Дали симптоми се лутење на носот како да ми се кива цело време и главоболка ама кај слепоочниците кај очите и зборувам како да ми е затнат носот, ама јас си дишам нормално .. Немам температура, треска, кашлица
Имам температура над 37, омалаксаност. Денес правев крвна слика, ЦРП <2,5, леукоцитите малку ми се снижени. Матичната рече резултатите се добри. Не знам дали да се тестирам или не....
Тестирај се, исти резултати имам јас, црп 3,70, а леукоцити на долна граница. Позитивна сум. Ако си во можност тестирај се, ако не консултација секој ден со матичниот, да ви препорача витамини.
Tаа температура ја имав само некаде 20тина мин. Сега немам. Не знам дали е за паника, утре ќе се слушнам со матичната..
Да. Значи од симптоми имам 4 дена веќе благо покачена температура,најмногу одеше до 37,5, еден ден болки во грло, еден ден главоболка,болка во очите, некое чудно чувство во нозете и рацете, како да ми треперат, веројатно од страв, блага болка во бубрезите, сув нос и еве од вчера намален осет за мирис, не скроз ама намален ми е. Вкус имам. Ти благодарам многу. Нека поминува само кај сите и со лесно.
Од сабајлево немам ни вкус. Ако има некој што е позитивен и паничар како мене нека ми пише лп, да се тешиме, ме фаќа страв мене.
Нема што да ти е страв. Самоизолирај се, пиј си витамини и тоа е. Не мисли на умирачки одма. Јас бев пред неколку позитивна со слични симптоми. Ништо страшно не е, не се грижи.
Дали симптомите може да бидат поинакви? Синоќта по полноќ едвај можев да одам до wc, течна столица, омалаксаност и болки до кај седум часот утрово. Засега имам вкус, мирис, но не ми е сеедно. Матичната не ми потврди дали е стомачен вирус, само да ја известам ако до понеделник не се средам.. Температура имав пред некој ден, но не ја мерев..
Дијареата е една од симптомите, омалаксаноста и болките исто. Следи ја состојбата деновиве. Не сакам да те плашам но брат ми ги имаше тие симптоми. Течната столица му се појави нешто подоцна. Се надевам дека сепак е само стомачен вирус. Со лесно.
Девојки, имам прашање. Мајка ми е позитивна на ковид (со прв симптом на 2 ноември, а позитивен тест на 6 ноември). Се чувствува добро, нема покачена температура, освен првиот ден итоа блага, до 37.5. Меѓутоа има во минатото откачен тромб од глава, и ме копка да направиме анализа на крв и д-димери, за да сме мирни. Ме интересира како може да пристапи до тие испитувања, лице со ковид? ( бидејќи е повозрасна и одредија изолација до 26, што е скоро месец од прв симптом, ми е страв до тогаш да чекаме) Благодарам