Мажот ми имаше висока температура два дена до 39.5 од корона, а немаше други симптоми, освен изгубен мирис и вкус. Не мора да значи дека не се качува висока, зависи од организмот.
Добро, во секоја болест има исклучоци, но во принцип, така стои и во истражувањата засега што ги има, дека не се качува многу висока температура
Короната предизвикува висока тт. Прв индикатор на кирона е висока тт. Јас два дена бев со 37.5 а третиот ден имав 38.7. Така да ако не ви се смалува тт повеќе од два дена обратете се кај матичен лекар. Вирусот е многу распространет и секој надворешен контакт е ризик за инфекција. Јас сум денес 10 ден позитивна и фала му на Бога се чувствувам многу добро. Чувајте се луѓе.
Имав болка во грло еден ден и растечен нос,ми беше добро 2 денс,потоа кренав тт 37.5 и болка во мускули,болката ја снема но тт кревам на 4-5 сати нецели 37.6 и многу ми се лоши,ми се гади и исто имам дијареја,нема термини за тестирање но незнам дали се симптомиве на корона сите различно поминале некој со слични симптоми?
Не мора да значи дека ако немаш покачена тт не си позитивен на Ковид. Единствен сигурен показател е целосно губење на чувство за мирис и вкус.
И јас изгубив мирис, само два дена ми траеше а друг симптом немав. Не се тестирав, се тргнав, отидов во самоизолација. Немаше потреба од тест кога веќе знаев дека ако изгубам мирис сигурно е корона.
Дали на некоја и се случило да има повеќе од 10 дена температура? Јас веќе 2 недели како имам некоја тт која варира до максимум 37,6.Не знам дали има простор за паника или не.
Нокеска ми вриеше главата,пиев парацет. и кафетин, изглеа дека од што подкачив 37со6, освен блага болка и послаб апетит, што у принцип е тоа комбинација заедно на тој степен тем.,друго немам..
А и се препотив ноќеска, ко утепана сум, ма да имав сила,малку излегов на саат,ми требаше воздух, сеа па у кревет со кебиште
А мене ме интересира кога позитивен на корона е најзаразлив односно кога најмногу го пренесува вирусот ? И после контакт со заразен кога почнуваат првите симптоми да се јавуваат во случај да ни го пренеле вирусот
Кај мене свекорот и свекрвата имаа симптоми кашлица и покачена температура на државно нема тремини дури за после една недела и се тестираа во систина испаднаа и двајцата позитивни на вирусот првите три дена беа тешки а оти маж ми ги носеше на лекар цело време на тестирање иако беше со маска пак се тестиравме ние двајца јас испаднав негативна ама бев изолирана од нив уште од првите симтоми а матичниот доктор кажа дека вирусот највеке се фака кога заболениот носителот на вирусот има има температура и затоа он се фана од нив ама он нема никакви симптоми ... затоа глесајте да не бидете дехидрирани многу чај вода сок и витамин ц од 1000 мг тоа е за превенција за да не те фане вирусот
Неколку дена пред појава на симптоми и 5-6 дена после симптоми. А за пренесување, зависи, кај сите различно.
Што пиете за болки во нозете? Не за мене.. Сестра ми денес многу ја болеле нозете, како воспаление на мускулите..
Истово го осеќав и ја, не можев ниедна погодна положба да си најдам у кревет. Нека се напие Блок Макс.
Јас пишав и погоре, мм дури и му се закочуваа и здрвуваа. Магнезиум и краен случај кога веќе ептен имаше болки, вентор. Се разбира, во консултација со лекар.
Не ја разбрав, земала нешто на Н мислам за болка и магнезиум. @JuLleE кај..? Кога не смее да излегува..
Јас немав таков проблем и за среќа Д- димерите скоро и да не ми беа покачени, а цел живот се мачам сп болки во нозе и ишијас Голема среќа што поминав лесно.