Комшијата од вчера има симптоми на корона, не се тестирал Во неделата брат ми имал контакт со него,товарале некои железа во камиом, не биле многублиску,не носеле маски. Тогаш комшијата немал симптоми Колкави се шансите да фати брат ми и ако фатил кога се очекуваат први симптоми?
Ме интересира ако позитивен на корона може да направи ртг,лабораторија ако не смее да излезе од дома?
Дечки, јас денеска повраќав. Температура 36, 6 ама како треска да ме фаќа. Во нормална ситуација немаше око да ми трепне, стомачен грип ама на работа имавме заразени со кои бев во контакт, иако заштитени со маска. Има место за паника?
Така викаат ама ,почекај ако имале симптоми 21 ден изолација имаат,после изолацијата кога ќе им заврши тогаш оди да ги видиш.
@NarCis@, се јавив, ептен ми е срце докторката. Ми рече дека е сезона на стомачни вируси и дека досега, од сите со ковид што ги праќала на тестирање, ниеден не се жалел само на серка и повраќање. Да се следи. Ако качам температура или изгубам сетило мирис и вкус, следно е тест.
Јас со константна температура, кашлица и благи болки во градите направив брз тест и испаднав негативна. Примам терапија како за позитивна. Колку може да им се верува на ваквите тестови?
Другарка ми со маж ѝ поминаа само со течна столица, без повраќање. Двајцата позитивни на ковид. Вирусот е толку измутиран што дава различна клиничка слика и атипични симптоми. Не те паничам, само ти кажувам дека веќе сѐ е можно Јагленче, пробиотик и сѐ ќе биде во ред
Колку време не осеќавте мирис и вкус? Ни ми се јаде ни ми се пие, неможам да уживам во храната и пијалакот, така ради реда јадам и пиам друга мака немам за среќа ама многу безвеза ова со мирисот и вкусот...
Дали има некоја шо имала корона а дома има мало бебче? Ме интересира како поминале? Многу ми е страв за малото. Има 2 месеци и 9 дена. Не сум позитивна на ковид(се немам тестирано) ама сите симп. ги имам. Мажот ми се тестираше и чекаме рез. Ве молам за искуства
Мм беше во контакт со позитивен пред 2 дена , денеска дознавме дека се тестирал и дека е позитивен , а беа речиси цела ден заедно и со и без маски колеги од работа, утре звониме кај матичната ваљда она ќе го прате бар него на тестирање или како функционира се , кај да звонам замарам од работа не му даваат ни одмор ни изолации ништо ништо цела сум во паники јас бремена плус со мало дете сме ...
Мајка ми имаше корона но еве веќе сме при крај од изолацијата веќе е добро но едно нешто ме интересира дали после откога ви поминаа симптомите имавте кашлица и шлајм да ве гуши?
Мене ме боли главата, имам суво грло, коските ме вртат како да сум на рингишпил, ме тресе, а немам температура
Треба матичната да даде упат. Може да се направи во ковид центрите во 8 ми Септември, на Инфективна на клинички и мислам може во Козле .