Кај нас и малата беше позитивна, само 1 ден помина со температура и 1 дијареа. Супер поминуваат малите. Консултирај се дали може да даваш ц вит, за друго мислам дека е мало твоето.И ако цица давај по често.
Најпрво со лесно и со помин. Немој да се плашиш, докажано е дека децата или ме се заразуваат или поминуваат со многу лесни симптоми, Аспазија пред некој ден многу убавк објаснувања даде на Сител. Јас дома сум 24/7 со дете,кое е залепено буквално за мене и сите негови потреби јас ги извршувам. Освен што успеавме да го ,,дистанцираме,, гушкањето, фаќањето за раче додека заспива и бакнувањето со мама и тато, се' друго си се одвиваше нормално. Доколку е мало бебе, мој совет, при близок контакт носи маска. И не паничи, ќе биде се во ред.
Јас сум позитивна, со симптоми веќе 7 дена, сопругот денес се тестираше но нема никакви симптоми. Ќерка ми 2 години е цело време со нас, 3 дена со температура која варираше од 37.2 до 38.5 и беше омалаксана. Од вчера веќе е подобро, нема температура. Матичната ми рече нема потреба од тест, дека сигурно е позитивна ама дека 3-4дена е максимално боледувањето на нејзина возраст.
Кај мене од 37.5 до 39 одеше првиот ден. Следни денови до 38.5, имав големо воспаление на грлото и крајниците.
Ви благодарам на одговорите. А превентивно се дава ли нешто? Матичната ми пиша едно сирупче ама рече ако нема симптом да не го давам. Дефендил мислам е сирупчето...
Леле јас како да се гушам цел ден ,дали од мислата незнам,аман ќе пукнам,да имав барем апаратче за мерење на кислород во крвта да ми поминеше мислата
Стресот многу лошо влијае на здравјето, уште полошо ќе си направиш @Sesil малите не префаќаат или минуваат лесно и ние сме со корона случај во семејството и со бебе па фала му на бога помина и сите сме добри
Мајка ми работи со Ковид пациенти и има симптоми од пред некој ден. Главоболка, треска, течење на носот, шлајм, изгуби апетит... Нема температура. Обично има низок притисок, а сабајлево ѝ се крена до 210 Сега е нормален. Мереше и сатурација сега, ме загрижи, 90 сатурација, 92 пулс. Матичната не ѝ препиша некоја посебна терапија, освен витамини и минерали. Не ја закажа за тест, немало термин. Утре ќе оди за крвна слика да провери. Колешки од нејзината служба се тестираа, утре чекаат резултати. Не знам што да преземам во случајот Плус јас сум со алергиска астма ама фала на Господ, засега немам симптоми...освен малку исплашена
37.3 е нормална температура која може да ја имаме при пешачење, трчање, седење во просторија со температура над 24 степени. Не грижи се воопшто. Не е страшна таа температура.
Секоја општа ординација би требало да има. Помини при крај на работно време во некоја во близина-секој ќе ти измери.