Ама државно е тестирана сестра ми, а не и се имаат јавено ни неа, никој Денес ми е 5ти ден од контакт и немаме ништо, освен малата моја која е со симптоми од вторникот, но повеќе личи на настинка кај неа.. Ја тестиравме неа денес и едвај ке ги дочекам резултатите Инаку се јавив кај матичната и она ми отвори некое боледување, ми рече ке те пишам како контакт.. Она па рече одете одма тестирајте се, а па жена што тестира рече не одма, бар после 7,8 дена или исто како што викаш ти, ако немаме симптоми да не се ни тестираме.
Иако немам искуство пошто мојот матичен е скроз заангажиран за тоа,те сфаќам ама без упут од него неможе ништо.
Темава мислиш сме станале Содома и Гомора. Сите уплашени, човек не смее од ништо да се разболи. @mariz без паника само. Ако не сте болни немате никаква потреба од фрлање пари на приватно за тестови. Ако не сте во контактите за самоизолација ќе си одите на работа. Сепак важно е и каков бил контактот и пред колку време. Еве мене ич не ми се јавија за слична ситуација. Што и е на малата?
Сестра ми беше неделата кај нас (ништо не и беше тогаш), пон вечерта разви одеднаш симптоми, 5,6 часа беше во иста просторија со нас домашните, на иста маса јадевме, дувавме свеќички, се гушкаше со децава мои. Малата од вторникот кашла чудно длабоко и навечер е најлошо многу кашла, само тоа... Според матичната, сестра ми најзаразна била баш тој ден и нејзини зборови: Сите сте заразени
Баш се хаотични значи Ѕвонете им вие, не чекајте они да ве бараат. Практично, ѕвониш да им кажеш дека ќе седиш дома и да ти дадат решение Вака ако прават со сите позитивни, не ме чудат бројкиве. Болните не можат да ги приберат, а контактите на болните е веќе научна фантастика. За тестирањето сигурна сум, блиска личност (делумно) работи со брисеви и чуда, плус во консултација со колеги од ЦЈЗ... подобро вложете ги парите за витамини, оти не се малку. Пет души да се тестираат е 20 илјади, а ако сте прерано и потоа развиете симптоми, ајде пак јово на ново. Посакувам да е негативен тестот на малата, а вас добро здравје и да поминете без симптоми. И на позитивен тест не се плашете веднаш. Само со добра мисла напред, болниците се преполни ама тоа е мал процент од позитивните, другите минат (некако) дома. Нашиот случај помина многу лесно, а никој друг од нас не разви симптоми. Едит - @mariz слична ситуација имавме и ние, т.е. моите имаа. Седење заедно, јадење, пиење. Баба ми и живее со позитивниот, а е срцев болесник, дијабетичар, со висок притисок. Никој не разви симптоми, утре излегуваат од самоизолација моите. Не се плаши, ќе биде океј
Како бе да одат на работа? Сестра и е контактот (близок) , а мариз мислам у градинка работи. Ако не им се појават симптоми 2 недели да нека си одат на работа, а не да си измислуваме ние нови правила.
Мажот ми понеделникот се тестираше, денес се јавија дури. Од тогаш ќе го водат како асимптоматски заразен, иако пред 15 дена имаше симптоми. 10 дена да поминат па и нас ќе не ослободат автоматски. И тие не знаат како да постапат, во хаос се, ќе се јават деновиве и кај сестра ти.
Шанса нема да одам, јас одма а сестра ми извади позитивен тест, јавив дека нема да одам... А понеделник секако дека ке се тестирам. Сестра ми кога ке и јават, ке не каже во контакти секако, па колку и да треба да се седи дома, ке се седи. Боље јас да поседам 2 недели дома имала немала симптоми, него да затворам цела градинка..
Се надевам дека нема. Сестра ми живее со мајка ми, она сега за сега нема ништо. Ние 8 души бевме во контакт со неа, сега за сега сите сме океј, освен малата што кашла..
Ахаха, јаки се матичниве жими све..сите сте заразени! Како гарантираат мислиш они го измислиле вирусов. Ништо, мора да си отседите дома, добро е што ти даваат боледување за да можеш да отсуствуваш од работа. Според ситуацијава секако боље е да седиш без разлика дали ќе се тестираш. Јас не би се тесирала без да имам симптоми. Што и да е, побрзо нека поминува кај срцката Е добро де, затоа реков зависи од ситуацијата, зависи од контактот каков бил. Еве сега ми објасни дека се работи за сестра и. Јас на пример не сум во изолација, но кај мене беше скроз поинаку.
Нема никој да ве побара за изолација хаотично е мора сами да сме одговорни, а тоа не значи дека не треба да се преземат мерки за да ја заштитиме околината. Јас имав контакт од 15-20 мин на отворено со заразена, и земав одмор дури поминат 8 дена за да се тестирам и после негативниот тест инсистирав уште 1 недела да работам од дома, веќе после 2 недели од контакт се вратив редовно на работа. И дечки да има и настинки ама ако веќе знаете дека сте имале контакт не препишувајте симптоми на промаја и слично. @mariz дека сите сте заразени не може да каже маѕичнаѕа, наш пријател дома не зарази никој а на тестот според титарот требаше да биде јак преносител.
Здраво на сите, кај мене хаотично. Дома имам возрасен човек со дијабет, баба ми 75г, две мали деца. Минатиот четврток бевме јас и децата во контакт со заболен, брат ми. Денес 9ти ден и не забележувам некои промени дома кај некој освен кај децата што се малку затнати и повеќе се потат, мерам нон стоп тт кај мене и кај нив повеќе од 36.4 не сме качиле овие 9 дена. До кога има простор за паника да се развијат симптоми кај некој од нас? Ве молам за ваше мислење бидејќи кај и да е нервно ќе заболам, само да помине овој кошмар.
Немавме среќа свекрва ми излрзе позитивна ,а сопругов почна мн да кашла и температура до 38 со 5 ,јас исто со температура мене намјногу ми се качува до 37 со 7 ама сета сум омалаксана леле мн ми е страв за бебушо сета сум во паники..
Точно овој симптом го имаше ќерка ми. Ама ова беше во февруари, и си ги имаше плус сите други симптоми специфични на ковид (тогаш ни на крај памет дека може да е тоа). А од што ја болеше кожата, не можеше да ги потпре рацете на маса. Секако немаше модрици, ама болки имаше.
Па може, на сестра ми да и отворат и и отворија. Мене на која основа може да ми отвори? Спомна дека ке ми отвори како контакт ама не сум и јавила да ја прашам, ме извади од такт и не ми се врти. Како и да е ке си седам дома до пон, а тогаш ке се тестирам, па после резултат ке и јавам...
Zdravoo, sakam da prasam oti sum vo dilemaa pred tri dena imav temp 37.4 najvisoka vecerta i malku bolno grlo i slaba kaslica, drugiot den nisto preku denot nemav vecerta pak isto vreme imav 37 tem i varirase do 36.8 a vekje vcera i denes nemam temperatura no imam zatnat nos, ama osekjam barem malku nekoj odredeni mirizbi, i paniki me fakjaat dali e nastinka ili moznost za kovid?