корона, но сакав да прашам дали некој имал само температура и ништо друго?
     
    На tamarce.j му/ѝ се допаѓа ова.
  7. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    5.439
    Јас имав температура и болки во мускулите 3 дена. Матичниот ме прати на тестирање затоа што имам проблем со белодробни опструкции па да не ризикуваме. Тестот ми излезе негативен. Не се паничи, веројатно не е ништо. Не секоја температура е корона. За секој случај изолирај се и следи ситуација. Ако изгубиш осет за мирис и вкус или имаш проблем со дишење обавезно тест.
     
  8. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Мислам правило со Коронава е дека нема правило, контакт со позитивен е најголема причина за сомнеж, се друго може и не мора да биде :( Добро е ако си ја зачуваме здрава психата периодов.
     
    На Butterfly1107, nena2010 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  9. ана.1230

    ана.1230 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Нека сподели некој ако има слична како мене ситуација.Се тестиравме дома татко ми е позитивен јас сум негативна...Дали можам со маска, со дезенфицирање да се заштитам во ситуацијава или сепак ќе фатам и јас?
     
  10. Rosa123

    Rosa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    26


    Нема правило дека ќе фатите и вие, познавам неколку случаеви каде што дома 1 е позитивен други 3ца не, син позитивен мајка негативна(иако јадела од ист тањир со синот) меѓутоа најдобро би било доколку има можност позитивниот да биде барем во посебна соба превентивно(бидејќи сеуште не е испитано ни познато кога во кој период е најзаразен.)
     
    На Ahoy и ана.1230 им се допаѓа ова.
  11. ана.1230

    ана.1230 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Колку време трае самоизолацијата до втор тест ?
     
  12. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Втор тест ако остане со домашно лекување не се прави. Денови за самоизолација предлага матичната, одредуваат епидемиолозите. Мајка ми беше позитивна и одредија 10 дена, на татко ми 14, тој не појави симптоми иако беше цело време со неа. Но не се знае подобро држете дистанца дома со маски се што треба, иако нели човекот е најзаразен пред да развие симптоми и на почетокот. Кај нас освен мајка ми никој не покажа симптоми, а бевме во контакт со неа и јас со децата и сестра ми со децата. Таа е хронично болна, а вирусот го помина на нога само со јаки главоболки.
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ана.1230

    ана.1230 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    фала ти многу за инфо...уште едно прашање имам, дали доаѓаат дома за да издадат решение за самоизолација и за колку дена дојдоа кај вас од кога дознавте дека е позитивна?
     
  14. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Истиот ден и се јавија епидемиолозите, направија интервју и и кажаа колку дена, а решението ни го пуштија на viber.
     
    На ана.1230 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ана.1230

    ана.1230 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Кај нас сеуште никој не се јавил и којзнае кога и ќе се јават...фала тиии
     
  16. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Полиција се јавуваше на почетокот секој ден, и поминуваа да ги проверат дали се дома, може кога ќе се јават да ги прашате до кога има денови за изолација, иако мислам прво треба да ви се јават епид.
     
    На ана.1230 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.477
    Допаѓања:
    42.584
    Пол:
    Женски
    Моите ни немаат решение, никој не и достави, исто и баба ми, нема не ја ни проверуваа. А тестирани и позитивни беа и се јави епидемиолог и толку беше ни решение ни бутур, за излегување се молеа да и кажат до кога се у изолација нишѕо не знаеја. Ужас.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ана.1230

    ана.1230 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Леле значи хаос ни е државава.Мене ми е дека сега седам дома негативна ни симптоми ни ништо а од нигде не се јавуваат да не испадне да се јават за 10дена па да си останам месец дена дома ;(
     
  19. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Деновите течат од денот на тестирање.
     
    На ана.1230 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ана.1230

    ана.1230 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Незнаев дека е од денот на тестирањето, коа нема кој да ти каже се ќе помислиш....фала ти