Кaj девојки-излуштен лак,несредени нокти-на раце и нозе минич со прозирна хеланка со чипка и патичиња бели,неиздепилирани мустаци,-особено некои плавуши велат-бели ми се влакната не ми се познаваат ,нема потреба да ги депилирам,а тие пак како светкаат на сонцето ,наредени златни прстени по 2-3 на еден прст,неисфарбана коса со месеци итннннннн а кај машки највише мразам кога ќе видам златен прстен,ланец,алка пуштен долг нокт на малото прсте,несредена брада,долга мрсна коса рамбовка со шорц или трењерка за дневно кафе коса напред со шишка мрсна,и да-д&г каиш
се сложувам,но мислам дека работата е што тие ги одбираат најгрдите обетки на пазар,апла што се познаваат,а тоа што го носат од изминати сезони не знаат ни да го искомбинираат тоа е проблемот,и во таа сезона кога го купиле тоа парче било најгрдо т.е кич ,а не па во наредни сезони. Проблемот е што за нив врв е кичот,сите работи што се кич ги обожаваат.
Не мора да значи дека е сељак само ако носи такви каиши,билда едно друго.Јас лично познавам машки,што се далеку од ова,а сепак карактерот им е на толку ниско ,просто и сељачко ниво,дури да се зачудиш. Како прееска едни двајца.Типците се праат најјаки во школо,една другарка плачеше,овие застанаа до нас,и почнаа некои тажни сеирски фаци да праат,се потсмеваа. Јас лично таквите повеќе за сељаци ги сметам,а овие другиве...ма не заслужуваат да коментирам за нив. А за женските, дефитнивно ми се сељанки оние што НЕ ЗНААТ ПУДРАТА ДА ЈА РАЗМАЧКААТ И СЕ ЦРНО БЕЛИ.Па колку сакаа нека се богати,колку сакааа нека се убаво облечени.Мислам дај,да не знаеш пудра да ставиш треба да си дебил човече.
Симптоми of being a сељанка: -потстрижена демек емо фризура, ептен плава накај бела со црн корен и преоштетена коса од пеглање и фарбање... - пудра еден тон со лопата да неможеш да и ја исфрлиш... - на усни става црно моливче а кафеав или розев кармин... - идол и е јелена карлеуша.. - леопардски хеланки, леопардска провидна блуза, чизми шпиц до над колена, и леопардска јакна со голема волна.. - носи 3 броја поголем градник демек она има големи ци*ки.. - на плажа оди нашминкана... - на фејсбук е запишана: барбие.. слатка мала.. безобразна лепотица... размажена девојка.. итд.. - кога шета оди испревено , демек гледа само пред неа (а со аголот од окото набљудува од страна да види некој дали ја гледа)... - си мисли дека е најубава, неодолива, и за машките е забрането овошје (а секој може да ја има) - кога е излезена секогаш со устата напучена демек е некоја јака риба (а уствари мајмунка) - свилено мини фустанче залепено на неа а нозе преполни со целулит (како портокал) - сандали со штикла како баскија и кога оди и се виткаат нозете.. - минич во комбинација со бели хулахопки кои и се скинати позади.. - лепи шарени пластични нокти, или има прирордни долги нокти, со излупен црвен лак и кал под ноктите.. - има фалсификат кинески iPHONE од 50 евра а се фали дека е вистински.. - секогаш ташна луи витон.. - 2 броја помали фармерки, маичка со гол стомак, салото од стомакот на кој има пирсинг и излегува и и виси..
Хахахахахахаахах ЛУУУУУУУУУУДИ СТЕЕЕ!! хахахахаха Туку јас се чудам како тоа не сте ги прокоментирале феномите МЕНАЏЕР, МАНЕКЕН, МАНЕКЕНКА, СЕПАРИЊА итн итн... 1. МЕНАЏЕР - Оној кој пред СЕКОЈ викенд на Фб праќа иста порака на 10000 девојки "Те чекам во петок во .... обавезно да дојдеш да се видиме, 100 години се немаме видено, ако сакаш резервација, пиши ми за колку луѓе" - Доаѓаш и само нема резервација, нема ништо, а како одговор добиваш "Леле газдата дојде и зема 4 резервации за негови луѓе, што да му кажам, леле извини, ај дојди некако ќе ја наредиме, (те седнува во најзабутан ќош и тоа е последен пат да го видиш во текот на цела забава) - На крај од забавата, се кара со газдата за 100 денари. - Како изгубен германец милион пати влегува и излегува од дискотеката, демек да ги внесе овие, да ги внесе оние. -Телефонот залепен на уво. - цигара во рака (ја држи со палец и показалец) 2. МАНЕКЕН - До вчера маалски копук, а сега манекен, го сликаат за списанија и разна штампа, оди по ревии и слични настани, има бејби фејс и сите слики ги има ставено на фејсбук убаво сортирани по дати, весници, емисии, ревии. Всушност - Машка спонзоруша, стриптизер, тежок женкар (јавно признат).. 3. МАНЕКЕНКА - Истите карактеристики од погоре + Хостеса, има убаво средени слики од презентации, квази избори за мис + пози што викаат "ДОЈДИ *** МЕ!!" Седи во публика на емисиите од типот "вашите 5 минути" "Кој те шиша" итн итн итн... Кога влага во диско мисли дека сите ја познаваат од телевизија. На моменти е лута и навредена, глуми напиздена (веројатно никој не и побарал автограм) се треска од земја на песни од типот на "Црна мачка, црна мачка мене тако зову сви" (Сандра африка стил) мало вечи каиш сукња + длабоко деколте+ штикла 20ка + венче со пердуви.. Планет фризура и циркуз шминка. 4.СЕПАРИЊА - Места кои прават да се чувстуваш дека си ВИП риба или опасен шмекер, за себе имаш мислење дека можеш да ја/го имаш кој/а сакаш - ама таа вечер баш и не ти е дојдено до никој. Лигавиш еден коњак цела вечер и на крај од вечерта се филмаш дека си дрво пијан/а и дека не можеш да возиш, па нервозно влегуваш во такси, НАПАДНО мавтајќи ги клучевите од кола во едната рака.. (а воопшто нема возачка - си украл/а клучеви од татко ти) -.-
ме потсети -има iphone (сеедно лажен или вистински) и го носи во рака додека шета и мафта со него за сите да видат дека има смарт фоун
За сељанки коа почнавте: -Панталони 2 броја помали, светлуцави, со низок струк а спојлерите висат. -Зејтин/тигрести хеланки со кратка маица со гол грб. -Пудра со лопата да вадиш, на око бела (или плава) сенка 10 кила, вештачки трепки+маскара. -Маицата пуна со оние шљокицине. Спојлер Вакви: -Наочари за сонце и на рамките пишува D&G,а ги земала на пазар за 150 ден. -Маици со лого: Калиопе, Теранова, Адидас, Најк со ВОЛКАВИ букви. -Дречав изљупен лак на нозе и на раце.
Висок реп е во мода. Јас би додала и црвен кармин 24/7. Не знам што хит стана претходната зима сите црвен кармин носеа, ми се одмили. И исто така, тесна рамбовка а вири прерамка од прслук.
Јас се мислам како да се насмеам, еве ми тема Па вака може ќе се повторам со некој, ама овие работи страшно бодат во очи Пудра 2-3 нијанси потемна нанесена само на лице не и на врат, обележана уста со црно моливче а кармин розов, што е можно подреч. Лак за нокти, боја ко елек од полициска униформа Обавезно минич до под газ иако газот 300 кила Сандали со платформа како од порно филм. Деколте со премали гради , ама добро стиснати. За машко зачешлана коса наназад, ама така да сите запци од чешелот да се познаваат, обавезно на двата средни прсти дебел златен прстен а рацете црни ко гуми да тркалал цел ден Место поздрав му е Кај си у уста те ..ам Телефонот го носи стрикно во футрола на каиш, а на него задолжително уште стои најлонската заштита, као демек нов ми е вчера го купив
Секако дека е во мода, нормално високо, ама има девојки шти ги врзуваат практично на чело И да додадам по можност репот расцветан за да биде у тек со пролетта!
Го брмчи новото БМВ (строго на бугарско таблички) и се паркира на 100 метри од кафичот, додека овие од првите маси се плашат да не ги собери и нив. Излегува со строго шпиц кондура и измачкана од кал дебела штикла, седнува САМ на маса и што погласно ги тупнува клучевите од маса, оти нели некој може не го виде кај се паркира. Нарачува скопско со називот "цуцло ако може побрзо, ме чекат на царина" на келнерката,го пие за 15 минути, задолжително плаќа со голема банкнота минимум 500, а притоа си чека кусур до последното денарче, и пак го збрмчува БМВ со опасен старт до другиот кафич, кој бај да веј е на 300 метри одалечен од првиот. И се почнува одново...
Неизбежното ..... Пудра неколку нијанси потемна и тоа исклучиво на лице вратот си е од друго тело Неколку слоја пудрица ако ја загледаш од блиску си помислуваш колку треба да се гребе со некој алатка за да би се стигнало евентуално до кожата Кармин или сјајче во боја 1-2 сантими над усните неколку сенки измешани кој една со друга ниедна нормална не би ги измешала ако е дневна шминка... Чудни линии со туш или нешто што на тоа личи Облека----- Задолжително натегнати во тесни миничи хеланки бермуди .... Голи стомаци иако се и по 5 минути пред нив ефтина бижутерија огромни диско топки косичката недефинирана шишките кремче од времето на мајка ми или виткани и нз како изведени шишки битно се здрвени на момент допрела гравитацијата па стојат упорно дигнати нагоре , израсток неколку сантимери и тоа ако е црн на плавоо ууу јеее тоа се бара и ај доста е се распишував ... Машките кренати панталона фармерка или било што се до желудник ремен огромееен никаков цвикери од летото 2000 обетки со некои мотиви накит фујј најмногу мразам особено златен ланец или прстени и залижана коса шпиц кондура хахаха ефтин парфем и несредена брада .......
Јас не се согласувам со ова. Ама ако е стварно вака: Guilty as charged Ама најсериозно не гледам ништо селско во најк маичка со големо лого, нормално не за излегување....
Не ја разбирам целта на темава...секој си има право да биде каков сака..не е вкусно вака да се омаловажуваат луѓето
Значи овде никој никого не именува туку се прави анализа на група луѓе, дел од опшеството така да не би требало никој да се осеќа навреден доколку секако не се пронајде во некој од постовите. Сепак секој пост овде е производ на долго набљудување и анализа која траела подолго време (затоа и заслужува почит ) , едноставно таквите луѓе постојат, ние не ги навредуваме туку само ги анализираме симптомите кои укажуваат на тоа дека одредена личност е сељак или сељанка. Се извинувам за офтопик мислењето
Ќе опишам еден кај мене што живее во близина Низок, набиен, во кошула со риги, а доле во тесна фармерка стегнат, со повисок струк, а кошулата напикана внатре и каиш црн...На нозете шпиц кондура, црна или темно кафеава Намрштен секогаш, со кола 101 Застава, но со BMW бандаши...На клучевите од колата, привезок од BMV...Косата секогаш со гел "спастрена" и црна техно наочара...Радиото и звучниците во колата му се поскапи од самата кола, затоа што кога стои на семафор, со отворен прозор, мора да трешти музика од 101-от! За дневна шема, секогаш во тесна рамбовка, обично бела и некоја спортска пантолона доле. Кога е разголен така во рамбовка или сл маица, на разбацаните рамења му пулсираат сочни мозолки, спремни во секој момент да прснат, атек на грбот можам да замислам...
Набилдан, рамбовка дење ноќе ја носи, на набилданиот бицепс задолжително тетоважа со волк или лав или некој патриотски симбол