да се надоврзам, апсолутно така беше и кај мене. не ми сметаше ни јака хемикалија за дезинфекција, инаку и кромид кога дробев се утепував од мрсолавење а сега со ковидот воопшто не го чувствував. многу чудно губење на чувство за мирис, скроз поразлично од настинка каде всушност чувството отапува ама сепак не е исто како ковид.. а за чудо имав осет за вкус, можев да разликувам благо од солено, исто така и луто..
Денес ми е 15 ден откако сум во изолација и 5 ден каде што ми е вратено сетилото за вкус и мирис да речам 80%. 4 ден каде што немам температура. Пред недела дена кашлав многу но еве веќе и кашлицата се намали но сепак уште поткашлувам, болки во гради немам а дишењето ми е лесно немам проблем. Денес се слушнав со докторката и ја прашав дали е потребно да се прави проверка на ддимери и вели дека нема потреба чим сум подобар и да продолжам да ги пијам витамините. Сега незнам дали да барам да се прави проверка на анти тела или не.
Добро само јас ли има мака од сумамедов,ме отепаа апчињава,ми се лоши,желудник ме боли,и зипантола пијам и пробиотик и пак исто,уште две има за пиење утре ќе и се јавам на докторката да ја прашам дали да ги допивам,неможам да ги поднесам
@MissBreezy кај мажот ми не се симнуваше со парацетамол, се јавивме кај епидемиологот од инфективно кај нас и ни рече ефридол да пие. Ноќта од ко се напи се препоти неколку пати и не крена другиот ден повеќе. Прашајте матичен ама прво. @tasikike исто беше и кај мм, тој мислеше и дека градите го стегаат ама таму го болеше на средина кај желудникот. Мислам дека ако почна не смее да се прекинат.
која е веројатноста да се заразиш при контакт во затворено 15 мин, болниот со маска, јас со 2 маски ( Н95 и хируршка врз неа) ?
Повраќаше?мене и диареја ме фати денес,имам уште две за пиење утре ќе и ѕвонам да ја прашам,ептен ми е лошо сега се трудев да повратам ама неможев а ме тера на повраќање и така и мене тешко кај градите ми е
Ковид-19 и сезонски грип - сличности и превенција Слични симптоми кај Ковид-19 и сезонски грип Коронавирусот и сезонскиот грип се респираторни болести, што значи дека двете можат да предизвикаат сериозно оштетување на белите дробови. Разбирливо е дека голем дел од нивните симптоми се слични: - Температура - Кашлица - Болки во мускулите - Замор - Суво грло - Тешко дишење Помеѓу помалку честите симптоми на Ковид-19 се вбројуваат и губењето на сетилата за мирис и вкус, вртоглавица и останато. Постојат интересни наоди за симптомите - сезонскиот грип често започнува брзо и пациентот се жали на повеќе од еден симптом, додека симптомите од коронавирусот се случуваат еден по друг, многу побавно. Ако се сомневате дека сте болни, престанете да излегувате на состаноци. Обидете се да не го загрозувате вашето здравје, како и здравјето на вашите колеги и роднини. Лесна инфекција? Истражувањата се обидуваат да ја пронајдат врската помеѓу инфлуенцата и Ковид-19. Анализите од Кина покажуваат дека пациент со коронавирус заразува во просек околу 2-3 лица, додека пациент заболен од сезонски грип околу 1,272! Затоа, Ковид-19 во моментов се смета за зараза која е поопасна, но мора да се потсетиме дека овој вирус е прилично нов и потребно е уште проучување за да се знаат деталите околу него. Фактот сепак стои дека мора да се чуваме од двете болести и да се грижиме за другите - во случај на појавување на симптоми најдобро е да избегнувате контакт со луѓе и да се заштитите себеси, роднините и пријателите. Ова особено важи за оние кои имаат влошен имунитет или болести како пневмонија, кои би можеле да ги стават во сериозна опасност. Превенција - сличности и разлики Многу е тешко да се заштитите себеси во целост од сезонски грип или коронавирус, но постојат начини со кои можете значително да го намалите ризикот од инфекција. Некои од нив се погодни за заштита од двете зарази: - Контакт од далечина, без допири и блиски средби - Совршена лична хигиена (редовно миење раце, користење на средство за дезинфицирање) - Дополнителна лична заштита (маска, визир) Вакцината против Ковид-19 е сè уште во изработка, но за среќа вакцината против сезонски грип постои уште одамна. Дополнително, таа се подобрува секоја година со ажурирање на формулата за да одговори на сезонските варијации на инфлуенцата. Со примање вакцина против сезонски грип, го намалувате бројот на закани на вашето здравје. На овој начин обезбедувате и пасивна заштита за вашето семејство, ако од некоја причина тие не се вакцинирани. Превенцијата е особено важна за луѓето со хронични болести, постарите роднини и пријатели, како и оние кои имаат послаб имунитет. Извор: Национална програма за подобрување на превенцијата на сезонски грип
Два пати испитани ддимери во Биотек, еднаш на 4ти ден од симптоми 399 и втор пат на 10ти ден од симптоми 308. Денес ми е 16ти ден од симптоми и понекогаш имам благо треперње на нозете ( што не исклучувам да е на психолошка основа ) и температура која варира во вечерните часови само, најмногу 37 со 2, се спушта сама, без парацетамол. Аспирин не пијам поради алергија. Дали сметате дека треба пак да испитам ддимери и кога ?
Devojki edno prasanje..Imam bliska osoba pozitivna na kovid..Pominati se vekje 20 dena no poradi toa sto pokasno se testirase mora se uste da bide vo izolacija..Dali moze da ja posetam.Ne gi pratam bas vestive pa nesum informirana dali e rizik posle 20 dena..Fala
Вирулентноста е намалена бидејќи се пројдени 20 дена. По мое, не оди барем уште некој ден или ако одиш седи со маска. Би ти препорачала да не одиш додека не и заврши изолацијата.
Луѓе , вредноста ма д димерите на свекор е 4000 и покрај терапијата. Чекаме да видиме што ќе кажат докторите. Може нркој да ми каже колку е нормална вредност ?
Ддимерите се нормални до 500 ама треба време со терапија додека се спуштат,чим е покриен со терапија е добро сма ќе треба почесто да се проверуваат.Секако обавезно консултација со доктор трансфузиолог
Без разлика дали си поминала со полесни симптоми или не, провери си за секој случај остави ја матичната, една од компликациите од коронавирус е токму коагулација на крвта и сега се случува многу често што е главна причина за смртност од ковид кај пациентите, знам млади кои поминале со многу лесни симптоми, првериле димери им скокнале на 10000, навистина страшно. Сметам дека секој што има прележано корона треба да провери димери. Ова е многу повисоко од нормалната вредност, сигурно ќе му ја продолжат терапијата.
Исто и кај мене... исто и јас.Еве го моето пстешествие...Јас еве од средата вечер сум со симптоми 18ти ноември...болки во грбот мн.и температура еден ден.19.11.четврток ништо, само мала мигренозна болка.Петок 20.11.Одлично се чуствував со 3 пати одење по надвор нормална столица. Сабота 21.11 се тестирав приватно ок ми беше цел ден и се тестирав тој ден за да речат не е земен убаво и да се повтори пак брисот.Сабота према Недела 22.11 изгорев од темература 38.5 и треска тоа се случуваше преку ноќта.Станав недела се тестирав повторно и неделата полека се стабилизирав но стомакот ме вртеше а немав преку ден температура.Се одмарав, супи јадев и ми стигна тестот негативен.На INFLUENCA грип позитивен. За да вчера 23.11 цел ден НЕМАВ температура но ноќта пон.према вторник т.е.денес цело време имав диареа. И сега НЗС...сиптоми има нема СОVID. ГРЛО ВООПШТО НЕ МЕ БОЛИ НИТИ ПАК КАШЛАМ. САБАЈЛЕ БЕВ КРВНА СЛИКА ДА НАПРАВАМ СО ,,CRP" И ЧЕКАМ РЕЗ.НА ШОЉА.УЖАС...НЕЗНАМ ШТО ДА КАЖАМ