Здраво едно прашање, дали знаете која е цената на тест џа Корона доколку имате симптоми и упат од матичен?
4 илјади е приватно, а се чека многу ако ти закаже матичен. Зборам по 4-5 дена и уште толку за резултати.
Здраво Дали некоја од вас која била/е/знае некој позитивен почувствувала само некакво пецкање во градите како симптом? Не знам веќе дали е анксиозност или корона, се имам видено покрај домашните само со дечко ми и никој друг... он нема никакви симптоми, ниту некој од дома.
Дали некој може да ми каже за позитивен на Ковид 19, после 14 дена самоизолација дали се чека многу за тестирање и резултатите за двата негативни теста?
Зависи ама најчесто каснат со денови не доаѓаат за брис, исто и за резултати. Јас сум веќе месец ипол во изолација, мора по 100 пати да се јавувам за се. Денес е 4ти ден уште нема резултати
Извини, сакам да те прашам за пренесување на вирусов како си запознаена? Колкави се шансите ако сум била во индиректен контакт со заболен, и колку денови, пред да се јават првите симптоми, можи да се зарази некој друг?
Извини што прашувам, но дали претходно ти правеа контролно тестирање па испадна позитивна или е друг случајот што си веќе месец ипол дома? Мене ми завршува во петок самоизолацијата од 14 дена и ме убедуваа дека се ќе биде навремено со тестирање и резултати.
Нема правило, можеш и да покажеш симптоми по два три дена а може и воопшто да не покажеш. Јас лично да не заминев да се тестирам самоиницијативно и приватно, ќе чекав да покажам симптоми за да ме тестираат од Јавно здравје затоа што они не те тестираат ако немаш симптоми. Јас еве сум веќе 12 дена дома и се чувстувам скроз океј освен што веќе психата ме јаде...
Да првиот контролен беше позитивен, но каснат за се особено сега кога бројката е многу накачена не можат да постигнат
МОже да те тестираат и на државно ако немаш симптоми. Само ти треба конакт со заразен илид а имаш заразен дома. Ние така се тестиравме. Чекавме за тест од 1 до 5 дена, а резулати добивме за еден ден.
Кај мене не беше така ситуацијата, сестра ми иако имаше контакт со мене а јас сум нели позитивна и кажаа ако покаже симптоми тогаш ќе ја тестираат а до тогаш во самоизолација.
Вака во последно време кај повеќете вирусот поминува асимптоматски, така што е речиси невозможно да знаеш кој е заразен и мене така ми се случи. Иначи првите симптоми од 2-7 ден од контактот се јавуваат, а може и воопшто да немаш сиптоми ама да си носител. Е сега вирусот кога станува пренослив тоа никој не го знае, патем и не секој се заразува. Кај нас на пр. Сопругот не фати а со нас јадеше, спиеше нели нормално се.. така да индивидуално е.
За државно во превод, додека ти стигне резултатот- си оздравил. Ама тоа е, немаме капацитет за повеќе.
На контролното тестирање повторно сум позитивна, сега ми стигнаа резултатите. Девојки кажете што да се прави ова више не се издржува, ептен ме уби психички. А верував дека ќе излезам негативна пошо никакви симптоми немам.
Се ќе биде во ред. <3 фокусирај се на дишењето, длабоко и бавно, ми помага при паничните напади мене.
Девојки прашање едно... Дали има прележано некоја корона..?Со кои симптопи? Јас сум многу уплашена сабајле имав тешко дишење бев на болница ми рекоја да се вратам за тест.. додека бев дома немав гајле можев да дишам се вратив сега на болница дали од мисла или незнам од шо имам пак тешко дишење... Има некоја прележано?како било шо било?со тешко дишење како се справивте? А заборавив да кажам... од сабајле јадев палачинка и сок цеден портокал...после тоа ми се слоши и дојдов на болница...