Епидемиологот на мм му рече ефридол да пие, за тт и за болките. Од парацетамол не му поминуваше. Тие се парацетамол+ кафетин.
Има во Скопје, Биотек, Синелаб. И мене ме болеа, едвај стоев. Кичма, препони и нозе. Чудна болка. После уште еднаш пак ја имав болката, откако ми заврши изолацијата и толку. Провреив одма д димери, беа покачени, ама после месец пак истата болка, проверив и имав грешни резултати во таа лабараторија. И не знам дали беа и тогаш покачени. Ама знам нозе болат и од тоа.
Да, сега прочитав на нив, не знам зошто мислев дека таква комбинација се, имам измешано со нешто. Битно му помина од нив.
Јас денеска сум за никаде. Затнат нос, болка во нозете и раците, и цело тело, едвај одам, многу сум малаксана. Се надевам до утре ќе ми помине, не сум имала контакт со заболен
Јас веќе 10 дена сум со таа температура. Направив брз тест и испаднав негативна, ама не знам колку е точен.
Може. Ќе се јави во полиција дека ќе оди во лаб. Матичната ќе и закаже. Само и во приватна лаб. се закажува. Има начин матичните знаат Или нека викне дома да и земат крв.
Пред 3 недели имав температура 38 многу јаки болки во цело тело, болки и лошење во желудник, изгубив апетит а осет за мирис и вкус имав. То траеше два дена и после бев топ. Еве сега трет ден денес пак кревам температура до 37, болки во мускули немам, немам трески, некашлам, вкус осеќам ама осетот за мирис ми е намален. Кафе, парфем, доместос, лимон ги осеќам али не како порано. Кога дишам ме болат носалките и челото. Мака со синуси сум немал. Чим се напијам парацетамол и одма за 20мин паѓа температурата на 36.
Луѓе сношти мислев дека ќе умрам крај, кога почнав да си плачам, секој зглоб ме болеше, носот ми беше Затнат, неможев буквално од кревет да станам, апсолутно со никој немаме контакт, освен со родителите на мм, психа ми беше оклучена на најјако. Денеска сум подобра, нема шанси да е корона.
Луѓе џабе пишувате симптоми. Буквално кај 2ца нема скроз исти симтоми. И ретко кој ги има сите симптоми. Некој повраќа прво, некој кашла, некој има диареа, некој 37.5, некој 39, некој има треска без температура, некој само јаки главоболки и болки во тело. Некој болка во грло, некој замаглена глава (како да не може да мисли правилно). Некој има од се по малку. Некој само е малаксан два три дена и толку. Некој има ЦРП 50 без др симптоми, некој со сите симптоми ЦРП 3. Буквално до толку е све отидено у к* и симптоми и вирус. Пазете се и тоа е што е. 80% од нас ќе го поминеме на нога. Внимавајте на дишење и ако мислите дека ви фали воздух барајте помош. Не сум ич религиозна, ама Господ на помош.
Јас немав никакви симптоми, а еве 20 дена поминаа, не знам дали да испитам нешто сега ко ќе ни заврши изолацијата. Колегата на мм го пуштија на рендген, уште има некоја минимално покачена температура еднаш во денот.
Плус не бидете толку сигурни дека не сте биле во контакт со заразен. И јас мислев дека не сум била па испаднав позитивна.
Јас проверував и за себе и за дете. Маж не сакаше. Нему крвна слика, и мене исто. Со ензими, црп, плус јас д димери. Направете една комплетна кс.