жив пример: на еден другар на татко му на именден иде еден сељак..и татко му као нормално, домаќин: -Шо ке пиеш? И овај вика: Heineken, ја само то пијам пиво оригинал.И добро му го носи, после пола саат гледа празна чашата и пак го прашува: -Уше едно?И овој вика може.Ко, иде у кујната и го зима празното шише демек да не пречи на масата и отвара скопско, жрррр у празното хајнекен шише и му го носи.И сељакот пие 2-3 голтки и : -Еее ова е пиво а не ке пијам јас крали марко, даб од 30 денари. Превземено
Чекај, ќе се сетам на некое машко, што ги нема овие карактеристики... ... чекај уште малку... ќе ми текне бе... само уште малку да подразмислам...
штета кимче што никако да се чукнат во глава. И се повеќе се множат Еве од мојата генерација машките се восхитуваат и сакаат да бидат такви кога ке пораснат. И уште најлошо се фалат дека некој такви им биле познати, па дури и роднини
Од овие постариве, веќе што се во 30-ти, секое седнување на маса им почнува со Ќја коа бев у војска шо сум праел“ - фала богу, освен војска друго не му се случило А сега ја укинаа, штета
Ситуација имагинарна. Местоположба исто, да речеме едно од кафулињата во Скопје. Тип, еден од толпата. Доаѓа, седнува и веднаш се труди да импресионира. Онака, бај д уеј нели. Не дека сака да се експонира, туку ете така да спомне нешто за да истакне дел од своето многу јако и многу фраерско битие. Фрази кои одат во пакет. „Пеер, ќе пиеме ли сега виски? Не заебаај, нема да пијам пиво ко сељак!“ Превод: Имам пари, да не си мислат овие дека сум некој лузер. „Маче многу добра пијачка си избрала, уствари мене ова ми е омилена пијачка. Тука шупациве ич не ја пијат, али јас ја поштуем уште кога бев во далечната хиљаду некоја во едно диско во Чикаго. Кааако сум си поминал“ Превод:знаеш јас сум еден обичен дечко од соседството, ама со искуства. Додуше чистев вециња и бришев прав ама бев во Америка бе еееј алоо! „Леле ама ме жуљаат клучевиве од кола, чекај да ги извадам на маса. А и телефонот ми смета. Еј! Види мајката, некој ме барал. Дајте ми еден ден да одморам од ова цуриве што ме смараат, аман веќе.“ Превод: да не мисли сега дека јас сум дошол сам па немам никого во животов. Сите се тепаат бе да се во мое друштво еј! „Срце ти реков дека многу добра пијачка пиеш? И многу добро ти стои. Може да пробам, да се напијам? Аууу колку е добра еј, ама пошто јас мојата ја испив, сега ќе треба да ме частиш една на шанк, а што викаш?“ Превод: не знам и не ме интересира. Собирам парталите и си заминувам. Инспирирана од реални случки, во реално време, на реално место и со реални луѓе. Е Блажо, Блажо, да беа сите како тебе, со задоволство ќе бирав сељак на годината. Па и книги ќе листав со тебе во билокое време, пред билокоја штала. Најсериозно. Понекогаш изметот од кравите и овците е вистински Армани во однос на тоа колку смрди заостанатото, никакво и жално ЈАС на класичниот типичен сељак во душа. Па бил тој сељак од Долно Дупени или од Водно. Сеедно.
Боа виста алал да ти е за темава! Mе изнасмеа! Да дополнам Ако е помала возраст непрекинато збори за колата на татко му (бмв,ауди,форд мустанг и компанија) инаку шверц комерц од соседната ни Бугарија,како таа коштала 50-60-70 илјади евра (вистинската цена е без тие нулите едно 5-6 илјади ем на старо) се прима дека он ќе бирка пи*иња по град а уствари премија му е ако ја брмчи у гаража Иде у теретана и фб профилот му е преполн со слики по боксерици у стилот иам јако тело,арно ама у теретана мозокот не расте У школо се фали колку кеца имал и неоправдани (знаејќи го фактот дека будучност му е лопата) Се прима на песната Џек и чивас од Елитни одреди зошто Кристијан Глубович го пее рефренот Упатува грди зборови до девојките во друштвото нели пошто он е Муж! итн итн
Е јас тврдам дека машките уште во фаза на ран пубертет почнуваат да манифстираат некои од овие симптоми, и не заради друго, тука заради мафијашките филмчиња што ги гледаат. Ете на пример српскиот Ране. Што им требаше на А1 пак да го пуштат?! Значи машките додека се мали, под убедување од постарите “фраери„ во нивното школо, ги пуштаат сите тие филмови, нарочито српски. Толку се под импресии што почнуваат да замислуваат свет во кој се тие фраери ако пцујат, драпаат девојки за г*з, гласно се фалат за новите телефони, носат златни ланци, пуштаат гласно музика во кола итн. Секојдневно се среќавам со овој тип на сељачишта!!
Можам да кажам дека машките сеуште имаат мозок како на 4-одд.(има исклучоци) -И не го заборавајте правење на Beat Box.^^
Леле колку само се изнасмеав додека читав.Баш сте успеале да ја доловите сликата за сељак ама она баш сељак во вистинска смисла на зборот.Јас едноставно сум алергична на такво сељачко понашање..... се ежам од умислените „мафијаши„
сељаци ми се они повозрасните кој имаат дома жени а ти доаѓаат и ти се фалат колку легнале вечерта, како цела вечер пиеле во кафана (матичната) , колку се они фраери и вртат се живо и диво за барање работа они ги познаваат сите само на нив обратете им се мислам ми се гади од вакви типови и правењето фраерлук од нивна страна
чека од девојката да му плати пијалок, се жали за својата финанскиска состојба а кога сака да заведува други он е најголемиот богаташ кој успеал месецов да заштеди едвај 100 ден. ако ја части дотичната тоа се 100 % позајмени пари од најдобриот другар . пцуе по девојката кога е лут, или жената сеедно не дај боше и удира ! обожава да излегува сам, да мерка други девојки кои ги голта со поглед, и им приоѓа со глупи фрази .... кога вози кола, потпевнува истовремено. на фејсбук обавезно има измонтирано слики од девојки од фејс ин хол како гледаат во него, неговиот лик на билборди.. теретаната им е на прво место
леле девојки вие сте закон ме пресмеавте како ми бешр зафркнат денот ова ми дојде како лек оф боже незнам дали некоја надополна дека носат во џебот по 3 4 телефони сите извадени на маса а во ниеден нема сршена пара
А уште поголема иронија е тоа што ги гледаш по улици или кафиЌи они самите невработени џаболебарат уствари сигурно така тераат бизнис
леле тоа со билбордите кај секое машко на прфил ги има,и тоа со очила јаки сликани во природа,или потпрени кола и мажот ми носи златни ланци,ама за срека,нема симптоми на сељак
Се регистрира на женски форум и става слика (сам се сликал со апаратот) со надеж (уствари не со надеж, сигурен е!) дека веднаш ќе му се залепат женски
Хахах темава ме насмеа Мислам дека во првиот пост на BoaVista e кажано се,незнам што повеќе би додала.. Kako и да e такви машки и такво понашање ми е крајноо антипатичноо и ми се лоши од таквите луѓе.Гледам да стојам на дистанца од такви и ако се во моја близина-следи тотална игнорација!