Без нервози и без паника , немора да сте заразени. Јас бев во ист кревет со маж ми се додека не крена температура 39, па се посомневавме дека е вирусот. Матичната исто кажа дека нема шанси да сум негативна.Тој е позитивен ,а јас и синот сме негативни. Се тестиравме после 7 дена .
Дали некој искуси како боцкање од иглички, пецкање во пределот на градите и грбот? И јас и мајка ми тоа го имаме, на моменти е многу повеќе истакнато на моменти го нема. И дали некој бил симптоматски и го поминал вирусот без лекови? Вчера правев крвна слика, д димерите и црп-то се нормални, а седиментацијата, лимфоцитите и тромбоцитите ми се многу покачени. Матичната ми рече само аспирин 100 да пијам и витамини
Istite simptomi gi imase i braruceda mi so toa sto ona imase i bolki vo gradite nisto ne piese samo paracetamol i vitamini.. Jas da te prasam kade pravese krvna slika, kako odi provedurata se najavuvas nekade deka odis da pravis?
Minatiot vikend bev omalaksan temp 37.5/4 potoa se bese ok do sreda koga mi se pojavi suva kaslica, otidov na maticen napraviv kr na slika rezultato ekstra za merak da go gledas crp=7.10. Maticnio mi vika tebe ke te vodam za pozitiven (osven kaslica drugo ne mi e nisto imam miris vkus,nemam temp). Mu kazuvam da se testiram i mi pokazuva moj termin ne otvara blokiran, mu spomnuvam za tie brzi testovi pocna da se smee i mi kazuva ostaj ti politika edno se govore drugo se praa. Mi dade Herbion sirup, vitamini i vika odmaraj 1 nedela. I sega jas neznam kako da se racunam pozitiven negativen sredno.
Дома дојдоа да не боцнат, матичната на мајка ми договорила, а инаку мислам дека ако одиш таму да те боцнат треба во полиција да се најави. Инаку епидемиолог уште не нема исконтактирано за да пријавиме контакти или за решение за изолација. Вчера едвај ги доби мајка ми и и рекоа требало на ред да дојдеме за да се јавеле. Значи некои други што се во ваква ситуација може да излегуваат слободно дур да им се јават, иако се позитивни. Хаос е се.
Сестра ми е позитивна и она без лекови се лечи, само витамини. Првите 2 дена беше полошо, кашлица и болка по цело тело, кожата, главата страшно ја болеше, цела плуќа и грб ја болеше боцкаше. Веќе и е 5ти ден од симптомите, подобро е. Температура имаше само 2 дена и толку.. Ке видиме понатака, ваљда ке оди само на подобро.
Значи не е Ковид. Ако гледаме вака, 100% од дневно тестираните се позитивни оти кивале. Без паника. Немање вкус и мирис не е симптом само и само за Ковид, туку и за обична настинка понекогаш. Други симптоми има или не?
Dali mozite da mi kazite posle kolku vreme se vrajka mirisiot i vkusot na tie sto bile pozz bas e vaka grdo nisto da ne custvuvas ..jas imav dva dena temperatura i eve od vcera nemam
Mila kolku sho procitav i ti si bremena i jas sum. Isto izgubiv vkus i miris pred 3 dena i bash me interesira nekoj da spodeli kolku vreme go drzelo. Nekade procitav nedela do dve a mozno i poveke
@Mince1988 @Maya12 индивидуално е, може и подолго да е, а може и до недела-две. Кај мажот ми за 6 дена се врати, кај колегата за 4-5 дена.
Биотек, Авицена, Синлаб и многу други имаат домашна посета. Јавете се на телефон и прашајте како е, ги има на нет, на фб секаде. Ви посакувам побрзо оздравување.
@Maya12 @Mince1988 на интернет читав за луѓе што во август биле позитивни и сеуште немаат мирис и вкус
Ние дома сите 4 сме позитивни и сите имаме и вкус и мирис .Мене ми е 11 ден јас сум добра немам некој симптоми имав само ден ипол температура тоа и ми беше прв симптом .Кај мене се се поврза околу носот кивав затнат ,ми течеше прозирен секрет ,затоа мислеше матичната е настинка .Се лекував со витамини ,вчера на 10 ден и покрај одлична лабараторија,д димери мирни ми вклучија панцеф поради повремено стегање во градите ,осеќам и болка во кичмата од време на време .Маж ми еден ден малаксаност и темп 37.3 имаше се лекува со витамини само.Свекрва ми е со кашлица цело време пие сумамед ,панцеф и витамини.Свекор ми со продуктивна повремена кашлица и понекогаш е малаксан од вчера пие сумамед ,а да сите пиеме аспирин протект ,а јас и маж ми пиеме и серапептазе .
Ако се само тие симптоми веројатно е ковид, се почесто слушам за лажно негативни, другар на маж со сите симптоми негативен значи тестот правен за време на симптоми не порано и сега правеше тест за антитела има и тоа добра количина. Татко на другарка 2 пати негативен, со симптоми и наод на плуќа а цела фамилија позитивни.
А има некој позитивен да излегол на тест од Авицена? Зашто државно секој како оди, позитивен излегува.. Или случајно е тоа во наши и искуства на пријатели.
Овие лажно негативни што ги зборам на државно и на жан се. За авицена што излегле позитивни, јас знам неколку луѓе, ако не се лажам и по 500 тестови прават. Ако се мислиш за малата, децата си фаќаат све и свашта за нив се нормални разни вируси и настинки, мислам тестот и е валиден,ние возрасните во оваа ситуација треба да се изолираме при симптоми па макар и имало негативен тест.