Какво ревматско? Јас немам потврдено, ама симтоматско имам плус еве и целијакија е автоимуна па поминав лесно. Обично одат во комбинација.
Да, во затворен простор, 2 и нешто саати. Маските (мојата) хируршка трослојна, нивните памучни. Ваљда првиот пат не сум била инфицирана као шо треба, не знам шо да кажам. Више не знам ни у шо да верувам, искрено.
@Izaabella зошто се тестираше првиот пат? Нели излезе дека ти не си ни била заразена, само позитивна?
Немам антитела. Ми објаснија дека наводно или се изгубиле оти 3 месеци поминаа од заразата или сум била само носител или воопшто не се создале антитела. Ова доктори ми го објаснија. Со автоимуни заболувања сум и вака ми реагираше имунитетот на вирусот.
Сасвим случајно искочи првиов пат. Као контакт со заразен, ме извести дека е позитивен и се тестирав највише ради моите дома. Потенцирам дека немав апсолутно никакви симптоми, ни јас, а ни моите. Сеа се трипам константно ради нив само, стварно гајле ми е за мене.
Ок, да се изгубила апсолутно во целост нема никаква логика, ама ваљда доктори знаат подобро од Ангел на форум. Епа веројатно не си ни била заразена првиот пат, само позитивна. Кај се тестираше, ти го пишува титарот на тестот?
Не можам да споделувам многу информации поради работата што ја работам, прелесно би ме препознал некој, а и би се раширила паника. У кратки црти, еве што е можно кога постојат асимптоматски случаеви. Заразата нема да ги заобиколи после добар контакт, пак.
Конкретно мислев на ревматоиден артритис. Тоа е автоимуно заболување. Па загрижена сум како овие лица ја поднесуваат болеста. Ти благодарам во секој случај
Врска немам Ангел, добив различни објаснувања. Мене само ме интересира дали и кога си само позитивен не се создаваат никакви антитела? Јас имав и благи симптоми кои личеа на стомачен повеќе. Ама јас пред се имав и контакт.
Па тоа симптоматски го имам и јас, не продолжив со контролите на реума само. Плус потврдена другата. Лесно поминав.
Постојат асимптоматски случаи кои развиле имун одговор, значи биле изложени на инфекцијата. Има такви што имале позитивен тест, а не добиле имун одговор затоа што преосетлив е тестот. Јас викав блиска личност моја теории на заговор расправа кога уште на почетокот викаше 50% ПЦР тестовите се лажно позитивни, од професори нејзини на факултет кажано (а студира сродна струка во странство). На крај излезе сосема во право била.
Да, ако не си се заразил и не ти го пробил вирусот имунитетот, нема да создадеш антитела... Симтомите ти најдобро си ги знаеш, ако ти биле типични за автоимуната тогаш не спаѓаат во ковид симптоми. Можно е од стрес да биле предизвикани, а и од автоимуната
Стомачен типичен кој ги имам често заради осетливи црева, плус внуците имаа пред мене. Ме гребеше грлото и мислев од умнико е. Температурата матичниот ми ја објасни од дехидрација. Најверојатно бев само позитивна. Ме мачи само дали не ми го проби имунитет заради тоа што ми е хипер, карактеристично за автоимуна, или мала доза на вирусот? Јас обично не развивам потешки клинички слики од било кој вирус или бактерија.
Јас од сите вируси во животов короната најлесно ја поминав. Имав симптоми, ама да не беа болките ненормални и уморот, немаше ни да помислам искрено. Само да спијам сакав, ама ни да јадам, ни да пијам.
Можеби звучи смешно прашањево, но подобро да прашам. Ако нема кашлица дали може да е спуштено на гради?