Пред да ми се појават овие симптоми, бев преку работа на бесплатен скрининг, серолошко тестирање на кое си бев негативна. Ништо чудно таму да сум го фатила вирусот пример, па додека развие симптоми, за една недела, ама па не заразив никој, не знам. Ако беше корона, ај да речеме немам некои сериозни проблеми, сум поминала лесно, ама на па моите родители не знам како ништо не покажаа?Или можеби имаат Т клетки, како што читаме по истражувањата и ништо не им е. Инаку, ако сум преживеала корона, сега да отидам да снимам бели дробови, ќе ме откријат најверојатно. Но, не ми паѓа на памет да одам сега по болници, амбуланти, освен ако имам потреба.
Каде пишува дека сите со температура се позитивни или дека не постои ништо освен корона? Пишува дека со температура од 37, 37.1 итн што се смета за малку покаченс температура има доста позитивни. Смири малку страсти не се нервирај.
Ете ми го муабетот @Reja јас набројав кој се може да е позитивен,а еве прашање на место Ако немаш симптом а си позитивен од каде ќе знаеш прво дека си позитивен, ќе треба секој ден да се тестираме ! Или ако си била у близок контакт да си седела во затворена просторија со заболен па да ...пак се тестираш
Тоа прашање го поставувам и јас и мене ме интересира како им дошло да се тестираат ако немаат симптоми. И најверојатно е поради контакт со позитивен. Инаку ова што го кажав се искуства на мои пријатели и колеги. И јас ги игнорирав сите симптоми и ги препишував на настинка сѐ додека другарка ми не излезе позитивна. Со температура 37.1 уште не знам дали сум позитивна или негативна и чекам доктор да ми кажи за тест. Исти се симптомите и на грип. Друга пријателка со кашлица и 38 температура е негативна.
@Reja многу нелогични работи се случуваат!И обично сите по телефон се слушаат со матичниот па така одредува дали ќе се тестираш или не.Еве таа мерела имала 37тт. На 37 ништо не се случува нема грозница нема болки во коски од каде би знаеле дека имаме тт треба со топломер под мишка да се шетаме а и 37 тт може од стрес да се качи.Или оние без никакви симптоми На форумов мислам на темата -корона во Германија прочитав дека позитивни без симптоми ги праќале на работа по ново
Малце сум во паника имам воспаление на синуси и дца вечери по ред ми се случува кај 8 ми се губи осетот за мирис ,а од сабајле кога ќе станам чуствувам мириси ,дали ова може да биде симптом на корона ???
Тестот за антитела покажува присуство на два видови антитела, односно IgM+ IgA и IgG антитела. Тоа значи дека тестовите за антитела, т.е. серолошките тестови го детектираат имунолошкиот одговор на организмот против вирусот и не се ефективни за детекција брзо по инфекцијата, поради што овие тестови уште се нарекуваат и имунолошки тестови. IgM антителата откриваат рана инфекција или актуелна инфекција и би се појавиле по околу најрано по нешто повеќе од недела дена по појавата на симптомите. Спојлер Споредбено, ПЦР тестот би детектирал и најмала инфекција минимум 5 дека по изложеноста на вирусот, а и порано доколку симптомите се појавиле пред петтиот ден. IgG антителата можат да детектираат доцна инфекција или инфекција која веќе минала пред неколку недели или месеци и тие нè штитат од повторна инфекција додека ѓи имаме во организмот, а за SARS- CoV- 2 периодот во кој ги имаме природно- создадените антитела сè уште не е точно утврден, но се претпоставува дека трае барем 2 до 3 месеци по инфекцијата. Овие тестови се изведуваат преку анализа на венска крв.
Здраво. Сопругот е позитивен, имаше слаба тт 37,2 до 37,4, беше омалаксан и имаше јаки главоболки. Мислам дека и таа ниска тт е симптом, ако е проследена со омалаксаност, болки во мускули и особено кај млади главоболка. Јас не се тестирав, мислев дека не ми е ништо, еден ден имав малку треска и максимум тт 36,9. Имав јака главоболка и бев омалаксана, ама се тоа на нога го поминав. Ама во четвртокот изгубив тотално мирис, вкус многу слабо имам. Други симптоми немам. Значи до денес се поминати 5 дена, искуства за враќање на мирис? Ако минатата недела имав треска, до денес се поминати , 10 дена. Кога да правам тест зошто ќе ми треба ем за мене да знам, плус и за на работа?
Индивидуално е за мирисот, на мажот ми на 6ти ден почна да му се враќа, ама епидемиологот му рече и по месец имало што не чувствуваат. Јави се барај да ти закажат, доста денови се поминати . Мажот ми денес на 12ти ден се тестираше од први симптоми, а 15ти од контакт, немаше ништо порано.
Ама сега ако се тестирам со симптоми ќе тееба уште 20 дена да седам дома, а до денс во изолација ми се поминати 12 дена. Затоа сакам да почекам уште малку па да се тестирам, ваљда ќе излезам негативна.
И ние тоа се плашиме, моментално чекаме резултати. На мм во изолација му се 15, а од симптоми 12ти ден денес. Јас мислам позитивен ќе е и ќе ни ја продолжат изолацијата. А да е негативен ќе земи одмор секако уште една недела, ама барем на воздух ќе можам детево да го извадам.
Вакви калкулации ти се многу зезната работа. Си требала веднаш да се тестираш. Јас бев позитивна околу 40 дена (тогаш се правеа контролни брисеви пред да се излезе од изолација). Не значи дека и со тебе ќе биде така, ама постои веројатност. Подобро поседи си до 20-ти ден од симптоми во изолација без да правиш брис, ако ти го прифатат тоа на работа...
Ако си бил во контакт со заразено лице, после колку време би можело и ти ако си заразен да го пренесуваш? И колку дена трае отприлика тој период на трансмисија?