Синдромот на натрупување е ментално нарушување што се карактеризира со постојана тешкотија за отстранување предмети, без оглед на нивната вредност. Ова доведува до натрупување огромен број на предмети во домот, што може да создаде хаос, нехигиенски услови и намалена способност за користење на просторот за нормални активности како готвење, спиење или движење. Често започнува во адолесценцијата или раната зрелост, но симптомите стануваат поизразени во средните години. Со текот на времето, личноста станува сè понаклонета кон собирање предмети, што го прави нарушувањето потешко за лекување. Рани знаци: Потешкотии да се ослободат од стари предмети. Чувство на анксиозност или стрес при фрлање работи. Пренатрупување на просторот дома без конкретна функционалност. Прекумерно купување или собирање работи од улица. Не постои „брзо решение“, но со терапија и поддршка, луѓето можат значително да ја намалат својата потреба за собирање предмети. Потполно излекување е ретко, но симптомите можат да се контролираат и да се подобри квалитетот на животот. Најголемиот фактор во развојот на синдромот: Комбинација од емоционални и биолошки фактори. Главната причина најчесто е некоја емоционална болка, како губење блиска личност, траума или длабока несигурност. Кај некои луѓе, постои и генетска предиспозиција или промени во мозочната функција што го прават натрупувањето потешко за контролирање. Личноста не собира предмети затоа што сака, туку затоа што не може да се ослободи од нив поради внатрешни психолошки бариери. Истражувањата покажуваат дека мозокот на личност со натрупување функционира поинаку. Кога собираат предмети: Се активира наградувачкиот систем во мозокот (исто како кај луѓе со зависности). Се лачи допамин – хормон што предизвикува чувство на задоволство. Кога треба да фрлат нешто: Се активира делот од мозокот што контролира болка и анксиозност. Тие чувствуваат физичка и емоционална непријатност при самата помисла за отстранување на предметот. Пример: Лице со синдром на натрупување наоѓа стар, скршен предмет на улица и чувствува силна потреба да го земе. Ако не го земе, ќе има чувство на загуба, како да пропушта нешто многу важно. *Сакам да ја отворам темава бидејќи во последно време забележувам премногу луѓе кои ја имаат оваа болест а не се свесни. Моја познаничка се соочува со ваков случај од нејзиниот родител каде е во ситуација да се срами да повика некого дома бидејќи е натрупано со секакво ѓубре и тоа не застанува. Исто гледав и на TLC цели емисии - Hoarding- Buried Alive предлог за кој сака да се запознае повеќе за овие случаеви. Дали некој во твоето семејство или меѓу пријателите се справува со тоа да не може да се ослободи од нештата, и тоа почнува да влијае на неговиот/нејзиниот живот? Спојлер: Слика
Јас го имам тоа,поточно го имав.Почнав да разбирам тек кога ги гледав емисииве.Не мора да е екстрем ама има сешто и колекционерство може да биде.Од се по дома имав ресерва,чешли,шминка,стари работи некорИСНИ.Тешко ми беше да фрлам ненкоја облека што не ја носев.Епа го решив ,сега собирам во корпа работи и ставам во кеса и одма фрлам,ако чекам за подарување може и да се предомислам.Мајка ми исто собира има работи мои од дете,списанија,пластика и цел живот чисти.Многу време одзема ова и складира во подрум ,гаража,секаде.Никој не може да му наложи на некој како да прави,во мој дом јас решавам.
Свекор ми мислам дека го има овој синдром. Задниот двор и поткровјето беше преполн со ѓубре. Мислам дека депресијата која го влече со години веќе му е и дел од чистењето на ѓубрето. Со поделба на куќата ние си го земавме задниот двор кој е на 3 нивоа и го исчистивме бидејќи беше на лик отпад-депонија. Тој период болен легна демек го тресе, живците нешто и стаса до лежење во нервно. Поткровјето после оваа ситуација го чистевме постепено. Прима терапија за депресија и анксиозност бидејќи тврдат дека сето тоа му е последица од прележана корона, вајда оти си патат што ќе каже народот па така викаат. Јас сум во таа куќа 12 цели скоро 13 год. од секогаш е во некоја депресија и собирање ѓубре. Се немаше качено на поткровје цели 3 год и ние постепено фрлавме се, се шлогира кога виде . А ние сакаме да го средиме како спрат за живеење за децата, наместо стан да купувам. И рековме додека се мали да го средиме се и ако имаат потреба да седат таму. Стасавме до расправија па мораше сопругот да го лаже дека се однесени на некоја нива ( што не постои) само да се намири. Не се качува повеќе ич ни во задниот двор да види како средивме ни на поткровје. Прв сомнеж дека го има овој синдром е кога малата кај мене кога имаше 1 год имаше столче кога седнува цивнува. И се скрши и го лепевме неколку пати и видовме нема фајде и го фрливме. Он кога виде дека фрлено го зел од ѓубрето и кога чистевме на поткровје го најдовме таму. Никој не ми веруваше дека ова однесување не е нормално, може и не сакале да го задеваат кој знае.
Ваквите луѓе пребираат за да всушност им се најде. Не ги сфаќам целосно. Да, да чуваш нешто функционално и да го спакуваш убаво, ама чување сешто не ми стои корисно. Додуша повеќе си го поврзувам со свесно создавање хаос, како да личноста не умее да се справи со тоа дека веќе нема функционалност во тоа парче и/или не може да се помири дека времето изминува, па ајде ќе чува. Сум за (минималистичко и корисно) чување. Ме плашат/гушат вакви простории и мислам дека и мене ќе ме затрупаат.
Они не се свесни дека тоа не е во ред. Еве пример за свекор ми. Пола поткровје беше наш дел за складирање чував зимница, од децава гуми душеци, елката ми беше во кутија горе и сл. И беше се под ред. и малку. Нивниот дел беше натрупан до врв. Ми беше страв да се доближувам таму да не ме поклопи нешто. И кога и да му речевме викаше се ми треба се користам. Задниот двор никој не го користел бидејќи имаа предна тераса , мене ми се виде супер голем и го средивме. Ние седевме на средниот спрат они доле. 12 год поминаа од кога тргнавме се нема преболено. Се нема качено да види дворов како изгледа. Со зеленило, маси, клупи, базент, цвеќиња, мини бавча. Џабе е он да може да не е на папир наше пак ќе складира горе. Сега нема каде веќе. Не е ни здраво тоа. Комшиите нон стоп му реагираа ама џабе. Се му требаше него, дури прибираше од шо му требало и тоа.
Кај нас оваа појава е многу раширена кај постарите генерации, а мислам дека заради тоа што доста живееле во сиромаштија, постарите дури и во војни. Баба ми како пример, се сеќава како неколку пати бегале во шума за втора светска, растеле сиромашно, мажите на печалба жените во село. И научиле да чуваат и да поправаат. Се оформиле како личности во тешки времиња, така ги воспитувале и децата. Сега ние сме во сосема различно време, пак ненормално, ама на поинаков начин, и само треба да фрламе и да купуваме. И нашето не чини. Јас лично се стремам кон поминималистичко живеење во домот. Да нема многу предмети, а тоа што се купува да е квалитетно.
Одлична тема. Јас се гушам кога има премногу предмети во домот, особено затоа што треба да се чистат и одржуваат. Живееме двајца (а претходно 4-ца) во релативно мал стан и сакам да има што помалку предмети, затоа што и често работам од дома и некогаш по цели денови сум дома. Сакам да створам илузија дека станот е голем и простран и лесен за движење, ама... Секое чистење сум нервозен. Пребришуваш ствари кои само стојат и не се користат со години. Не можам да постигнам консензус со вакви луѓе. Еднаш, фрлив некои ствари без да ги прашам, и беше голема расправија. Ете, година дена помина од тогаш и не затребаа, што значи дека сè е во главата. Разбирам, ако се работи за куќа, со двор или подрум, па ајде, имаш место па ќе чуваш. Давајте чаре
Се согласувам. Со другаркиве многу често сме правеле муабет на таа тема и речиси на сите бабите ни се такви, чуваат секакви непотребни работи чие место е во корпа за отпадоци. Јас сум била дома сведок на многу ситуации каде мајка ми буквално влегувала во конфликт со баба ми зошто знае дека фрлила одредено нешто, а по некој период го наоѓа прибрано некаде, па на прашањето зошто го враќа назад секогаш имала некакво образложение или па просто, 'ќе се најде'
Ќе земам за пример моите родители. Како стареат така се “врзуваат” за предметите. И да се скрши, ќе се залепи, ќе се чува… иако во истиот момент има ново да замени. Дали станува збор за украс, новчаник, облека…. Буквално за се. Оваа состојба што е започната темата е сосема друга. Станува збор за луѓе кои буквално ги собираат надвор работите. Еве ситуација: собира нешто што е фрлено а смета дека ќе му се најде, од канта, од куќи или имаше ситуација да земе замислете ЦИГЛИ од куќа што го реновираа кровот кои беа стари 20 години и искршени. Ги зема, ги однесе дома во деуг куп полн со ѓубре и ги чува. И ќе се налути ако се фрлат. А никогаш нема да ги искористи. Цела просторија е полна со глупости, скршени работи, скинати или оштетени. Им создава задоволство на среќа да донесат ѓубре дома. Да биде натрупано и полно. Бидејќи ако е празно и чисто создава немир.. ова е болест и забележав огромен број на луѓе поправило во МК ја имаат а не се свесни
"ќе се најде" ќе слушнеш од 90% од постарата генерација. Од тие што јас ги познавам нема такви што собираат и носат дома ама скоро сите се такви што ништо не фрлаат и по цена да се сопкаат дома. Чист пример свекрва ми купува нови работи не дека не и ги чува под кауч. Прв пат приметив беше кај нас и си купи убави тави. И после кан нив ја прашувам кај и се, гледам уште ги користи излупените стари. Ги чувала за нови, под кауч. Имаше еден мерач пластичен потемнет не можев да го гледам, купував за мене па земав и за неа. И тој го чува за нов.Е и таков синдром има! Чичко ми е друг случај, он купува ново а старото го чува. Па и за мебел кога станува збор. Баш пред две недели купија нова трпезариска маса и ја ставија на местото од старата,,, а старата,,, малку понатаму кај што имаше слободно место. А во подрум чува и стари фрижидери, шпорети... Ужас. Јас разбирам емотивно да си врзан за предмет ама тоа е нешто што е симболично. Ова другото не го разбирам.
Јас никогаш не натрупувам, а и мразам да гледам пренатрупаност, од причина што не изгледа убаво и го загрдува просторот/местото. Имам едни другари што буквално им е пренатрупано со предмети на полицата на телевизорот. Бидејќи со девојка му живеат заедно во станот, ги ставиле сите сувенири што ги купиле од патувањата на комодата. Ај тоа, ама ставале мечиња, ружи, некои персонализирани подароци што си купувале, па и слики од нив, но не една, туку 6. Комодата има е голема, ама кога некој ќе го види ова, ќе помисли дека е на плажа во Кина. А плажата во Кина:
Овој синдром посебно го има скоро секој Македонец. (Најпосебни се оние над 50+) Што е ова? -Капаче од шишенце од капки за во очи. Нека ќе се најде. И се нашло за затварање на некоја цевка, вентил или слично. Нека ќе притреба.
Јас мислам обратно од тебе. Имам и искуство за моето мислење. Само детали да не објаснувам ќе треба многу да изнапишам. Ако те интересира пиши лп ќе ти раскажам.
Нема чаре,ако станот не е твој легално ке си кутиш,и разбереш.Некој со години работел мачно,купувал,печалел дел по дел и собирал како што викате.,со кое право да се ремети туг мир ,спомени.Дури и да мислииш дека е непотребно и глупаво.Прво прашај да беа твои тие работи и некој да се дрзне да ти ги исфрли.Ме нервира некој моја фиока да ми прередуда ,бидејки јас си знам кај ми стојат работите и после нема да ги најдам со друг распоред ставени.Ајде утеха малку ,во мој простор доага мајка ми на гости во ходник пуна кеса со мои алишта стари,ме прашува ти ма ке ги фрлаш ?,јас викам НЕ ,и свесно лажам.Ми кажува дека и требале крпи за бришење и знам дека ке ги земе дома по шкафови и реков сум ги средила за да ги чувам во подрум.Зошто да ја нервирам,и онака нема да ме разбере.Второ порано живееле во сиромаштија и немање,сега се пати од премногу купување евтини работи.Што е тоа ТЕМУ.АЛИЕКСПРЕС и друго,натрупување глупости што не ти требаат,и брзо се трошат.Нели е слично,потреба за поседување кинезарија.???
Ако не е легално нејзин... Но и она живее таму. Значи мора да има компромис. Јас ако живеам под твој кров не ти дава за право да се иживуваш врз мене. Сепак подмируваме сигурно сметки, храна во станот... Сепак имам право на глас. Второ, тие „спомени“ или туѓ мир - Зафаќа простор, прашина, нечистотии. Тие спомени нема да се вратат со предмети. (Има разлика од предмет до натрупаност да се разбереме. Не сум против сувенир или декорации кои потсеќаат на убави работи, против сум да е натрупано и да седи без потребно - на пример. Алишта на мајка ми од кога била како девојка - знаеш кога ќе ги облече повторно - НИКОГАШ, знаеш кога ќе ги носи некој друг - исто така никогаш, која е потребата да седат се уште во шкаф и да зафаќаат простор?) Порано растеле во сиромаштија - точно се согласувам. но барем сега, во денешно време може да се замени се живо и диво, да се купат работи и скоро се е достапно. Зошто да се чуваат работите?? Подобро да имам предмет што брзо се троши и ќе го менувам често, него да имам безпотребни предмети низ домот што со години нема да знам каде се
Мора да има компромис,некогаш нема,ама реална сум тоа е така усно.Натрупаните работи што сметаат некому ке ги фрлиш во контејнер ,ама ете не смееш.Смее ли некој без одобрение да ги фрла работите на мајка му и татко му???Јас неможам на своите родители и не ни помислувам.Моралот и почитта не ми дозволува тоа.Ако сум возрасна се хранам и подмирувам некоја сметка,и што не е јасно тука не сфакам.На постари луге не се менува карактер и не им се руши мирот.Има 2 опции ,прифакаш или се нервираш.,или си бараш ново живеалиште.
Луѓето што се хордери имаат проблем со донесување одлуки. Некој спомна за капачето, баш така е. Не можат да донесат одлука да се разделат од предметот колку и да е ефтин, заменлив и непотребен. Стомакот им се превртува кога треба да фрлат нешто и доживуваат емотивен стрес кога треба да се отстрани и само еден предмет а уште повеќе ако треба да се одвои од повеќе или сите предмети. И точно е дека постарите луѓе се почесто хордери. Тоа го вели и статистиката. И мажите се почесто од жените. Најчесто се самци, ама поверојатно и зошто партнерите не можат да ги трпат. Причините може да се разликуваат. Некои се така научени, на пр. од родителите или од партнерот. Некои станале такви откако доживеале загуба на некој близок и го користат како механизам со кој се справуваат со својот проблем (поточно не се справуваат со него успешно). Различно е од оцд, од колекционерство или од некои други ментални растројства. Може да има широк спектар и да е некој вид на трупање од помал до поголем размер. Како поекстремни случаи се оние каде е компромитирано физичкото здравје на хордерот и на неговите дома, каде што веќе функционира тешко, се изолираат од социјални контакти, им трпат пријателствата и односите со семејството, работата..