Не не извини може по грешка тебе сум те тагнала не знам која беше што се зафркаваше. Одговорот е за неа. Иначе нормално тука никој никого не советува по две или по десет или па што да пие, муабетот е само заразените колку и што пијат
Сигурна си? Или вики сите не лаже цел живот? Пијте никој не ви брани,вие сте одговорни за вашиот организам.
Не е тој муабетот. Муабетот беше за @magnolija09 по колку да пие витамин Ц. И нејзините симптоми укажуваат на низок притисок,а не за ковид.
Мене цел живот ми е 80 - 60 па пак немам ковид. Нема врска тоа, времето е никакво, променливо, ти влијае и веројатно е тоа. Не трипајте веднаш по секоја главоболка или кашлање.
Мајка ми цел живот пие витамин ц 1000 па фала богу жива и здрава е 4.2 Дозирање и начин на употреба Деца: Препорачана доза е 1-2 таблети на ден (50 mg-100 mg). За тераписки цели може да се употребуваат и повисоки дози, до 300 mg на ден. Возрасни: Препорачана доза е 1-2 таблети на ден (500 mg-1000 mg). Да се надополнам мајка ми е здравствен работник
Сигурна сум. Дома имам витамин ц од 1000 мг на кој пишува една таблета дневно и витамин ц 500 мг на кој пишува две таблети дневно. Не знам која е Вики. Ќе се најде некој доктор да не просветли до вечер.
Да, имав мал здравствен проблем. Зошто? Инаку вообичаено не пијам воопшто витамини во форма на таблети, природно внесувам нормални дози преку исхраната. Која е таа што се зафркавала на темата? Јас се зафркавам со бувачката зашто ко и обично реплицира без да разбере, кавги си бара. Инаку сериозно и дадов совет на членката, ништо нема да и биде ако неколку дена внесува по 1000 мг Витамин Ц.
Ретко е предозирање од витамин Ц и тоа над 2000 мг може да се јави дијареа. 1000 мг е нормална доза за возрасен човек.
Дрскотија левел 99. Ти викам пиј 20, не 20, 200 пиј. Ќе воскреснеш. Очигледно не разбираш дека секој е различен и не е ист ко тебе па да му советуваш да пие колку што пиеш ти. Инаку никот убаво ми го пишува ама и тоа е тешко да го разбереш.
1000 грама дневно не е воопшто голема доза витамин Ц, што ви е луѓе, мене матичната ми вика деца пијат по 500, возрасни по 1000 како многу
Википедија не е веродостоен извор. Има сигурни страни, фармацевтски. Таму ви е сигурно. Инаку хипервитаминоза со вит. Ц може да се јави ако секојдневно се клукаш по цели ленти.
Тие шо се асимптоматски носители на вирусов, нели немаат никаков симптом, изолација 14 дена се со ред... Е сега прашањево ми е, сега знам од човек до човек различно е, но дали подоцна во тие 14 дена појавуваат симптоми некакви?
Препорачана доза вит.Ц за возрасни зависи од индикација, (најчесто 500мг дневно).Хипервитаминоза настанува многу ретко бидејќи е хидросолубилен витамин, вишокот се излачува преку урина. Прекумерено користење може да доведе до гастроинтестинални проблеми и создавање бубрежни камења, затоа не треба да се пие многу долго. Едит:Фармацевт сум
За жал сеуште нема докази дека било кој лек или суплемент може да не заштити, освен социјална дистанца и мерки за хигиена, но се смета дека вит. Ц може да го намали интензитетот и времетраењето на инфекциски заболувања бидејќи има улога во имунолошкиот одговор.