Ти спомнав и погоре. Не се труј со антибиотици за џабе. Вирус не се лечи со антибиотик туку бактерија се лечи со антибиотик. Студентот сум на медицина и нема професор кој не го потенцира истово. Пиј многу течности и витамини и ќе помине.
Ти благодарам 26 години имам, се плашам само да не дојде до гушење, имам проблем со алергии, пушач сум и страв ми е да не ми се влоши состојбата. Сега за сега, не е ок, ама се издржува..
Воопшто немам вкус на цигарите, обично пушам многу, но овие денови по една или две цигари на ден пушам, колку онака ме тера ..
Не се секирај за вкусот и мирисот ќе ти се вратат. Индивуално е тоа, но никој ги нема изгубено трајно. Пробај да не паѓаш психички, мисли позитивно само. Јас додека бев позитивна, цело време си велев настинка ми е ќе помине уште некој ден, и си учев, гледав серии одколку да не мислам цело време на тоа.
И јас сум против антибиотици, не мора да се пијат без потреба. Не ни дава нас матичната така. Ама искрено мајка ми беше навистина лошо, не можеше да мрдне од кревет, од болки во мускулите и коските, до тоалет за рака ај носевме, не јадеше ништо. Мене ми беше тешко да ја гледам така. Преку ноќ падна а не стара или болна нешто. И само витамин и чаеви, не знам колку лимони портокали цитрони цедевме да пие само тоа ја освежуваше. И сами рекоа таков е протоколот, не смееме да даваме антибиотици на вакви симптоми.
Исто и кас како тебе, скроз, и те сфаќам целосно, демес сум подобра станав од кревет ама ова со мирисот и вкусот од такт ме вади, мнпгу е језиво. Иначе на мжнас сите дома денес ни закажаа брзи тестпви во теков на неделава термини најдоа освен за татко ми он морал ПЦР дека срцев болесник, и не му закажаа. Јас сум утре на тестирање, па ќе видиме што ќе испадне, боледување ми отвоеија, па ако сум негативна ќе го џатвореле како самоизолација.
Побрзо оздравување. Симптомите ко што прочитав скоро ко моите ти се. Почна со малаксаност. Мерев температура често, зошто се осеќав ко утепана, ама немав. Имаше 3-4 дена кај што ме болеше се живо. Не можев ни да лежам, ни да стојам, ни да седам. После стандард грлото ме фати, носот течеше, па се затна. И некаде накај 7-8 ден снемав мирис и вкус. Што обично тоа е меѓу првите симптоми. Денес ми е 18ти ден од почеток на симптоми. Значи 10тина дена има од кога снемав мирис и вкус. Мирисот почнува да ми се враќа по малку. Пример, некој ептен да се нашприца со парфем за да осетам нешто.
Јас брзо изгубив вкус и мирис негде трети ден, нема правило ама се надевам побрзо ќе се врати, многу е мачно вака. Јас сега освен болка во мускули, грбот, нозете, друго немам мака. Носот ми е мирен, грлото знае на момент да ме загребе малку, ама ништо страшно. Значи одприлика како што читам тука за 20тина дена поминува ова..
Следи симптоми. Ако има промена јави се на лекар. Тој период со болка во мускули ми беше најлош. Ама пројде за некои 3-4 дена. Потоа гледав на позитивната страна и се наспав на раат. Живот ко панда. Јади и спиј.
Женски ме фати паника,само што дознав за личност дека е позитивна,последен контакт имавме минатиот понеделник, не директен,туку работевме во иста просторија. Се надевам нема да пројавам симптоми денес 7 ден.
Болки во желудник имал некој позитивен, вие или некого кого познавате? Да напонемам дека доколку немаше контакт со позитивен немаше воопшто да се сомневаме, ама...
Јас лично не,но и тие што ги познавам и што биле позитивни не се пожалиле на болки во желудник... тоа е моето искуство
5 ден од контакт денес и' е. Утре ќе се тестира со брз тест, приватно. Скоро сигурен сум дека ќе биде негативна, ама сепак, сè ми е сомнително. Знам, знам дека желудник и од стрес боли, ама баш таа воопшто не е исплашена од вирусот и ситуацијата моментална. Фала на брзиот одговор, со помин на сите и лесно да минува.
Не би требало, ама сепак почекај уште 2- 3 дена и ќе бидеш сигурна. Секако зависи и кога кога контактот пројавил симптоми.
Болки во желудник не. Имаше еден период кај што ми се повраќаше и изгубив апетит. Болки од желудник мене знаат да ми се јават од анксиозноста.
@fana ,@Ahoy незнам,шефицата ни пиша на групата само,детално незнам,но пишаа бидејќи последните 48 часа не сме биле во контакт со неа ,немало потреба од тест а ни од изолација