Фала ти на советите, ретко кој вака да се посвети да објасни Вчера беше подобра, денеска ке одат на контрола и снимање во 8ми Септ. Пие иначе и чај од ловоров, прави и инхалации. Мислам дека најлошото помина!
Немам мирис и вкус 10 дена веќе, но денеска осеќам многу чуден мирис во носот, некако гаден, не знам како да го опишам. Му се случило ли ова на некој?
D dimerite se 834 a treba 500 da bidam preporacano e da se pija samo aspirin 100. Dali ima mesto za panika??? I saturacijata e 94
Да на мене. Јас не ни изгубив мирис и вкус а го имав тој гаден мирис во носот. Како да е скапан внатре
Леле многу е гадно значиии... Ја се молам секој ден да ми се врати мирисот и уште ова ми фалеше сеа...
Мене не ми беше гаден, туку имав чувство како да седам во зачадена просторија од цигари и од дрва, а дома не се пуши и сме на парно Кратко после тоа ми се врати мирисот во слаба форма - осеќав само јаки мириси што лично ми беше премија и после некој ден целосно.
Јас само еден парфем можам да осетам, не знам зошто баш само тој, друго ништо и нема абер да ми се врати 11 ден после колку денови ти се врати? Знам дека кај сите е различно, ама си се тешам...
Ме буни Igm дали значи дека воопшто не сум прележала или само не сум развила и во себе веќе го немам вирусот. Затоа што ги имам сите можни последици и симптоми...
Ајде полека. Објасни ми кога почувстува први симптоми? Дали имаш позититвен резултат на pcr? Кога го направи овој тест за антитела?
Првпат качив температура на 29.10.2020, со тоа што недела претходно имав дијареа, сува кашлица и стегање во гради како да имам камен. Потоа од 29 кога качив температура две недели константно имав 37.5,4,3,2 по цел ден постојано. Исто имав главоболки, болки во тело, зборев назално но носот ми беше сув и прооден и исто очите ме печеа и си ги чувствував суви. Направив и брз тест на 8ми ден од симптом со образложение дека е лажно негативен. На 15ти ден направив ПЦР исто негативен со образложение дека вирусот веќе го немам и затоа тестот е негативен. Потоа продолжува температурата но не секој ден, а се движи до 37.4, кашлица сува и сето што го набројав претходно а го имам до ден денес. По 17 дена направив ртг ми кажаа дека има минимално незначајно воспаление. Од лековите што ги набројав во претходниот пост (две дози сумамед, панцеф и инекции) испримав и декортин и трицеф. Минатат недела имав четири дена температура за ред, сношти исто. Болки во гради и грб имам, некогаш чувствувам дека не можам да земам добро воздух, тахикардија(хормонот е во ред), некогаш сум како збунета и губам концентрација заборавам во моментот што сум сакала да кажам. Кога зборувам мн се заморувам и зборувам како со прекин. Испитав и антитела за бактерија, немам. Навистина не ми е јасно. Освен да сум го имала вирусот, а да не сум развила антитела или да станува збор за нешто друго, ама не знаат да ми кажат што е. Крвната слика ми е добра. Тестот го направив денес.
Симптомите ти се типични. За лажно негативните тестови, се сложувам дека можно е да биле такви, со оглед на тоа што тестот најрелевантни резултати дава до 7 дена пред или после симптоми. После седмиот ден од симптоми, количината на вирусот се намалува, а со тоа и способноста на тестовите да го детектираат вирусот. Зборувам за ПЦР и брзите тестови. Сепак, ако тие биле лажно негативни, а вирусот бил во организмот, IgG антитела сега ќе имаше.
А вкус и мирис изгуби? Не заборавајте дека постојат и други вируси и грипови, ако не е корона може е нешто друго. Јас Септ бев болна доста, не беше корона. Може да бил друг вирус, може да било грип. Ја снимаа денес мајка ми со контраст, резз за 7 работни денови. Ова што ја снимаа е изгледа сосема неповрзано со коронава. Таа на инфективна рече дека одамна не пуштила некој од таму на компјутер и денес 4 часа окапаа мајка ми и сестра ми за снимањето. Тотален хаос е таму. Бар е подобро, терапија клексани 7 дена да прима и рекле, па на контрола.
Навистина ми е многу жал што подолг период имаш симптоми Но! Според ова што го пиша ти може навистина немаш корона, може во прашање е сосема друг вирус или сезонски грип. Лажно позитивен pcr може да е можен, ама лажно позитивен/негативен за антитела е речиси невозможно. Ти си негативна. Не може да нема антитела. Јас само мирис и вкус изгубив, а имам антитела. Има испитување во Скопје во Биотек ланораторија за да се разграничи дали станува збор за корона или сезонски грип. 3000 денари е, ако имаш можност направи го со оглед на тоа што велиш дека имаш уште симптоми. Ти посакувам брзо закрепнување