Lele jas do sega sto pati se osekav vaka, a da ne kazam kolku pati merev tt do sega, osekav toplina po cela glava, ama mnogu sum opsednata so ova bukvalno, cela vo grc paniki strav se mi e od psiha, preska staviv 3 maski na mene otidov do apteka, 3 apteki svrtev i segde jmase luge i si dojdov doma, e do tolku mi e strav. Sto ke se pravi zimovo ne znam jas standardno januari nastinuvam Nisto ne ti e napij se vit.c pogolema doza mene toa mi pomaga dosta.
После мене и сопругот разви симптоми, но тој имаше само главоболки и еден ден тт. Сега, освен болки во мускули нема никакви други симптоми. Малото беше два три дена со затнат нос, еве кажува дека некои мириси и тој не сеќава, среќа цела недела не го пуштив во школо. Имав огромна грижа на совест што не можевме никако да се ,,одделиме,, од него, 24/7 е со нас, јас дома готвам, го бањам, му спремам облека, до нас спие... Психички премногу потпаднав, сега сум супер, и на сите вас ви посакувам да не бидете како мене. Оптимистички и само со позитивни мисли да стњ.
За мајка ѝ која и даде спротивна информација да биде во право. Сега излезе дека сите лажат. Бог да чува
Ве молам за искуство и совети. Мајка ми е болна/позитивна неколку дена. Истовремено е и срцев болесник. До сега нема покачена температура но денес осетила стегање на градите и пулсот и бил 65 со низок притисок. Дома се лечи. Дали и кога треба да се изреагира за прием во болница. Попаметно е да е под медицински надзор или дома? Прима само антибиотик и витамини и редовните апчиња за срце и притисок.
@Igle не си едина, мене секој ден ми е така.. од маски, од психа, од време од се.. а тт мерам 3 пати на ден.. пукнавме начисто.
Со таа температура има многу позитивни. Ве молам тие што знаете контактите кои се наведуваат до кој ден претходно се валидни за да им се даде решение за изолација?
Здраво, сакам да прашам дали ако си заразен постојано ќе имаш температура или ќе креваш во текот на ноќта?
Тогаш сите се позитивни Ако има температура 37 е позитивен Ако има 38 позитивен Ако нема температура го боли грло позитивен Ако кива позитивен Ако ти е затнат нос позитивен Тече нос позитивен Те боли глава позитивен Некој само настинат има? Или се се со корона?
Болки во гради на моменти, како гушење и терање на кашлање, со малку шлајм. Боли во мускули само навечер кога ќе си легнам, како трнење, стегање... Апетит де ми се јаде де не, незнам што да јадам, како да не ме заситува тоа дома и глупости грицкам. Чувство на мирис и вкус немаме изгубено Температура повисока од 37.1 немав. Маж ми исто цело тело го боли и крајниците исто така. Пишав на матичната вика пиј Парацетамол и вит. Ц. И испитај си крв и мокрача во лабораторија. Пред три дена многу ми беше ладно и со препотување ми се опушташе телото,како ништо да не било. Сега тоа помина Детето во понеделникот примаше вакцина и како реакција му течеше носот и немаше апетит после два дена почна да кашла, ме фати и мене со течење на нос па еве и маж ми исто. Мислев дека е настинка ама некако веќе ме води да мислам дека е вирусов.
Да пишам додека ми е пресно -стегање во гради -главоболка -болки во мускулите и општо цело тело -суво грло со горчлив вкус -затнат нос
најдобро ако може да набавите пулсоксиметар за мерење сатурација најдобро, и ако и падне под 95 да барате итна помош. околу 9тиот ден да гледате дали ќе и е подобро или полошо, нагло може да смени тогаш. нека оздрави со лесно
Во август се соочив со температура, како што пиша ти, топло ладно, и како се препотувам полесно ми е. Еден ден температура, втор ден малку главоболка и толку, помина. И грло ме гребеше. Мислев ако и вториот и третиот ден ми е така, да се јавувам во ЦЈЗ да се тестирам. Ништо чудно да бил вирусот. Но се чудам како не заразив дома никој, имам постари лица? Инаку во лето знам да мавнам и студен туш, а мислев да не е од тоа, ама па никогаш сред лето не сум качила температура.