И овде морам да прашам. Мајка ми неколку денови со симптоми. Не може да се тестира затоа што немала официјален контакт со заболен. Првиот ден имала температура, од вториот ден навака е многу малаксана, е еве денес изгубила апетит. Одвреме навреме ја стресува. Нејзината матична е позитивна, не работи, се јавила на друг доктор кој освен витамини не и рекол друго нешто да пие. Не знаеме што да правиме, од витамини само нема да се подобри, некакви апчиња да побараме од аптека?
Како се справувате со изгубениот мирис и вкус...?Во смисла_на моменти како паника ме фаќа како да се гушам и тешко мие дека не осеќам ништо..Иако се трудам да не мислам ама идат такви мигови кои ми се страшни..
Премногу паничиш, само полошо си правиш, меме баш ми е по интересно без мирис и вкус, можам се и сешто да јадам сеа и сигде да се пикам
Луѓе епидемиолози идат уште у посета? Полицијата проверува? Никој нема дојдено ни решение за изолација има стигнато...
Инаку полиција одамна не иде, може сега со кризнава ќе почнат, исто и со решенијата се хаос, епидемиолози не ни знам дека некад иделе...
Да супер сме. Само мм е тестиран асимптоматски е. Јас и детето не. Во четвртокот имал последен контакт со позитивен колега исто и колегата асимптоматски. Кога најкасно може да развие симптоми по контакт?
После колку време отежнува дишењето? Јас кашлам цела недела но еве вчера и денес помалце, се намалува кашлицата.
До 14 дена, а најчесто околу петтиот ден се јавуваат симптоми. Полиција по помалите градови уште врши контрола кај тие со решение за изолација, Скопје можеби не можат да постигнат. Решение читам сите викаат пуштале на вибер.
Убаво ви рекол докторот. Витамини. Вирус се пребродува со сопствен имунитет, не со апчиња. Течности, одмор, витамини и пратете ситуација.
Дали на некој му се случило да е позитивен повеќе од месец и пол од појава на симптоми? После месец и пол (повеќе од 40 дена) од појава на првите симптоми и првиот позитивен тест, направив нов PCR и повторно излезе позитивен. Дополнително направив серолошки тест и ги имам 2-те антитела, IgG=1,40 и IgM=1,37.
Мои пријатели беа 60 дена позитивни, без симптоми. Добро е што IgG веќе е поголемо од IgM, веројатно веќе IgG (ќе) се зголемува, а IgM (ќе) се намалува. 99% сум сигурен дека веќе си негативна.
Со сума мед какво искуство имате,мене ми препиша матичната вчера се напив едно ама цела вечер ми беше лошо,и кажав денеска ми даде и зипантола за желудник,ми рече мора да ги испијаш