Тоа доктор одредува. Обично ако имаш болки во гради, многу време температура или ако си во ризична група.
Тоа помина. Сега ова. Нема модрици, а боли секој мм како да е со модрици. Буквално секој дел од кожата. Ај како да го објасниш на доктор ова?
Јас кога бев болна во Март, не потврдено ама со сите симптоми, мене прв симптом ми беше ова 2-3 дена пред тт јас осеќав како цела кожа да ме боли од најслаб допир, не како кога си настинат, туку буквално како да имаш повреда. Ќе напоменам не знам дали е било тоа ама јас сум 99% сигурна. Инаку во неделата бевме во контакт со лице кое во вторник доби симптоми, бевме на отворено ама сепак имавме близок контакт. Изолирани сме дома и неаме засега ништо, ќе чекаме уште некој ден, по сите контакти блиски што ги имав од кои некои и на ден на симтоми како со мајка ми пример, ние не се заразивме, што значи најверојатно сме биле болни и засега имаме имунитет.
Пред една недела беа ок...Зарем може да ескалира на крај? Како гумена кожата е на допир. Мислиш може да е тоа? Ама и друга личност знам, и беа ок, дури ниски, за 5 дена на 5000.
Јас правев тест 8 дена од прв пат кога сопругот крена температура(3 дена од кога јас добив симптоми). Правев PCR тест во Јавно здравје со надеж како најточни. Во меѓувреме, решението за изолација гласи само на сопругот, јас не фигурирам никаде, ни во позитивни, ни со решение за изолација. Оваа недела работам од дома па се надевам ќе издејствувам и за наредната.Контролен тест не ми следувал(само приватно), опција единствено боледување да отворам...немам памет веќе
Па не, после само имав многу јаки болки во колковите и нозете, се сеќавам пиев два кетонала ноќта за да можам да спијам, ама не беше кожата тогаш туку коските до крај. Инаку може да е поради оштетување на нервниот систем од болеста па вакви резултати дава...
Мажот ми првите 3 дена така го болеше, цело тело како повредено. Ама после ко помина тт и омалаксаноста, не. Колку дена се поминати?
На почетокот не е само кожата, туку коски, мускули, се боли. Ова само кожата е, буквално како да е џигеросана и на допир е како гумена.
Авицена, Систина.. А 1850 ти е во Центар за јавно здравје, таму дури и немора да се закаже, се оди и се чека ред па кога дојдеш на ред, тогаш и резз истиот ден.
Се е можно за 3 дена може да се влоши состојбата. Подобро да се провери пак , за да сте мирни. Поздрав , се надевам се добро ке биде
Леле колку е активна темава, ова си крчка на јако Луѓе, не правете тестови ако немате симптоми, само изолирајте се по контакт... нема поента да се прави тест, од неколку места ни потврдија. Може да биде лажно негативен. Само изолација му е мајката. Ако не ви стигаат решенијата, ѕвонете во Центарот за јавно здравје на локално ниво, ќе ви ги пуштат по мејл за брзо. И седете дома
Маж имаше вакви симптоми од друго знаеш. Баш вака како изгорен. Значи невролошки е по некоја логика. А неговото не беше корона.
Да, мене и на малиот не ни направија тестови иако мм е позитивен. 15ти ден денес од негови симптоми, денес дури ни се јавија до четврток сите заедно во изолација.. Скоро месец од ко се изолиравме сами, и што е најбитно немаше никој друг контакт за пријавување.
Како да се изолираме без никакво решение.. Не бараат да одиме на работа, а тој што е заразен ни тој нема решение за да не стават во изолација... Ние што правиме тестови без симптоми па и приватно сигурно по своја желба не правиме Ваљда 7 дена од контакт нема да биде лажно негативен... Еве @kristina.k е еден таков пример баш...
Ама и нашиот случај беше исто, се тестираше на приватно заради симптоми и Х здравствена состојба, на сопствена волја... после неколку дена дури му се јавија од ЦЈЗ и ги кажа контактите. Откако ќе ги каже контактите, и позитивниот и контактите одат автоматски во самоизолација, без разлика дали ти е стасано решението или не. Ако си кажана за контакт, немаш решение за самоизолација, а си излезена и те запре полиција (што нема да се случи во моменталнава Македонија ама хипотетички ајде), можеш да имаш проблем. Решенијата каснат и тоа многу, нашите т.е. на моите им ги пратија заради тоа што се јавуваа неколку пати, скоро пред истек на самоизолација. И сите HR знаат дека каснат и знаат дека треба да почекаат... нормални ли се што те бараат да одиш! Сами си отвораат проблем после, ако си позитивна ќе треба да трупаат други во самоизолација. Биди упорна и ѕвони во ЦЈЗ, замарај ги, ќе кажеш дека ти бараат од работа веднаш да доставиш. Кој од кој поненормален Инаку, муабетов мене ми беше пошто ги читав последниве неколку страни и гледам дека многу се тестираат на приватно само по контакт и без симптоми... и ние тргнавме да закажуваме термини сите да се тестираме, не разубедија дека нема потреба. Доволно е само да се биде во самоизолација ако се нема симптоми, толку.
Ако чекаме од матичните доктори...господ да ни е на помош Не е тајна колку пропусти има од матичен доктор и затоа ако ни затреба сакам да се информирам што се треба да се преземе. Ова го кажувам со оглед на досегашното искуство со матичниот за претходни заболувања, незаинтересиранист, фушерско лечење...