1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синдром на неуморни нозе

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од delvi, 15 март 2010.

  1. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    неодамна на идивиди читав за синдром на неуморни нозе.дечко ми нон стоп се жали дека го болјат нозете и тоа додека е на нога додека оде и работе не го болат, но кога ке легне да спие нон стоп прета со нив од болки.знаете ли лек за овој синдром и кај кој доктор би можел да се упати.а во прилог го ставам и прилогот во идивиди за оваа болест да имате претстава за што станува збор..помагајте оти стварно незнам как да му помогнам, а многу го болат кога мирува..акога се движи не..

    Синдром на неуморни нозе
    Ако вашите нозе ви горат и имате потешкотии да ги смирите во текот на ноќта, тоа е состојба која можете да ја подобрите со користење на магнезиум или некоја алтернативна медицина.

    Синдромот на неуморни нозе претставува непријатно чувство во пределот на нозете и стапалата. Оние кои страдаат од овој синдром, можат да почувствуваат грчеви, вкочанетост, слабост, скокот и болка која кружи низ целите нозе.

    Овие симптоми најчесто се појавуваат во текот на ноќта и може да предизвикаат несоница. Болката и непријатното чувство може да се намалат со движење на нозете.

    Според истражувањата направени во Германија, се покажало дека се работи за невролошко пореметување каде невротрансмитерот допамин е погрешно раководен од мозокот. Вечерниот период е најтежок бидејќи во тој период од денот, нивото на допамин опаѓа, што е исто така поврзано со недостаток на железо.

    Се смета дека само 5% од популацијата, страдаат од овој синдром, а само на 10-15% од нив им е потребен медицински третман. Најчесто се среќава кај жените, бидејќи кај нив нивото на железо се намалува за време на бременоста.

    Постојат две лекарства кои се препорачуваат за овој синдром, Pramipexole (Miropexin) и Ropinirole (Requip), кои функционираат така што ги активираат рецепторите за допамин и ги отстрануваат симптомите на овој синдром.

    Сè уште не е докажано дали со помош на алтернативната медицина и природните лекови може да се лекуваат оние кои го имаат овој синдром, меѓутоа се смета дека со внесување на магнезиум може да се делува.

    Исто така со консумирањето кафе, чај, алкохол и цигари негативно се делува на симптомите кои ги предизвикува овој синдром.
     
  2. luciamk

    luciamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    38
    Вчера ми го дијагностицираа овој сидром иако болките ги имам скоро 7 години, кај мене ништо не помага освен масажи и компрес хулахопки.
    Доколку некој го има овој проблем би сакала да сподели мислење