Не знам во која тема да го поставам прашањево, ако не е за овде преместете го. Имате ли искуство и препорака за оксиметар?
Барај во Жива Фарм, 3000 ден е. Има едни и онлајн се продаваат, 1100... испаѓа на фб реклама. Ако сакаш да ти ја пратам и таа Инаку, hello from the other side, се собрала екипата и тука И ние сме во изолација и чекаме, контакт со позитивен еднаш пред десет дена, еднаш во неделата (со истиот човек)... и двата пати продолжен, близок контакт ради Х ситуација. Односно, од едно во друго срање улетавме и така. Да не се тестираше своеволно, немаше да знае ни тој, ни ние. Симптоми како за настинка, се тестираше од предострожност ради комобирдитет откако матичната го шутна дека „само паничите џабе, настинка е“. ЕПА... Малаксаност, болка во мускули и коски, блага температура до кај 38... два дена температура, два дена без (тогаш имавме контакт оти нели... настинка е само), а откако изгуби сетило за мирис и вкус едноставно знаев дека ќе се журкаме јако во следниве две недели. Дома сме и ние со хируршки маски сите, прскаме секој во вц, секој јаде башка, секој ќе спие башка и така. Витамини, салати, течности... Јас од понеделникот имам страшни главоболки ама немам температура. Ќе се тестираме во понеделник сите најверојатно, без разлика дали имаме или немаме симптоми. Со лесно нека мине кај сите.
Ве молам да ми помогнете, решение имам за самоизолација 14 дена од 16.10 бидејќи не пишува до кој датум точно сите различно ми кажуваат (29.10/30.10), некој дали може да ми каже до кој ден треба дома да сум ?
Денес ми стигна тестот дека сум Позитивна на вирусот. Имам изгубено чуство за мирис и вкус,но и болка во белите дробови. Требаше исто така да добијам пред 2 дена но не добив сеуште. Како да ме болат и бубрезите.. И барав на матичната да ги снимам белите дробови ми вика:ништо не ти е до психата е. А јас осеќам дека не е во ред. Само ми кажа да пијам витамини. Ве молам за совет? Сакам утре да се јавам и да инсистирам да се снимам. Ме плаши и тоа што сеуште не сум добила..
Zdravo, otprilika za kolku vreme se vrakjaat mirisot i vkusot ? I dali kaj nekoj se sluchilo da ima namaleno setilo za miris a vkusot voopshto da nema?
Мајка ми, цели 5 дена повраќаше, при крајот на болеста, некаде после 10ти ден почна да и се гади, се што јадеше повраќаше. Најверојатно кај неа беше од витамин Ц премногу и пренагло, а со оштетен желудник е, плус малку јадеше без апетит и така.
Некој да пише што знае, бев во самоизолација 14дена ради контакт но никакви симптоми немам ама сакам да си проверам за секој случај дали сум го прележала и јас вирусов.После колку време треба да направам таков тест за антитела?
Јави се во приватните (ако можеш да си дозволиш секако) и ќе ти кажат. А, за на државно ако не си била потврдена позитивна не верувам да те тестираат за антитела. И плус, ќе ти проверат само ако сакаш да донираш плазма.
Антитела сега за сега само привано се проверуваат. Државно само за донирање плазма кај потврдени случаи. Инаку почекај уште една - две недели па тесирај се за анитела.
Дечки јас сум немала контакт со потврден позитивен, ниту сум била некаде неделава осврн вчера до работа, а се чувствувам малку настинаѕо, ми тежат очните капаци и најубаво ми е кога мижам и одмарам и осеќам на средина на челото онаква баш болка како од настинка. Температура немам. Мерев и само 36... друго немам ништо, после требаше да одам до кај моите да го видат малото, нема да одам. Ама на секое чувство на настинка вака ли ќе се штрекаме цела зима...
И јас така сум. Ме гребе грло, ама со миена коса излегувам до надвор и плус се препотувам често. И до психата е. Јас само се пипкам на чело.
Јас ноќеска мерев тт, е до толку отидов мислам. Имам како некој немир во себе.Ама затоа темата за Ковид не ја читам веќе толку како порано. Т.е. веќе нема воопшто да ја читам.
Чувај се и после изолација. Ако не си развила ниту еден симптом, си била само во контакт со вирусот, и најверојатно било мала количина па не се развила болест. Значи, може пак да се заразиш. Буквално кај секого е различно. Заеднички симптом на сите е температура, макар еднаш покачена (па и благо покачена). Температурата може да биде ос 37.5 па до 40 со тоа што над 39 веќе треба да се снима пациентот да се види да не има пневмонија и секундарна бактериска инфекција. Главоболка од која не можеш да станеш од кревет и малаксаност се исто чест симптом. 5 до 6 дена по контакт. Како си? Добиеното нема врска со ковид. Имаш темп? За белите дробови не мора да правиш ренген, нека те прими матичната да те слушне дали имаш нешто на плуќа. Има случаи на повраќање кај заразени, но тоа е поретко.