- Темно моливче околу уста а посветло карминче. - Мрсна коса, па и машна акнала на неа - подникнати пазуви (онака буцкави) а главна е во кафиќ со српки песни
И уште нешто - СЕЉАКОТ секогаш оди во пар да ЛОВИ ДЕВОЈКИ со неговата, додуша, посрамежлива половина, момак кој потпаѓа лесно под влијание, помал е во години, знае како изгледа женски полов орган ( видел на телевизија), цицки знае како изгледаат пошто ја буља комшиката ( а за комшиката знае пошто другаров сељак од уста не ја вади - како би и го, како би ја е..л), мисли дека се вози во кола со најјачиот фраер у маало ( не е тој крив, така му има кажано другарот сељак ). Ако му речеш иди у пич.. матер - најсреќен е бидејки тој му е прв муабет со девојка ( сите претходни разговори им биле преку МИРЦАЊЕ ), па се врти кон малиот другар сељак и му вика - Е оваа ме сака, за оваа ти зборев -. Обавезно грицкаат сончоглед и вртат кругови кај нив у населба, во краен случај пеш, бидејки прегреал моторот на југото. Така другар му помалиот станува потенцијален сељак, со стремеж и желба таков да остане. И потоа речете дека глобалното затоплување е лошо, има и полоши работи!!!1
Ова е за двата типа: тип 1 маж сељак тип 2 жена сељанка, не знам дали спаѓа во оваа тема, ама да си ја олеснам душава па ќе си кажам! Се средиле како - така за во град, за во кафич или дискотека, и се погодува баш од сите агли на дискотеката баш да поминеш од кај нив, поминуваш и си викаш убава вечер, топ си поминувам, и одеднаш те удира една реа, арома на запотена мишка која вода не видела ( и 2та типа само ја конзумираат за пиење), со примеси од бондаж парфем од 100 ден плус облеката ако по 2 пат или 3пат ја облекле, па ајде си викаш да не ги осудуваш предвреме луѓето, па застануваш се помирисуваш ти, и му се заблагодаруваш на Господ што НИВЕА СПРЕЈ постои, па место да уживаш во музиката и атмосферата, еден саат си викаш па добро де мајку му стара, овие ни Вардар не ги оперува, при таа вода, на овој 21 век земаш 160 ден купуваш НИвеа, се бањаш ( што подолго тоа подобро ), и нормално не можеш да поуживаш во вечерта бидејќи миризбата ти влегла во нос!!!! П.С.Овие случаи се поекстремни летно време
Типични селски типчиња, мој клас, косата со вода крената нагоре и ми вади парфем шприца насекаде и у фазон: -Да ти шприцнам малце од мојов st8?. Особено најбитно ќе прдне и ќе шприцне а притоа ќе раскаже на сите дека испуштил гасови и нема срам за тоа. Фрчат коментарчиња: Абе не е нешо јака пи*ка, можам да ја е*ам секој ден. Ај мори да доста да не ти го... Не ми се фурај ма, да те е*ам у уста. Е и да не заборавам, најомилена фраза им е: ти ќе им кажеш -што? -К*р на решо, пи*ка на пежо! Ахх колку смао сакаат да го кажат ова.. аххахаха ГРЕОТКА Инаку девојки ме изнасмеавте
Мисли дека е Полат Алемдар ( веројатно така се спелува) со ефтина платична наочара од кај бугарите и кичеста полиестер маичка со циркони од истиомениот "бутик". п.с ја начекав текстот во добро позната турбо фолк песМа цитирам : "ти си сречо прави мушкарац , погледом сваку скидаш , само тесне мајице носиш , ти сречо сам на себе откидаш "
Ако правиш со таков сељак муабет,обавезно ќе ти каже имал и стан и куќа,и смрди смрди и смрди.....додека женските со некои кондурки шпиц,од тие свилените хулахопки месо боја што светкаат,минич и деколте тоа стегнати градите кренати,и некоја маичка со врзување околу врат со гол грб,се несто светкаво со монистра , или корсет па прслукот малку да зирка,фризурата мрсна па си ја навиткала и нормално смрди целата....
Леле ова ме потсети на една ситуација летово. Бев во банка и си чекав ред како и сите нормани луѓе за да си ставам пари на сметка. И истовремено влегуваат двајца постари типци накај 35-40 Со тренерки ,а горе маички тесни тесни ти се чини ке пукнат секој момент на нив и секако стандардниот златен ланац , изваден да сија!!! И се качуваат по скали (фаците се они, си одат преку ред) и прашуваа колку пари максимум може да се пренесат преку граница во кеш . И наместо да прашаат тивко , како што секој нормален човек би прашал , тие викаат ли викаат цела банка да ги слушне. И на крај кога им кажаа одредена сума (5000 евра беше ако не се лажам) коментарот им беше Ехх што е тоа па сега 5000 евра??? Е како не... па малце е тоа.. ахх ништо од бизнисот И си заминаа, а јас останав со отворена уста и си викам господе боже што уште нема да слушнам.
мрсна косата а пуштена како демек долга коса имам мрсна во лицето со пудра од 50денари цела свети како со масло потурена во муцката со циклама карамин еден тон ставено се разбира тиролка обична истегната истегната надолу како демек фустан а тоа проѕирно леле мори мајко хулахопка месо боја со 100по100на ликра да свети бе долу сандаклка или некое кич чевле телефонот го држи на уво и прави фаци како демек некој фраер ја бара а уствари со никој не збора леле мори мајко свашта
Кога ќе си речам сељак одма во глава ми тип со избелено фармерче така малце искинати напред,кошула со ШПИЦ краѓна и нормално завратена во ракавите,пикната во фармерки со некое ''fency''каишче од битпазар со тока D&G,златен ланец обавезно и не цела коса во боцки туку само шишките напред А за девојка се знае ги гледам секој викенд по градов хулахопка светкава,минич до под гас,маичка НА ВРАТ црна и бел помодрен прслук ѕирка од позади,мејк ап поарно да не спомнувам (око исенчано шпиц до слепочница) и најтрагично мисли дека е најубава на цел свет сите машки во нејзе гледаат а другите девојки ''сељанки''ја оговарат....
Имам една професорица селанка, последен пат кога ни дојде на час беше нашминкана со сина боја до веЖдите и под очите со дебела линија . Црвен кармин на устата и на забите обавезно не промашува. Џоа кловн, не забавуваат глупчо и тупчо, само што тупчо и го немаше.
Класика сељанка видов вчера, хеланки бели накај проѕирни, кратка маичка, каиш на хеланките, кожна јакна, цвикери огромни не и се гледаше фацата, ама битно устата напрчена со 3 кила сјај, и главата во облаци - мисли дека е Парис Хилтон!
Да додадам, мисли дека никој нема да ја забележи разликата, а уствари е неписмена и не сфаќа дека е погрешно напишано.
Мори Алисо ме засрами, имам паричник LV. Една ваква од глава до пети во т.н. Louis Vuitton имаме низ Скопјево наше. Додуша не е само она, неколку се, него оваа посебна ми е така. Јас морам да додадам црн корен, руса коса. Преса или евентуално изгорени влакна, мислиш ќе дојде крава од село слама да си јаде. И ондак тука ти следува mAcU6, sRc, BeJbIiI, ZL@TN@, а не ја ни знае цурата на која и се обраќа.
Задолжително одат разбацано и гледаат строго напред и не ги забележуваат другите околу нив, зашто, нели, тие се „јаките батиња“, погледот им е натопорен, опасен како на бик во период на парење, ги фрлаат рацете една ваму една онаму и се клатаат де лево де десно; кога влегуваат некаде, влегуваат прво со едната страна од телото, па ја пикаат и другата, демек вратата не ги бери од што се развиени, зашто одат в теретана и за побрзо да се набилдаат се „дујат“ со креатин. Фрчат со мотори и коли; носат скај јакни, демек кожни, со патентот подзакопчан до некаде, така што јакната кај градите е подуена, демек не му ги бери од што е „голем“ чоеков ; лудуваат, кршат и ги шират рацете колку што можат и задолжително се прават „мортус“ на турбо фолк
Ахх поприлично тешка тема, која бара исцрпен одговор... Типот ќе го видиш на -10 со отворени прозори, лактот на прозор и со една рака вози, од што е легнат наместо седнат не се гледа тој, а хоризонтот на прегледност му завршува неколку сантиметри после шал-таблата. Колата му е задолжително tunning sport верзија, екстремно лоша со скинат ауспух за да брчи што е можно повеќе, има озвучење од 220 вати, а во кола ги има сите песни од турбо фолк жанрот. Кога излегува во град носи маица или кошула со амблеми, натписи и циркони , каиш и саат од ДиГ купени на тезгите на Бит-пазар, фармерките имаат безброј џебови, патенти и копчиња, патиките-лоша копија на Најк, Адидас и сл. Оди само по кафани, кај што има певаљки, по дискотеки и журки не иде освен на Српско, зошто на техно, хаус, транс и сл. одат само наркомани. Преку ден е во шорц или тренерки, со рамбовка и се храни строго со протеини зошто активно билда. Таа сонува да фати дечко кој има „јака“ кола, кој го знае цел град зошто напраил 300 тепачки и зошто е билдер. Кога излегува носи што е можно пократки сукњи, и екстремно длабоко деколте, без разлика дали е слаба или дебела, она је најача цура у граду. На себе има 2,5 кила шминка + 500 грама сјај и кармин. Кога таа влегува у дискотека „сите гледаат во неа“. Преку ден обожава да носи бели хеланки и куси маички, низ кои обавезно ѕирка салцето од стомакот, има повторно многу шминка, но она не е своја без нејзината пудра. Ова е накратко, она што ми е забележливо апла и кога ќе видам некој кој се совпаѓа со овој опис веднаш ми е јасно колку е часот, и за каква личност станува збор .
Гајтан веѓа исцртана со туш,нискокласна имитација на нешто наречено шминка ,пудрата ја нанесува со лажица , во секој случај неколку нијанси потемна од нејзиниот природен тен.Косата полу-испеглана ( на краевите свиткана посебно делот кај шишките некоја чудна брановидна форма , како што дувнал ветерот ) туника со хулахопки и сандалка , можеби и каиш.Јакни со измината мода неколку сезони , оди убеди ги дека не се "тренди" Глуми пијанство , и игра на спушти се дооооле, некои чудни робокап движења и цицкин плес со тресење на пегавото деколте.Кожата бледа, смрди на најефтин можен парфем помешан со вода или алкохол. Дневна верзија , веќе спомнато , проѕирна хеланка,кратко блузе , патики и чорапа дреч боја да дели Ако кај машките заштитно лого е D&G ременот , кај женските би била ефтината бижутерија , апла грда за око ,најодвратна можна имитација на злато,особено алките со циркони...аман како стојат на фризот , особено на извиткана коса со пена , повеќе истуткана него извиткана и мрсна
Е јас со коментарот над мене и нема баш да се сложам. Облеката ма нека ти биде од последна мода и од кога било, ако не ти стои не ти стои и крај. Не е важно од која мода е, важно е да знаеш да го носиш. А за бижутерија, не знам колку девојки кај нас можат да си дозволат да носат скап накит. Ако е ефтин не значи дека не е убав. Извинете за оффтопик.