Јас имам купено, некој 1000 денари го земав и ок е...мојата матична користеше исти така да немаш потреба од фрлање пари за овие од аптека кој се движат некаде по 3000-4000 денари.
Ако си позитивен треба изолација 14 или 21 ден? И дали е задолжителен повторно тест или само излегуваш од дома и толку? Како знаеме дека и после тие денови некој не е преносител? Некаде читав дури и во домот каде имало некој позитивен 10 дена да се проветрува ...
Вирусот и симптомите у голем мах се и психички момент. Црни, напумпани хроники се вртат 24 часа по вести и медиуми, па лесно е човек со послаба психа сам на себе да си направи беља. Изолирај се од глупостиве, мислам на медиумите и темите ко оваа, иако ги има едно 10000 на форумов, не знам од кој разлог. Ќе биде све ок.
На 1780 димери, клексани ке треба или?? Многу се изнервирав, матичната на мајка ми и рекла 99 ти се (незнам од кај ги извадила толку), а сега ми ги пушти резз 1.78 mg/l и гледам + до тоа дека покачено, тоа уствари 1780! Шлог ме удри.
Ако си позитивен со симптоми, 20 дена изолација. Ако си позитивен без симптоми - 10 дена изолација. Не е задолжителен повторен тест. После 10 дена од почетокот на симптомите веќе не си инфектибилен (не заразуваш други). Секако доколку целосно ја смениш облеката и се избањаш. 3-4 дена се доволно за вирусот да се деактивира во просторијата во која престојувал заразениот. Нема потреба цело време да е отворен прозор. Вирусот ќе се распадне секако. Процесот може да се убрза со дезинфекција (од заштитено лице или лицето што го прележало вирусот) и секако со UV-C ламба.
Фала Богу што имаат антитела. Поентата на IgG антителата е да останат и тоа што е можно подобро, бидејќи тие ќе го уништат вирусот доколку утре пак го добиеш. Целта на секоја вакцина е да предизвика имун одговор (создавање не тие антитела) преку имитација на вирусот (најчесто распаднат вирус или само RNK од вирусот спакуван во липидна наночестичка). Антителата се нешто добро. Тие се хероите во пандемијава.
Не знам дали ова се критично високи димери. Дали го контактираше матичниот лекар? Ако не, бидејќи е доцна да ѕвониш, за да си бидеш смирена, јави се на итна медицинска помош и кажи им дека ти се толку димерите и што да правиш.
Пие и тоа веќе 10 дена, крвната е пред 3,4 дена правена. Матичната не е нормална значи, многу се напнав. Да не и речев да ми пушти ке си седевме така до понеделник. Во понеделник и имаат закажано компјутер со контраст затоа што има некој наод на плуќа, круг сенка. Не е океј ич. Отидоа иначе итно сега на инфективна во 8ми Септ. Еве ги резз од димерите... Леле многу се изнервирав, како може таков пропуст да направи доктор. Па дури и шема има на резултатите + - и има + кај димерите!
Не ја ни контактираме неа веќе, она од ракав 99 ги извади, да не ми ги пуштеше мене резултатите мајка ми, така ке си седеше со високи димери..
Од твоја страна постапи правилно што се јави, смири се сега, ќе и го средат тоа со димерите. Штом поминале повеќе од 10 дена од првите симптоми, најкритичниот дел го поминала. Да се помолиме сега за здравје и мудрост и добри одлуки на лекарите.
ne znam sto da kazam golem propust , tolku dena da ne primeti, se nadevam ke zavrsi rabota vo 8mi septemvi i ke i prepisat terapija, bez grizi ke pomine, ne se ni nesto premnogu pokaceni, so kleksani ke se simnat za brzo, pisi sto ke napravat
Сега е во најкритичниот... затоа и ме плаши, сеуште е со температура, кашлица, болки по тело, главата ја боли и грб, па и пролив.. Сила нема ич, нонстоп ја тресе, камен раце и нозе ладни. Слабокрвна е иначе, одеднаш и тоа, никогаш не била.. Железо, хемоглобин, мцв мцх се и е доле паднато... Иначе испи зинат, амоксиклав дека и воспаление на уво имаше и грлото партал, сега Сумамед 6 таблети и имаат препишано од инфективна 8ми Септ, до 3тото апче е. Само овие резз и ги немаа видено таму, дека не беа во неа, а матичната и рекла дека и се добри (99 и се е така и рекла, а мајка ми не се разбира и ај океј рекла се). Случајно сега во 11 и викам ај пушти ми ги да видам и што да видам...
Најдобро бидејќи се работи за личност со висок ризик, доколку има има услови лицето се уште да остане изолирано од останатите членови од семејството, во посебна соба и посебна бања која ќе ја користи само тој. Доколку е невозможно користење на посебна бања, потребна е постојана дезинфекција по користење на тоалетот од страна на позитивното лице и секако при било каков контакт (и краткотраен) користење ЛЗП од двете страни и редовно проветрување, се разбира. Во однос на контагиозноста осум дена е мал период, посебно за симптоматски случаи да не се повеќе заразни. Препораките се самоизолација од минимум 10 дена (кај полесни форми) до минимум 20 дена при потешки форми. Моменталниот период во кој се наоѓа вируленцијата е ослабната, но шансите за ширење на вирусот се се уште присутни. За подобро објаснување, позитивно лице може да биде во контакт со други лица доколку: Поминати се 10 дена од првите симптоми Позитивниот нема покачена температура во последните 24ч. (без употреба на антипиретици) Останатите симптоми, како: кашлица, замор, болки во мускули, болки во грло итн. - се подобруваат Не би можела да знам каква клиничка слика пројавил, но доколку се работи за лице кое покажало повеќе симптоми на вирусот, а неговата сопруга е со низа коморбидитети, не треба да биде во контакт со неа се уште. Законски, секако и сопругата на заболениот е со решение во изолација од 14 дена, токму поради тоа што тоа се смета за период дека е можно да дојде до развој на симптоми и кај останатите блиски контакти, иако најчесто истите се пројавуваат многу побрзо. Направен е голем пропуст во делувањето, ДА очекувано е покачување на Д-димерите, но во никој случај не треба да се остави без терапија, посебно доколку е во поголема мера и е придружено со наод на белите дробови, како во вашиот случај. Воедно и кај благо покачување на Д-димерите, вон граници на нормала (во комбинација со позитивен наод на бели дробови) се практикува да се даде профилактична доза на Ксарелто, па се следи понатаму и доколку се јави потреба се преминува на терапирање со Клексан во дози по потреба, но тоа е што е да не навлегувам во одлуките за третманот. Секако ќе ги повторат испитувањата во ковид центарот и ќе се справуваат тие понатаму, се надевам дека се ќе заврши добро. Како се останатите параметри од крвната слика и дали се следи сатурација? Во однос на дијареата, дали земаше пробиотик заедно со антибиотската терапија, бидејќи често е последица од антибиотиците, често и пробиотикот не е доволен и пак се јавува дијареа, но во поблага форма. Би требало да добие инфузиона терапија меѓу останатото, а доколку проценат и болничко згрижување за следење на ситуацијата и континуирани лабораториски контроли не би било на одмет. Те очекуваме со подобри вести, поздрав.
Сигурно ке и направат пак пон. Пон има закажано компјутер со контраст. На докторка таму кога бев јас (без мајка ми) и кажав дека 99 се димерите дека немав резз во мене од тоа, па 99 запиша инфектологот, дури зачудена беше како толку се.. И ете испадна не се толку. И препишаа 0.6 сега вечерва х2 на ден клексани, но сатурација не и мереле. Утре ке и купам апаратче. @feministika железо е ниско (3ка), мцв мцх под граница, црп беше 24 (по испиен зинат и амоксиклав е правена крвната слика). И наод на бели дробови, на едната страна само нешто имаше за кое не се сигурни што, па затоа бараат компјутер. Иначе обавезно пие пробиотик, сега и Сумамед пие препишан од инфективна... Пие електролити, од вчера бар има и апетит колку толку. И премногу се поти, ова е симптом веќе 3 дена вака.. жива вода е. Температура сеуште качува и сеуште ја тресе пред да качи, камен ладни раце нозе.
Еве кај нас сопругот е позитивен веќе 1 недела, имаше температура до 37.5 околу 4 дена со тоа што сама се намалуваше, од кога го тестираа го изгуби мирисот и тоа е тоа, веќе е добар нема ниту температура и му се враќа мирисот. Дома сме со бебе 7 месеци, не се изолиравме од него, малата само 1 ден ми качи температура 38 и пројде сама од себе. Мене фала Богу ништо не ми е, поминати се 10 дена од првиот симптом. Пиеме двајцата само витамини. Сите вака лесно да го поминат вирусов
Фала што не мислиш... Кашла многу лошо и често, пак и се ладни нозете изгледа пак ке качува темп... Клексани ке одиме сега да бараме низ аптеки, 0.6 по два пати треба да прима, некоја замена треба да најдеме зашто клексани од 0.2 и 0.4 постоело само па да не се боцка 4 пати така.