Не сум вработена. Матичната ми рече да немам контакти со др во куќата барем 2 недели за секој случај. Освен со сопругот и детето.
И сестра ми е исто, сите симптоми ги има и ја држи веќе со денови. Ништо не јаде, од се и се гади и повраќа. А нема ни што да поврати веќе. Ја лечи матичната само со витамини и пробиотик
Мене ме лечеа со две дози сумамед и панцеф. Подобрување никакво. Трета недела почна од кога сум веќе така. Исто морам и јас да се вратам на работа. Нека го прати кај специјалист. Препорака од постари доктори е да не се труе организмот со антибиотик и дека кај таквите повторно се повторува болеста, за разлика од тие кои примаат витамини и парацетамол. Доколку нема воспаление не го препорачуваат.
испив и јас 6 сумамеда, освен дијареа шо имав никакво подобрување , исто кашлам пак како првиот ден али добро е само кашлам други симптоми немам
@mariz Не плаши се, тие се симптомите, јас бев исто, без антибиотик и тоа Еве и по 20 дена се опоравуваме сеуште. 10 дена вирусот си го ,,шета,, цел организам и си бара слаби точки. Премногу стресно си го прифатив и на крај тоа беше резултатот. Зарем не прават во лаборатории Ковид пакети? Јас платив 850 ден проверив плус од обична к.с , сед. црп. д- димери, и уште еден параметар ама го заборавив. П.С Ако ти треба уште дополнително инфо пиши на Инста.
Во изолација сме од 2 ноември со мајка ми, јас од 5ти имам симптоми. Е сега прашање ми е дали кога ќе истечат 20-те дена од изолација треба да одам пак да се тестирам па да чекам негативен резултат за да излезам или едноставно после 20 дена сме слободни да излеземе? Решение за изолација уште немаме, ќе оздравиме веќе. Бев цела недела без антибиотици само на аспирин 100 и ми се влоши ептен, една вечер не можев да дишам ич ме боцкаа мн градите, кашлање.. После тоа почнаа многу проблеми со синусите, постојано имам јаки главоболки, зрел секрет од носот. Сега сум на антибиотици зинат пијам и ми дадоа за имунитет изопринозин да пијам. Апетит немам ич па ми даде матичната и шумливи таблети електролити алвоген о.р.с. и пијам со сила голтка по голтка само да не завршам на инфузија, зошто во болнициве е хаос. Мирис наеднаш изгубивме, вкус веќе се враќа. Мајка ми е веќе доста подобра од мене, она пред мене беше заразена па се надевам и јас ќе сум подобро за брзо. Вчера и денес спиев по 15-16 саати, утепана сум неам сила да се избањам. Пазете се луѓе гадничко е стварно, ме боли душа за сите луѓе што починаа.
@sweet-cherry нема повторно правење тест, треба да поминат тие денови и после тоа се чека да се исфрли програмата кај матичниот лекар како оздравена. Мм наредниот ден го исфрли од ко заврши изолацијата, му се јавија дека се води како оздравен и дека е слободен да излегува. А за тие што се во изолација поради контакт со заразен, 14 дена од решението ко ќе поминат се слободни, ако биле без симптоми во тој период.
Утре 10ти ден ми е . Осетот за вкус и мирис постепено се враќа , други симптоми немам. Јас кога смеам да излезам ? Секако со маска пак. Од сите различни податоци добив, и не знам кој да слушам.
Не е за тука прашањето но зашто темата за корона вирусот во Македонија не е отворена за реплицирање. Имам над 40 страни за читање, а немам време во моментов па ако знае некој да ми одговори?
Јас сега како и секој ден рутински си измерив температура и ми е 37,4 малку се исплашив ама не осеќам апсолутно ништо, ниту се осеќам како да имам тт, а и реално од дома не сум излегла освен со моите ама они прележаа,не знам дали е за сеќирање. Од многу топла просторија тт може да се качи?
Да, секако дека можи од премногу затоплена просторија. Нема место за паника. Јас така летото паничев, цел ден на сонце и после жештини, мерев температура,над 37. Излегував на балкон и по некоја минута мерев, спаднала. Оди во поладна просторија и измери за да си раат.
Се надевам, ќе одам ќе се истуширам со млака вода ќе се разладам, ама и ми текна сега дека за 3 дена треба да добијам, а јас си имам секогаш "грип" пред добивање така да може и тоа е. Фала
Ќе пробам да споделам искуство со сопругот најкратко што можам. На 8 октомври шефот кај него на работа испаѓа позитивен. Сопругот предходно секој ден контакт со него на работа по 8 саати. Штом дознавме дека е позитивен среќа што имаме повеќе простории во куќава, тој веднаш се изолира. Доби инструкции од работа се додека не појави симптиоми да оди на работа и од матичниот лекар исто. 9 октомври губи само мирис. Вкус има. Се прскаше со парфеми и мирисаше лакови, а јас бидејќи сум бремена парфемот го осеќав низ цела куќа, тој ништо. На 11 качува блага температура неколку дена најмногу до 38,2 и пиеше парацетамол. Му спаѓаше ама пак му се враќаше. Температурата ја снема за 4-5 дена. Во меѓувреме, фирмата каде што работи не сака да плати тест, а матичниот му закажува термин за тестирање на 24 октомври бидејќи порано нема термин. Матичниот не му дава никаква терапија само да пие течности. Бидејќи сум бремена исто така јас се консултирав со мојата матична и добив одговор просториите каде што поминува (до тоалет) цело време отворени, да се проветруваат, во тоалет најмалаку 1 саат после него да не влегувам и прво да направам дезинфекција пред да влезам , приборот што ќе јаде и пие прво да се дезинфицира па после да се мие и доколку немам симптоми да не се тестирам. Сама на своја рака купив витамин Д, Ц и цинк и сопругот тоа го пиеше. Додека имаше температура имаше и минимална болка во градите и минимално поткашлуваше.Мирисот му се враќа околу 17-18 октомври и веќе немаше болки во градите и не кашлаше. Вкус имаше цело време. На 24 го прави тестот испаѓа негативен. На 26 се врати на работа. На 31 октомври отидовме направи тест за антитела и на тој тест испадна позитивен што значи дека го прележал вирусот. За среќа јас немав никакви симптоми и не ме зарази. Кој знае уште колку случаи има како сопругот мој што се позитивни, нема термин за тестирање, касно се тестираат и испаѓаат негативни. Јас мислам дека во нашава држава има двојно повеќе позитивни отколку што ги објавуваат дневно.
Фала ти, добра е веќе, се опорави скроз Сега умор има, ама вака како што кажуваат сите што поминале корона.. исто се чувствувале, најверојатно изнемоштен организмот..
Дали некој имал и симптом нервоза како склет низ цело тело?некни имав во нозеве денес од сон се разбудив како склет нервоза низ цело тело да имам,неможам да лежам дури
Здраво, во кој случај се хоспитализираат пациенти на инфективна? Татко ми беше негативен нп во меѓувреме качи темп еве 6ти ден до 38.5 денес го пратија на инф. За испитувања. Нема др сим освен темп мислите има простор за паника?