имала главоболка во понеделникот, што значи дека од сабота наваму е заразна за други? по колку дена најчесто се јавуваат симптомите?
И мене ме интересира од пракса вие што сте биле заразени после колку време од контакт со заболен развивте симптоми?
Па главоболка може, но и не мора да се поврзува со корона. Биди претпазлива за околината за секој случај. Иначе во пракса најчесто на 4- 6 ден, максимум до 10- ти, а во теорија до 14 дена по контактот. Ако ти остане само тој симптом нема потреба од тест, ама биди претпазлива за твојата околина.
Јас со брат ми се видов во вторник, на саем бевме заедно, среда качи он температура и излезе позитивен, со мајка ми во неделата се видовме сите цела фамилија, бевме на роденден на дедо ми во двор, она вечерта во недела ненадејно качи тт и излезе позитивна, никој друг не покажавме симптоми ни од двајцата, освен другата баба кај која брат ми беше секој ден пред тоа оти таму работи, не се секирај шансите се многу мали да си заразена.
Друштво, пред 16 дена имав краток контакт на отворено со маски со лице кое после таа средба и поминати 4 дена доби позитивен резултат на корона. Мене 3 ден ме гребе грло и знам суво да се накашлам. Дали имам место за паника? Иако од тогаш може сум закачила и друг вирус, настинка или бактерија. Ама сепак сум во дилема. Како ќе издржиме зимово ако на секоја болка од грло имаме вакви стравови (((
Немам апсолутно никакви симптоми. Денес ми е трет ден после тестот, а осми после контактот со заразен. Контактот се тестираше случајно, ни он нема симптоми никакви. 10 дена сега самоизолација и од прилика тоа е тоа. Сега за сега ни моите немаат симптоми, молам Бога така да остане. Фала ти инаку, take care
Zdravo, sakam da prasham dali koga se gubi mirisot, dali se gubi naednash ili se pomalce i pomalce mirisash? (mozhe malce e glupo prashanje no me interesira).