1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми of being a сељак :)

Дискусија во 'Насмевка' започната од BoaVista, 20 ноември 2010.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Тренерки и обетки алки :puke:
    Една братучетка на маж ми носеше вака (ми се идеше да ја мавнам од ѕид два-триста пати.
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Вчера у тинекс пазари една, тренерка, и шминка 300 кила, очите со светки, пудра 5 пати потемна, менѓуши кругови огромни, косата замрсена плава изгорена и собрана во штипка.. и секако неизбежното сјајче за уста кое преминало малку и на бркчето што штрчеше 8)
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    56.705
    Пол:
    Женски
    Ќе го цитирам мислењево од СДК, типов само за овде е :rofl:

     
    На M.laDy и babygirl им се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Сако од овие елегантините со стартка :puke: и сатенска блуза под сакото.. а сакото само по себе беше толку прекрасно да ти е жал во таква комбинација да го гледаш... аман бе девојче боље балетанки да облечеше!
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    за машко:

    -косата залижана на патец, неизмиени зуби, некоја брадичка само околу устата, очила за сонце, мастика жвака со отворена уста.
    -провидна рамбовка пикнена во фармерките, каиш на бетерии на кои светка зборот SEXY како реклама, каубојки, или шпицести кондури со кал 2 тона.
    -пуши цигари родео во кутија од давидофф, и пие исклучиво џони вокер или џек дениелс (има пари да го плати бидејки цела недела јаде леб и сол за преку викенд да се ку*чи)
    -зборува со висок тон, понекогаш си го мести алармот да му ѕвони демек го бара некој и зборува исклучиво за бизнис.
    -има стара кола која му е опремена со звучници и прашање на време е кога ке се распадне.
    -ги користи изразите.: Јао каква пизда брат, јеботе, дај едно еКспресо кукло,
    -има куче како пит бул, вучјак, или боксер.
    -оди на билдење и не испушта прилика да не ја дигне мишката и да покаже некој мускул, без да знае дека така само шири реа од пот.
    -јаде кромид и лук пред излегување и како да не е доволно тоа па и за да ти каже нешто се приближува поблиско за да го осетиш мирисот на ефтин пазарски парфем.
    -има телефон кој едно време бил скап, и лаже дека го купил кога бил 30 000 а всушност му е купен на старо за 3 000.
    -плука по улица, има долг нокт на малиот прст за да си го буши увото или носот, а може и газот или јајцата тоа не знам...
    -кога е во дискотека, со една пијачка ја поминува цела вечер и кога ке си оде дома пишува на фејсбук статус "леле колку сум се напил чоече... џони вокер е страшна ствар"
    -на фејсбук има слики од неговата кола, од него во колата, од него во теретана, од него со џони вокер, од него со некој заводлив поглед а само ние женските си знаеме колку е заводлив... :fubar:

    за женско:

    -сенка за очи по можност сина како небото, ставена на целото око до вегата. Има "шарки" на очите кои ги нарекува мачкасти очи, црвен кармин на сред бел ден, косата неизмиена цел живот со 25 шноли на неа, наисфарбана едно 6 месеци, долги црвени обетки и ланец, ноктите се хоуммејд француски маникир со црно од под ноктите, или некоја боја која делува ефтино како на пример златна.
    -носи маичка која сама си ја направила од стара маичка, сукна минич до пич демек ке ја сликаат папараци, каиш црвен ставен на пола газ, тренерка зимна.
    -дизајнирани хулахопки мрежасти и штикли без флекници со кал.
    -пудрата и се познава каде е ставена каде не, поточно има остра линија помегу лицето и вратот.
    -кога се слика и кога не се слика поточно во секоја прилика нејзе устата и е напрчена :* --->нешто слично
    -кога оди се фрцка ама џабе и е, ако некој се заврти по неа тоа е од друга причина не бидејки е многу убава и скоцкана

    и двата типа ги имам на факултет колеги... оу мај гад...
     
    На Valerin и sadangel им се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Тпот оди по улица со раширени раменици и раце демек е многу голем и развиен, кога влегува некаде се врти во профил за да помине демек не го собира низ врата :lol:
    Пред да искочи од дома се дува пред огледало и цел ден не го испушта здивот :D иф ју ноу ват ај мин :D
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  7. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Имав заборавено на ова ама читајќи ја темава ми текна. Пред некој викенд седиме со другарките на маса и едни „батки“ застанаа до нас, и нормално дојдеде конобар ги послужи. Се враќа конобаров со кока-кола во раце и му ја подава на типов а тој гледам навлезе нешто во расправија со конобаров. И го гледам се враќа конобаров на шанк изнервиран со кока-колата во раце изнервиран, и сега ние се чудиме не можеме да разбереме што е работава што се случува и го гледаме конобаров се враќа со чаша кока кола во рацете, тоа било маката типот не сакал кока-кола во ШИШЕ туку во ЧАША. :o
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    :D Типот гарант е од Виница. Се најдов јас таму пред некој месец и му порачувам на келнерот кока кола и ми вели: во чаша или шише? :^) и се чудам јас тука што може да е работава, му велам во шише ама донеси ми и чаша.....и после другарката што всушност е од таму и кај неа отидов ми кажува дека кока кола во шише нели мало 0.3 е 50денари, а ако ти донесат во чаша (ја турале од оние пластика 2л) е 20 денари :D
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    боже господе мизерија па уште да одиш таму да порачаш будала или глуп ќе те напрат :o
    свашта
     
  10. Tedy.Bear

    Tedy.Bear Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    ваквите ги има од сите возрасти...ама најтрагично е за деца 13-14 год. ко мислат фраери се притоа земајќи пример од повозрасните од нив! Конкретен пример песни од типот МИЛИОНЕРЧЕ, долина на волците,и сл турбо фолк верзии ужас..
    Кај отиде младинава!! :/
     
  11. sparklie

    sparklie Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    255
    Пред некое време бев на родителска со татко ми. Седнавме кај што беа 2 споени клупи, и чекаме да почне родителската. После 15 мин од почнувањето, дојде чичкото на еден другар и седна на нашата клупа.Имаше залижана фризура на која се познаваа забци од чешелот.Класната си збори, овој си праи муабет со тој до него, абер си нема.После тоа таман заќуте почна во тишината да штрака со пенкалото, неколку жени му дадоа wtf поглед ама не бе џабе :D Ај престана и со пенкалото и како за крај му заѕвони телефонот со рингтонот од ДОЛИНА НА ВОЛЦИТЕ. :rofl:
     
    На karenin, zhap4e и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    11.442
    Пол:
    Женски
    Сеуште смета дека нивните т.н. фрази за освојување на девојка се одлични.
    Најтазе пример:
    Денес си одам на вежби и покрај клиникана за радиологија еден ми вика: Девојко имаш извод од матичната книга на родените? Му викам:- Имам дома :^) (си викам ај човеков болен нешто мака си има)
    А овој на тоа: А лична карта? Му викам да.
    И он на тоа: Епа ај да одиме во матично да се венчаме, јас не сум женет. |(
    Останав :o . Без коментар. Го погледнав и го одминав
     
    На INSIDIOUS, stilas7, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    ^^ Јас ке му ја акнев една со лева. :nod:

    Ама... не знам дали ние сме чудни или што се случува...
    Ако си го гледала The Notebook, ептен симпатично и романтично ни изгледаше првата средба на двајцата главни, како и да се викаа. Тој така и пристапи, како што мене некој ако ми пристапи - јас би го треснала од земја. Или 192 би му викнала. А ваму ја молевме неа да се согласи да биде со него.
    Чудесија. :wasntme:
    И рече нешто во стилот - ке ми бидеш жена, па Јана да е мајка.
    :wasntme:

    Ко твојов.
    Може и судбина ти е. :lol:
     
    На MandyLane и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    :D
    Ова погоре ме потсети на моето доста интересно искуство со типичен сељак.

    Се дешаваше во МекДонладс, јас мртва гладна, замислете, си стојам да нарачам. Кога до мене застанува типов во бела рамбовка со издефинирана груда од вежбање и позлатен чкарт ланец околу врат. Кретенов ми клекнува на колена и збори со некој “Господ знае каков акцент“ и единствено што разбрав е како судбината сакала да јас и он сме заедно, да ме венчал, со злато ќе ме кител.
    Како што клечеше, идеална положба, го замавав со послужавникот по глава и онака ноншалантно си излегов.

    Ако било судбина со него да бидам, ви ветувам дека ќе рипнам млада невеста од Камени мост.
    Скраја да е.
    (смајли што се крсти)
     
    На Buttterfly, FortuneTeller.xD, Strumfeta93 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    56.705
    Пол:
    Женски
    Се сетив и јас на една слична ситуација.
    Пред неколку години се чекавме со друштвото и јас стигнав порано, па чекав некои 5-10 минути, а еден што физички целосно одговара на описот на сељак ме гледа гледа, и по некое време доаѓа и ми вели: "Ех, да беше моја, никогаш немаше да чекаш." :rofl:

    Можеби наместо "Мрш бре!" требаше да речам - твоја сум :rofl:
     
    На Buttterfly, FortuneTeller.xD, Theodora и 5 други им се допаѓа ова.
  16. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    моментално не ми текнува на некое мое искуство со некоја ваква особа ако ми текне ќе напишам :)
     
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Замислете разбрав дека има еден тип што си живее во уверување дека ќе му дојдела на врата идната му невеста со зборовите-
    „Јас сум вистинската„
    „Таму е спалната„ ќе и речел тој и таа ќе си легнела, :D :D :D .

    Мој си е, имам бек ап план сега му го знам идентитетот иако не сум го видела :geek: , ама сигурно знам дека не останувам стара мома па му ги знам волшебните зборови :D :D :D .

    Инаку денес на работа еден ми вели „На здравје кафе„
    „Фала„ велам јас.
    „А 2 кафиња пиеш?„
    Инаку имав сварено и за колешка ми ја очекував да дојде и се згазив од смеење, после се сетив како не му реков „Пијам средно, ама веќе го испив, :D „.
     
    На lolyta777 и Phyramide им се допаѓа ова.
  18. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    од пред 2мин.

    Он ја има најдобрата врата во секој локал и од се срце го чекаат да заигра на тоа подот.
    на вратата го молат да влезе да им остави некој денар зашто ако не е он, ќе пропаднат пола дискотеки. :geek: |(
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Пие пијачка која кошта 90 ден. и дава на келнерката 100 и чека 10 ден. кусур, притоа урла како луд ако нема ситно да му врати :lol:
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Одев сабајлето до продавница пред зграда да купам чај против стомачни маки... и така јас со маките си одам, со главата надоле, и со тренерка бесна домашна, исфлекана до каде што може и не може... и само слушам глас - ш ш, сакаш да се фатиме?
    Ја кревам главата, гледам едно човече џуџесто, старо-младо не би знаела да определам.
    Подзинав малце :o и во склоп со маката своја му одговорив - Да се фатиш во полојната!
    :fubar: :fubar: :fubar:
    Ова на струшки дијалект, инаку значи - да ти се вкочани половината. :wasntme:

    Сељаче џуџесто. Фатено. |( :wasntme:
     
    На Elennaa, INSIDIOUS, Theodora и 5 други им се допаѓа ова.