Јас бев во контакт во средата, во четвртокот веќе пројавил симптоми(а јас не знаев) а во сабота добил позитивен резултат и тогаш ми кажа. Денес е 6ти ден а јас немам никакви симптоми. Најмногу ми е за другите луѓе со коишто бев во контакт. Дали е можно да им имам пренесено нешто во четврток или петок.. Од кога дознав секако сум у самоизолација.
Здраво, сопругот вчера качи температура 37 со 8 највисока и имаше главоболки. Денес се тестираше и излезе позитивен за жал,иако незнаеме кој ми го пренел, не сме биле во контакт со заразено лице. Од кога пројави сиптоми е во изолација во друга соба. Прашањето ми е, кога би можеле да очекуваме сиптоми јас и детето, со оглед на тоа што сум бремена сум доста исплашена.
Не, цел ден чекавме ама нема резултати. Хаос било денес сите закажани преку епидемиолог ги немало на список, па уште 2 пати му се јавија од ко се врати за матичен број и за да прашаат кој го закажа, не знам што се има случено. Се надевам утре ќе се готови.
Има шанси ептен да не е за во темава прашањево, но може ли некој од искуство да каже дали немање здив, чувство на нрдоволно внесување воздух (глад за воздух), диспнеа и дтегање високо во градите да е единствен симптом на вирусов? Вчера од 12 напладне навака ме следи тоа чувство, се влошува кога сакам да исконтролирам влез на повеќе воздух, болката во градите е константна, не е страшна но ја има...притисокот вчера ми беше 98/65 со пулс 77, секогаш имам понизок притисок, повисок пулс...спиев нормално, но утрово пак истата состојба. Не знам дали да барам тестирање или ова може да е и од нешто друго...
Ова е паника. И јас сум веќе така една недела така. Посебно со новото покачување на бројките. Само што кај мене болка во гради е чат пат. Немам темп, немам изгубено чувство за вкус и мирис, немам дијареа.
Обично сум смирена и позитивна личност. Точно е дека од повеќе нешта ми се акумулирал стрес месециве наназад, но не е баш паника по дефиниција, не знам како да си помогнам, а особрно отежнува шѕо не можам да исклучам дали е вирусов.
@Igle и јас би рекла дека е паника, анксиозност. Истото ми се случуваше пролетта. Болката неможев да си ја објаснам. Постојано болката беше пропратена со кашлање. Кога психички се смирив веќе немам такви стегања и болки (ова траеше 3 месеци, затоа знам дека не бев болна). Помалку гледање вести поврзани со пандемијава и читање по форумов и ќе се смириш.
Иста сум и јас ,истото ми се случува и мене ми рекоа дека ми е од паника ,приметив дека кога ќе се занесам во нешто се губи тоа чуство.
Ако во средата сум била во контакт со некој и од вчера тој има симптоми, можно е да сум заразена (доколку би имал позитивен тест)?
Минатата среда? Значи тој има симптоми после 7 дена. Јас викам дека не си заразена. Вирусот е вирулентен два дена пред симптомите и уште неколку дена после.
Типични симптоми на паника. Иако си обично смирена личност, секојдневното бомбардирање со лоши вести може и тоа како да ти влијае, потсвесно. Убаво кажа една членка погоре, ќе видиш дека ако се занесеш во некаква работа, чувството ќе се изгуби. Олабави се, исклучи телевизор и не читај ништо поврзано со темава.
Здраво, татко ми во саботата попладнето крена температура 38.5 и го гребело грлото, се изолира зема парацетамол и му спадна, во неделата цел ден немаше се до 7 вечерта кога покажа 37.4.Од тогаш до денес сабајле нема температура повисока од 36.8.Притоа нема никакви други симптоми а и гребењето на грлото му поминало, немал контакт со позитивен во последните денови а и самиот кажал дека во петокот пиел кока кола со мраз и дека од тоа му било.Незнам што да прсвиме некој совет бе молам..
Дали има некој искуство со добивање на симптоми еден ден после контакт со потенцијално заболено лице? Колку што знам првите симптоми се појавуваат неколку дена после контакт. Дм еден ден/ ден и пол после контактот со мене доби блага темпаретура. Цело време бевме со маски, на кафе седнавме на отворено пола саат, ама раздалечени и не дојдовме до некој близок контакт да си дишиме еден во друг. Јас му кажувам дека е прехлада, или ако е корона има префатено од некој друг. Јас сум добра, само еден ден качив температура до 37.1, после тоа сум супер. Не кашлам, кивам. Само затнат нос сега. И плус не се сомневам во корона, прво ради тоа што симптомите ми трааеа само 1 ден и второ бидејќи на работа ме здрви ладното, а јас бев испотена и на куси ракави.
Zdravo na site, potrebeno mi e vase mislenje i sovet. Vo pon. Na brat mi mu stigna poz. Rezultat za korona, simptomi mu se javija vo sabotata, a nie posleden kontakt imavme vo cetvrtok. Koja e verojatnosta da mi go ima preneseno virusot? Denes 6,ti den bez simptomi, megjutoa imam mali decinja primetuvam malku kako zatnati se, bez temperatura,bez kaslanje. Vase mislenje kako da postapam? Ziveeme vo zaednica i do sega nikoj ne pokaza simptomi. Do koga maksimum da ocekuvam simptomi? I dokolku sum samo prenositel na virusot kako da postapam da gi zastitam drugite?