Можно е ама и немора да значи.. почекај па ќе видиш дали ќе имаш и други симптоми. Не сакам да те плашам ама еден братучед така грлото го болеше се тестира позитивен после и мирис изгуби.... ама немора да е секогаш корона.. и мене ме болело еден ден другиот ден ништо не ми беше...
сакам да ве прашам, има ли некој информација како ја прележуваат короната тие со проблеми со вените, варикоза? читав на руски дека таму многу имаат проблем, дека им ги ампутираат нозете..им се создаваат тромбови - како е кај нас? татко ми и јас двајцата сме со проблематични нозе потечени вени.. немаме ковид ама теоретски ме интересира
Мајка ми има варикозни вени, имаше чувство како да и горат и ја мачкавме и масиравме со алкохол, по препорака на матичната, и фала му на Бога не се искомплицира ништо.
Два дена ме болеше ама веќе не. А и пред еден месец бев настината. Кашлав со шлајм, кивавица имав премногу и немав тт. Се плашам малце а може и да ја имам прележано. Дали ако испитам крв ќе покаже дали имам или не?
фала Богу. фала ти тоа звучи уверувачки ќе знам за ова со алкохолот, има и маст хепарин.. а аспирин и препишаа? мислам некои профилктики така ако се превземат белки ќе е добро
Според мене, исклучувајќи ги асимптоматските, многу добро може да го препознаете овој вирус. 90% од заразените губат мирис и/или вкус. И тоа е сосема различно кога сме настинати па затнат нос и немаме осет. Овде носот е потолно чист и продорен, на моменти и лути од воздухот што го вдишуваме, ама осет за мирис немаме. И тоа не е исто, буквално ништо не се осеќа. Мене освен непријатно, ми беше дури и застрашувачко и поради тоа што не осеќав ништо и не јадев. Мислам дека од помош би дошле вакви искуства овој период, кога напоредно виреат и грип и настинка и ковид.
a jac уште едно прашање, не и ставаа клексани? и мереја д-димери? во кои случаеви го прават тоа знае некој? и како оди ако не си на болница?
Не и ставаја клексани, да и мереја д-димери два пати, на денот на тестирањето и по една недела од тестирањето.
Битола нема термини за PCR. Серолошки можи во Плодност и ПЗУ др. Костурски. Охрид и Ресен, не знам како е со термини.
Мирис и вкус се губи и при обичен грип или настинка.. Барем јас имам такво искуство од порано и некои луѓе со кои сум дискутирал на оваа тема.
Од претходното искуство на губење мирис и вкус при грип и настинка и ова Ковид искуство, само напоменав дека не е воопшто исто. Мене ми беше навистина грдо тоа чувство.
Точно,и јас досега сум немала вакво искуство со мирисот како досега,вкус имав ама мирис тапа,да не можиш Доместос да помирисаш и да не ти смета при чистење такво нешто во животот не ми се случило,така да од грип и ковид губење осет за мирис не е воопшто исто,барем не замене