Здраво. Вие што сте биле поз на ковид, и сте изгубиле вкус и мирис како ви беше постепено го губевте или? Јас сум болна 3 дена немам температура , затната сум и ми течи носот, и болки по телото. Пијам буквално се од витамини. Ама со чувството за вкус нешто не ми е како што треба.Онака осеќам вкус и осет кисело,благо,луто ама некои работи како бледо онака, не знам да објаснам чудно.
Јас имав контакт со позитивен,после 5 дена се тестирав негативен тест а после 11 ден наеднаш изгубив мирис целосно и вкус баш како што објасни сеќавам благо солено кисело благо но со чудно чувство на храната не знам како да објаснан блуткаво.. мене ми се затна носот и ем ми беше затнат ем ми течеше и наеднаш се случи,станав сабајле и не сеќавав.Еве веќе 5 ден па не знам до кога ќе трае
Еее баш така ми е со вкусот, и не памтам дали некогаш ми било вака исто.Знам дека ко сум била болна сум немала вкус , ама овојпат е чудно некако. Сакам да се тестирам ама нема термини, и што треба да направам прво да се јавам кај матичната? Јас немам можност за во приватна да се тестирам. Сега веќе ме фати паника огрооомна. Кај баба ми која е со мозочен и дедо ми со канцер влегував и сега се плашам премногу.
Јави се кај матичната и кажи и дека изгуби вкусни мирис бидејќи е ова сигурен симптом за ковид,ако немаш можност за на приватно може ќе најдеш на државно за брзите тестови.Како и да е,веднаш јави и де на матичната.Други симптоми имаш
Само благи болки во зглобови, и зборувам назално а сепак немам затнат нос не знам како да објаснам , и ми тече носот по малку.
Плус да кажам дека пред 4 дена пиев многу ладна лимонада со мраз со цел памет , и бев слабо облечена и истиот ден ми се случи да се тресам и да ме боли грлото.
Vo petokot vo dvor mi dojde komsika, so maska bese na distanca, potoa ja izvadi maska ama pak stoese na distanca. Denes mi se javi deka e pozitivina. Ima li sansi da me zarazila?
Абе луѓе, една кивавица сега ќе ни алудира на Ковид. Немојте да паничите под бр.1, еве цело време се кажуваат, се пишуваат симптоми, следете и колку можете изолирајте се од луѓе. Вирусот е насекаде, тоа е факт, ама дека секое солзење на очоо, кивање и сл е Ковид, не мора да значи. И најважно, сите имаме матични, кои сигурно имаат далеку повеќе знаење отколку да прашаме на форум. Обавезна консултација со лекар за се.
Денес се тестирала и веднаш резултати дали знаела дека ќе се тестира и ти дошла во двор ? Може и да не те заразила .
Мн мали. Мене сестра ми не ме зарази, ниту никој друг со кој беше во контакт. А бев во контакт ден пред да избие она симптоми.
Сестра ми сирота секој можен симптом го помина на коронава. Од кашлање, болки на тело и кожа, воспаление на мускулите, главоболка, температура, вкус и мирис не осеќа и денес и е 7ми ден и пак еднаш дигна темп, ама почна да има пролив и да повраќа, од се и се гади.. И многу ме плаши, нормално ли е сето ова? Сеуште има и болки низ тело, по нозе највеќе. Диимери не испита, матичната не ја праќа, се надевам дека и се ок. 25г е иначе она.
Гледам дека тука има доста што имаат/имале корона. Може да ми кажете што пиете од витамини и суплементи? Сопругот има и бронхо-пневмонија во зачеток, дали освен антибиотик земавте и нешто друго плус за тоа?
Луќе ово шо ми се дешавс е стрсшно држи држи не се додржува татко ми ми го задржаја оденаш се влоши состојбата и сега е на кислородна подршка ..Леле умирам од страв свекорми го изгубивме дали требаше и татко ми а јас трудница и башка и двете фамили сме позз сс Амо мајка ми се држи ..само Госпо да ни е напомош
VIT C so prolongirano dejstvo D3 Mg + B6 Maticen mlec Oligosel Антибиотик не пијам , нема потреба за вирус.Тој се дава за секундарна бактериска инфекција кај ковид.
Пробиотик од утре ќе вклучиме, другово го пие, само вит ц ќе појачаме. Пробиотик Линекс имам моментално, може тој?
Со помин да е Тежок период не чека сите, и јас имам и по мм и од моја страна во фамилија заразени од денес и хоспитализирани, се надевам ќе го надминат ова сите без компликации..
Може. По две нека пие . Таман е. 1000 е стандард доза. 2000 кога организмот се бори и му треба дополнителна подршка.