И мене ме интересира Ама одам по логика на овие што се лечат во домашни услови доктор не ги прегледал а пример биле со полесни симптоми .Валда ако постои ризик сите би ги праќале на снимање.Или... треба да си со ептен остра болка во градите... не зззнам Поправете ме ако грешам
Некое бебе позитивно имало ли? Синче имаше дијареја некоја чудна викендов, сега крена т. И мене ме боли грло. Како што кажав, на работа 2 колеги од истата канцеларија се болни, немаат официјално корона, не се тестираат. Некое бебче да ја поминало, кои биле симптоми? 10 месеци е мали
Здраво, и мене ме интересира искуства со корона кај деца? Денес 7 дена поминаа од контактот, ние возрасните немаме симптоми само децата се како фатени во гласот, ваше мислење дали има простор за паника? Не кашлаат, немаат температура, супер се активни,весели. Или како предлог што да им давам витамини и да е корона да помине со лесно?
Така, потечна столица со чуден мирис. И многу обилна. Саботата ептен беше изразено тоа, па му давам од тогаш полесна храна. Сега од вчера т крена.
Дечки ми стигна тестот...негативна сум. Е сеа прашањет8 ми е дали е можно да е лажен или пак се работи за обична настинка пошо имам неколку дена 37.1 до 37.3
Син ми беше два-три дена со зарипнат глас, зборуваше на нос, после изгуби мирис, не верувавме мислејќи дека од нас што не слуша кажува, ама еве после недела дена му се враќа миросот и почнува убаво да го осеќа. За жал, тест не успеавме да му направиме, али јас антитела здравје ќе му проверам.
Нас 5 тиот ден, а на пријателите од нас заразени после 2 дена. Да матичната рече дека била нормална и очекувана реакција и доколку се појави кашлица тогаш да се превземе нешто.
Колку долго имавте температура? Мене денес ми е веќе 9 ден како сум со некоја температура до 37,4. Пред неколку дена веќе и немав температура и еве од завчера пак почна да се качува.
Здраво девојки, мајка ми е позитивна, добро се чувствува но на крвна снимка се покажаа покачени димери. Ќе почне терапија со клексани, сакав да прашам дали некој имал слично искуство и дали успеа да ги среди димерите? Избезумена сум моментално.
Ајде едно смешно прашање. Денес ми е 8ми ден од контакт со заболен, дома сум изолирана. Осеќам како суво кај крајниците. Инаку цел живот имам проблем со крајници.. Можно е ова да е симптом или? Не знам дали си измислувам сама веќе.. На 10 мин. проверувам дали осеќам мирис, мерам температура по неколку пати во денот
Доколку се преоптеретуваш со тоа дали осеќаш мирис на секои 10 минути може навистина да почнеш да не осеќаш. Психа. Дури и повеќе симптоми да имаш не мора да значи дека е корона. Можеби е настинка или обичен грип.
Во право си. Можеби поради тоа што бев во контакт сега сум на штрек и чекам цело време нешто да се случи...