Јас кашлав, али матичната мислам навреме ми даде сируп за искашлување и само неколку дена искашлав шлајм, без гушење.
Зет ми е позитивен а отиде да се снима. Сестра ми е со симптоми од вчера а е во изолација ради маж и, ќе смее ли да излезе за да оди да се тестира? А и како,кога само во Скопје по приватните праат тестови, значи ќе треба и маж и да оди за да ја вози?
Ако нема решение зет ти, може. Само да не се меша со луѓе. Ако има решение, нека се јави во полиција да праша.
Ист случај како тебе. Сопругот со симптоми - позитивен. Јас исто така со симптоми - негативна. Матичната ми кажа дека имало и ваква група пациенти со симптоми а негативни.И дека шансата при повторно тестирање да сме пак негативни, е исто така голема. Кај одредени пациенти на 4-то тестирање покажал позитивен резултат. Поради симптомите (температура,болки во гради,омалаксаност) јас сум веќе со антибиотик и ќе примам терапија исто како да ми бил резултатот позитивен. Така да, ако си покриена со антибиотик, немај гајле, ќе помине.
Може, со упатот ке отиде . Ама треба прво на 192 да пријави дека излегува и каде ќе оди. Само ќе треба некој друг да оди упатот од матичната да го земе.
Да, веќе ја пијам втората доза сумамед. Дури и матичната ми рече дека е најверојатно корона, но резултатот излезе негативен. Само не знам дали овие брзи тестови се веродостојни. Знам за случај каде што е направен тест на две места и двата теста дале различен резултат.
Пошто никако не можам да ја добијам матичната, може ли некој да ми каже шо би требало да пијам за оваа болка у раце и нозе? Денес ми е 6ти ден како сум дома, претешко ми е, никако не можам да се наместам за спиење, ми трнеат нозете, ме болат мускулите...
Ке си се тестирате приватно.. И ние бевме во контакт со заразен и сеуште нема ни решение за изолација, нит епидемиолог се јави.. А сите работиме и деновиве сами седиме дома и не знаеме што да правиме, а мене веќе од пон ке ме бараат да одам на работа. Се јавив на матичната таа па црна хроника одма, сите ке сме се заразеле(тестови и термини државно нема ми рече, да одиме приватно). Незнам кога е најпаметно да се тестираме.. 7 дена од контакт мислев јас.. Ваљда толку е океј и веродостоен ке е резултатот.
@Poppins Не се надевај многу на тест преку матичен.Барем не во вашиот град,оти ни термини ни тестови има.
Ваква сум посабајле Тогаш да чекаме понеделник и правец ск , а мора ли и малата да а тестираме или само ние двајца да отидиме прво , да не а носам и неа , ние и така сме дома немаме некои контакти со никој ама кај мж се очекуваше дека ќе се случе ова , премногу заразени имаше . 3 ден денес од негов контакт , понеделник тмн ќе е за тестирање мислам , а каде е најдобро да се оде , Систина или ?
Јас и малиот сме болни. Тој имаше температура 2 дена, јас не. Омалаксана бев и малку грлото ме болеше. Се тестиравме двајцата, негативни бевме. Мене крајниците полека ми станаа пепел, вака одамна не сум била крш. Пијам антибиотик сега. А не сум проблематична со крајници. Матичната на малиов вика ако сте негативни, ковид имате. А јас баш имам некои симптоми нетипични за ковид. Све е хаос станато..
Не е убаво ни премногу рано да се тестирате, може лажно негативен тест да добиете.. 2 3 дена после симтпоми најубаво. Е не ми е јасно ако немаш симптоми после колку треба да се тестираш. Јас не би се тестирала ако никој дома не јави симптоми. На работа никој нема, сите се болни. Дел ковид, дел негативни како мене. Не сфаќам како е можно ова, ама нема логика веќе целава работа.
Дали некој се соочил со болка по кожата како модрици? Буквално допирот е како да цело тело да е со модрици. Боли и седењето дури. И кожата е како гумена на допир.
Баба ми со симтоми за мозочен удар, матичната и рекла "не знам што да ти правам, како да те водам". И ѝ дала Сумамед. Буквално постои ковид и не ковид, тоа е се што лечат.
На почеток болка во мускули да и тоа страшна. Сопругот дури и не можеше да спие од болки, се здрвуваше. А тоа со модриците, дополнително барајте да се провери циркулација.