Ме интересира уште една работа...бидејќи не тестираат повторно од кога ќе поминат тие 14дена, дали ако отидеш на своја рака да се тестираш тестот ќе биде позитивен или негативен?Дали намерно не тестираат дека сметаат дека веќе неможеш да го пренесуваш вирусот после тие денови?
Тестот може да биде и позитивен, и негативен. Има личности кои биле и над 40- 50 дена позитивни, ама тие немаат способност да го шират вирусот после 10- 14- 20 дена, зависно од состојбата.
Кога и да ти се јават, инсистирај во решението да го пишат датумот кога си се тестирала. И плус матичниот лекар си води евиденција за деновите.
Е... к’сметот . Цел ден повраќам.Пиев реглан и црн јаглен . Нешо и треска ме фати Имате ли слушнато за вакви симптоми кај некој позитивен?
Сега моментално е променливо врмето и нормално е како секоја година ова време да има грипови, вируси и итн.Мислам дека секој кој ќе осети некакви симптоми треба да се тестира бидејќи секој различно мисли и кажува и неможеме да бидеме сигурни.Кога ќе осетите некој симптом и кога ќе се јавите кај матичниот, 99% од матичните кажуваат да останеш дома да пиеш парацетамол да видиш дали ќе ти помине ако не за 5 дена ќе се тестираш таман тогаш ќе имаш слободен термин.На приватно има место а и резултатите ги даваат многу брзо и мислам дека кога се работи за здравје пари не треба да се жалат...подобро нешто да се спречи него после да не знаеме главата кај ни е... И не е срам да добиеш корона како што е ситуацијава сите ќе фатиме бидејќи дојде време што веќе не знаеш кој е заразен а кој не е! Морав да го пишам ова бидејќи сите прашуваат за симптоми а кај сите е различно и затоа апел до сите тестирајте се !
Мајка ми повраќаше секој ден, 5 дена по ред. Не мора да значи дека е вирус ама прати ситуација два три дена.
Здраво, кои денови обично се јавува влошување на состојбата? Моја блиска е позитивна се тестираше во саботата но од помеделникот беше затната и омалаксана, во петокот изгуби мирис но сега е и поомалаксана и се задишува. Бидејќи веќе 7 дена се од кога се има јавено прв симптом има ли шанси тек сега да се влоши?
да, има, колку што знам на 9тиот ден во просек се влошува. и многу нагло може да и се влоши.. штом се задишува мислам мора веднаш да побара помош. да и измерат барем сатурациja, и на др место пишував мора да се обезбеди некако секoj критичен да има такво апаратче.. jac им порачав на моите од Кина уште пролетта
Денес е подобра само омалаксана се осеќала искрено се надевам дека е добар знак тоа, а порачав оксиметар од денес ќе мери колку беше нормално да не е испод 90?
Нели околу 7-8 ден состојбата ќе појде или на подобро или на полошо. Кај вас ако е на подобро се надевам дека не треба да очекува влошување.
Pominaa tocno 7dena od mnogu rizicen konakt,na zatvoreno Bez maska I jas I deteto bevme, nisto ne ni e ,Dali seuste ima mesto za panika,Se izolieavme so kerkata za sekoj slucaj, Dali veke moze da Se opustime I da idam do prodavnica barem
aj da prasam tuka moze nekoja ke znae ima edno 10-na dena na edna stara zena i otece nogata ,ja matkala maticnata ni krv ne i proverila i denes i rekle tromboza ima (a krv pak ne proverile) i i dale nekakvi inekcii (sabajle i vecer) 20 da primi i nekoi dr lekovi , edna inekcija bila 250 den nisto od ovie lekovi ne zela so ogled deka nema pari,..ispila samo antibiotici nekoi sto na pocetokot i gi prepisala me interesira moze li bez lekovite da se povlece ili mozi da se vlosi ? ,,ustvari znam deka ne mozi i bez lekovi ama da prasam pak i dr me interesira na nea maz i pred toa kaslase i imase simptomi na covid-9 no nitu go testiraa nisto taka maticnata go lecela ,mozno li e da bile zarazeni od virusot i sega ovaa tromboza da i e nekoja komplikacija na zenata (nemala temperatura ne kaslala osven sto pred da i otece nogata imala bolki vo muskuli,) upm bev cesto vo kntakt vo niv i uste edno upm dokolku bile zarazeni ili uste se, eve vaka se lecat ako nemas pari ni za lekovi ni za privatno test i uste edno upm me boli glava a toa e najran simptom (mene glava me boli samo koga ke imam no sega ne mi e toj period)
Ne some posoceni vo konrakti,nemam nikavo resenie,peasanjeto mi bese Dali seuste postoi opasnost da razvijam simptomi ili Pomina opasnosta
Дечки, дали болно грло и наеднаш омалаксување се симтоми? Вчера и денес ми беше ептен ладно на работа ама и сите колеги се жалеа дека им ладно. Мерев температура 36.9 имам сега за сега...
Кога е најпренослив вирусот? Пример мажот ми во понеделникот имаше ризичен контакт, од тогаш сме во посебна соба и дезинфицирам дома, постојано прскам и користи посебен прибор, ама од утре сака да носи медицинска маски дома постојано за во случај после петтиот ден да развие симптоми. Дали има шанси јас и синчето да се заштитиме така или и до сега сме изложени иако нема ништо и рано е за симптоми? Кај колегата што е со температура дома веќе скоро сите се се симптоми..
Па затоа пишав дека сите што биле во контакт со заразен, како што пиша многу ризичен контакт, може да развијат симптоми после неколку дена и затоа самоизолација треба 14 дена да се седи дома.
2 дена пред појавување на симптоми е доста заразен, на самиот ден на појавување на симптоми најмногу и наредните 3- 5 дена има голема вирулентност. После полека опаѓа. Секако дека на таков начин има шанси да се заштитите и тоа ви го препорачувам.