Синдром на повеќекратна личност

Дискусија во 'Психологија' започната од Pubu-bubu, 1 октомври 2014.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    (facepalm) Кој спамер си, значи не е возможно :puke:

    Различни се целосно тие имагнарни идентитети, до толку што едниот може да зборува кинески, другиот француски, третиот да свири на пијано, дури и само еден од идентитетите да има некој здравствен проблем кој го немаат другите (на пример хипертензија). Секој идентитет најдобро се снаоѓа во одредена ситуација, и се вклучува по потреба, за да се справи со одредената ситуација.
     
    На Серотин, *Amethyst*, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Синдромот на повеќекратна личност припаѓа во одделот на Психијатријата бидејќи истиот се смета за долгорочно ментално нарушување предизвикано од траума, најчесто во детството.

    Познато е дека сите ние поседуваме една примарна личност/идентитет во нашата свест, меѓутоа кај овој синдром една личност (покрај примарната) може да има најмалку два различни и релативно долготрајни состојби на манифестирање личности/идентитети.

    Карактеристика на овој синдром е што различните идентитети во едно тело го контролираат однесувањето на поединецот наизменично. Но интересен е и фактот што идентитетите воопшто не се свесни за нивното меѓусебно постоење, односно не се поврзани еден со друг и не се познаваат.

    Така, во текот на 24 h, личноста која страда од овој синдром може да се промени во неколкуте од нејзините измислени идентитети/личности, секако во зависност колку ги има а таа бројка нема ограничување.

    Секоја измислена личност претставува посебна приказна за себе, со посебно име, професија, државјанство, возраст, пол, темперамент, ставови и мислења, болести итн.

    Понекогаш еден од измислените идентитети не мора ни да е човек, туку и животно, на пример куче и во одреден период од денот пациентот да манифестира кучешко однесување (да лае, да лази на четири нозе...)

    Еве еден илустративен пример: наутро ти се петгодишно девојче кое носи фустанчиња, игра со барбики и јаде сладолед од јагода, потоа на пладне си средновечен мексиканец кој продава портокали на улица и го мрази Трамп, попладне си мачка и лазиш на четири нозе, ги лижеш рацете, мјаукаш и ја триеш главата од нозете на рандом минувачи, а во вечерните часови си триесет годишен сериски убиец кој со месарски нож шета по улици за да силува и убива жени кои се излезени надвор.

    Ситацијата станува мошне опасна и загрозувачка кога една од тие имагинарни, т.е. измислени идентитети е личност која поседува карактеристики на убиец или силувач, па така кога пациентот ќе се преобрати во оваа личност, тој може во таа состојба да убива луѓе или да извршува други кривични дела.

    Мислам дека еднаш читав за интересениот случај на Billy Milligan, Американски граѓанин кој при крајот на 70-те години од минатиот век бил дијагнозиран со multiple personality disorder (синдром на повеќекратна личност) и бил обвинет за кражби и силувања.

    Сепак, тој никогаш не бил притворен и повеќе од една декада од неговиот живот ја поминал во ментални болници - што е сосема оправдувачки бидејќи неговата примарна личност никогаш не била свесна кога дејстијата на останатите негови развиени идентитети се манифестирале во реалниот живот. Односно ова се однесувало и за личноста, односно идентитетот која се развила во неговата потсвест со карактеристики на криминалец.

    Исто така интересен е фактот што за време на неговото судење било откриено дека Billy Milligan создал, т.е. измислил вкупно 24 различни идентитети/личности кои живееле наизменично во неговата глава...
     
    На *Amethyst*, Дејан., Bescheiden и 5 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Личност со DID не е ништо понасилна од една нормална личност. За жал во филмовите по дифолт личностите со DID се насилници, силувачи, убијци.
    Некој познат американски рагби играч цел живот имал DID. Само една од неговите личности била добар рагби играч и се активирала по потреба, кога играл рагби. Друга била добар говорник, па се активирала кога имал интервју со новинари. Открил дека има DID дури после пензионирањето. Не се сеќавал ни на куповите кои ги освоил, затоа што една личност играла рагби, а друга ги примала куповите.
    Има случаи кога една од личностите зборувала еден јазик, другата друг, каде една од личностите не може да оди, една е неписмена, една е глувонема, и слично. Имаше видео на интернет за една жена која после рехабилитацијата во ментална институција почнува да црта, само со една личност прво, а после се вклучуваат и други. Секоја од личностите има различен стил, различна животна приказна, различни идеи.
    После ќе го барам видеото, ме мрзи сега :)
     
    На boomsleng, Someonespecial, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.241
    Пол:
    Машки
    Веќе прочитавме илустративни примери и не е тешко истите да се генерираат. Сепак јас би сакал да прочитам за некоја реална личност што поседува две или повеќе драстично различни личности какви што ги опишувате - со различни јазици што зборуваат, различни националности, различни вештини, различни болести итн. Овие како за филм ми се интересни сценарија, ама тешко ми е да поверувам дека постојат и во реалноста.

    Хах добра финта, ограби банка и ако те фатат речи: Не бев јас, тоа беше другиот или другата во мене :D
    Сериозно, и во земјава и во странство многу криминалци со врски се или со добар адвокат се направени „луди“ за да не лежат во затвор, туку со малку лежење во лудница да бидат „оправени“ и пуштени на слобода. Така што дај ако има некој подобар реален пример.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Па ти пишав де.
    И гугл не знаеш да користиш изгледа.
    https://m.ranker.com/list/famous-cases-of-dissociative-identity-disorder/christopher-myers
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ivan-Ice

    Ivan-Ice Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2018
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Машки
    Тешко е да се живее со две или три личности во себе кои многу често се дијаметрално спротивни. Инаку според мене секој од нас има барем најмалку две личности во себе, онаа која е за во јавност врамена во некои општо прифатливи правила и норми, и онаа кои сме навистина ние, која најчесто бива секогаш скриена длабоко во нас без да го види светлото на денот.
    Секој од нас ќе рече дека е он таков природен дека не глуми бла, бла... но јас сум убеден дека не постои личност која се однесува баш онака како она би сакала и како го чувствува тоа одвнатре.
     
    На Bescheiden и Briar Rose им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Кога случаите во психијатријата би можеле да биде толку отворени...

    Мислам дека во примерот за Billy Milligan, жените кои биле нападнати од него го дале истиот физички опис, меѓутоа сосема различно ги опишале неговите личности. Една жена тврдела дека тој имал германски акцент, а друга жена тврдела дека тој дури и се чинел како добар човек.
    Исто така, било препознаено дека кривичните дела ги извршиле човек од Југославија по име Ragen, како и една лезбејка по името Adalana.

    Сепак, треба да се има на ум дека секој пациент кој страда од ова ментално нарушување, ја манифестира истата болест на посебен начин, во смисла на тоа колку личности (идентитети) ќе развие, дали тие ќе се разликуваат драстично или помалку драстично, наизменичноста на нивното преземање на контролата врз телото, колку јасни и нејасни се мемориите од настаните на нивните дејствија кај примарната личност итн.

    Освен тоа, сметам дека иако има неколку приказни од доктори објавени во врска со нивните пациенти кои страдаат од овој синдром, сепак многу е важно да се заштити идентитот и достоинството на истите, па затоа без разлика колку драстично се разликуваат нивните измислени личности или не, сепак во најчест број случаи тоа претставува приватна работа меѓу докторите, нивните пациенти и членовите од семејството на пациентот која не и е достапна на јавноста.
    Почест исклучок од ова е ако некоја позната личност или познат криминалец страда од овој синдром, па секако има повеќе информации и детали достапни за карактеристиките на болеста.

    Јас сум сигурна дека вакви разлики постојат при оваа болест, како што еднаш додека бев во shopping mall во Canada после училишните часови, набљудував како во кафетеријата еден човек навидум се однесуваше нормално на масата каде што беше седнат (изгледаше сериозно, ретко зборуваше и беше молчалив, всушност мислам дека читаше весник) но по извесно време ( околу еден час, час ипол) одеднаш стана од столот и започна да лази на четири нозе и истовремено да лае по луѓето кои седеа близу до мене.
    Набрзо стигна осигурувањето за да го одведе бидејќи им пречеше на сите, и сеуште се сеќавам како се обидуваше да ги гризне чуварите за раце кои го изнесуваа надвор.
    Никогаш веќе не го видев тој човек и не знам што се случило понатаму со него, но претпоставувам дека го однеле во некоја ментална болница или нешто слично.

    Напротив сметам дека лицето во таа ситуација би негирала дека такво нешто се случило бидејќи или воопшто или многу бледо ќе се сеќава на тој настан доколку истото го извршило некои од неговите измислени личности.

    Инаку, во врска со твојата констатација потполно се согласувам во поглед на тоа што самиот адвокат му кажува на криминалецот како да се однесува и да глуми, па дури може и да го поткупат медицинскиот персонал задолжен да ја констатира неговата психолошка состојба која го прави непресметлив според одредбите на законот да му се изрече санкција како што е притвор.
     
    Последна измена: 7 јуни 2018
    На *Amethyst*, Scott Weiland, EvAngelos и 5 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Џабе се објаснуваш, целта му е да покаже дека менталните болести не постојат и луѓето си ги измислуваат. Веќе видена и доста провидна тактика.
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена, претпоставувам дека е прилично лесно да се одглуми ваква психијатриска болест, барем од моја перспектива, но од друга страна не смее да се занемари фактот дека овој синдром навистина постои како и дека има веројатност дел од измислените личности да манифестираат особини на убиец, силувач, како и друг криминал казнив со закон.
     
    На Scott Weiland и EvAngelos им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Не е лесно. :) Не е невозможно, ама дефинитивно не е лесно.
    Една од честите грешки што ќе ја направи личност која се преправа дека има DID е да каже дека стигнала до таму ама не знае како. Значи при промена на личност таа би се чувствувала дизориентирана, таа не би знаела каде е, а не дека стигнала до некаде. Друго е моментот на "халуционирав" - DID не е поврзан со халуцинации, личноста која има повеќе личности не халуционира. Трето, обично е поврзана со траума од детството и бара тригер кој е поврзан со таа траума. На пример ако детето често било злоупотребувано од родителот кога бил пијан, тригерот може да биде звукот на отварање на лименка со пиво. Јас лично сметам дека треба да бидеш психопат за да успееш да изглумиш DID, кај и да е ќе направиш некоја грешка, а гледањето филмови и читањето книги на темата нема да ти го промени човечкото. Кај и да е ќе се излажеш да погрешиш.
     
    На *Amethyst*, Scott Weiland, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Ова се однесува на обичен човек, но ако подразмислиме дека психопатите и убијците кои свесно ќе почнат да се преправаат дека страдаат од оваа болест за да се спасат од притвор, и плус поткрепено со лажниот медиционски навод од поткупениот медицински персонал приложен во судот дефинитивно би можело да успее.

    Инаку, во поглед на грешките кои ги наброја сметам дека си во право. Кога перцепциите се репродуцираат во свеста врз основа на помнење, се зборува за претстава. Претставата како ментална слика на објект, појава, настан или личност што некогаш била перцепирана ,кај личност која страда од DID секако или не постои или пак е многу бледа а тоа е поради фактот што во моментот кога таа ментална слика се појавува кај примарната личност (бидејќи сепак се работи за едно тело, еден мозок) перцепцијата не била манифестирана од тогашната свест и фокус на надворешниот свет. Ова зависи и од човековиот голем напон, кој е ослабнат кај ваква особа.

    Халуцинациите спаѓаат во категоријата на сетилни измами, односно перцепции кои не се во согласност со реалноста.
    Сепак во одредени моменти има разлика за тоа дали личноста мисли дека станува збор за халуцинација или илузија (која е исто така вид сетилна измама).
    А самата разлика лежи во начинот или методот на кој тие настануваат.
    Имено, илузиите и причините за нивното појавување лежат или во физичките особености на дразбите или во човекот што перципира.
    Причините за јавување на илузиите што лежат во личноста на човекот кој перципира се: неговата мотивација, очекувања, подготвеност, интересите, емоциите, ставовите итн.
    Сите овие се индивидуални илузии и тие се јавуваат кај поединци, иако постојат и масовни илузии.

    Халуцинациите, пак, се сосема поинаков вид измами. Причините за нивното јавување лежат во некои ненормални процеси што се одвиваат во нервниот систем, најчесто во личност со нарушено здравје.
    Се јавуваат под влијание на висока телесна температура, нагон, несоница, психолошко задоволство, употреба на дрога, алкохол итн.
    Иако во реалноста не постои ништо такво, човекот што халуцинира има впечаток, на пример, како некој да му зборува на уво или гледа разни бубачки и животни, чувствува како сопственото тело да му се менува.

    Меѓу илузиите и халуцинациите постојат битни разлики.
    Кај илузиите постои надворешна дразба која погрешно се перципира, а кај халуцинациите не постои надворешна дразба, но човекот кој халуцинира е убеден дека таа реално постои.

    Иако халуцинациите, како што и ти кажа, не се карактеристика на луѓе со DID, сепак би рекла дека постои мала шанса да примарната личност да започне да развива илузии поради т.н. лични мотиви кои инаку се насочени кон сопствената личност а главниот фокус ќе биде насочен кон саморазбирање (но ова постои само во случај кога примарната личност има бледи сеќавања).
     
    На *Amethyst*, Scott Weiland, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Во поразвиените земји за тоа има специјални единици за бихејвиорална анализа во затворите, со стручњаци по психијатрија. Тие се обучени да препознаат дали навистина осомничениот има некој психички проблем или не (на пример да користат ваква потисната „креативност“ за филмски сценарија за да се извлечат) :)

    А во врска со родовите припадности, не сум стручњак, посебно не сум запознаена со такви толку необични однесувања на личности како што ти ги опишуваш. Ако таквото идентификување навистина спаѓа во синдромов или е било како поврзано со вистински психички пореметувања - само две работи ќе ти кажам што треба да ги имаш во предвид. Тоа би значело дека не е заразно и не може да се индокринира со идеологии, конвенции и не знам што, а и дека треба да си ја преиспиташ човечноста во тоа што истиве ги користиш насекаде како аргумент за споредба и потенцијална опасност :)
     
    Последна измена: 7 јуни 2018
    На DAngel и boomsleng им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Видеото што го спомнав :)
     
    На *Amethyst*, dayla, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  14. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    9.164
    Пол:
    Женски
    Имав слушнато за ова пореметување, ама откако го гледав филмот, ми стана појасно. Многу creepy :bandit:

     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    За жал филмот не дава баш реална репрезентација на синдромот на повеќекратна личност, те тера да се плашиш од таквите луѓе, а тие по природа не се опасни.
     
    На irrelevant му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Една повеќекратна личност сама = се напаѓа сама себе.

    Повеќе повеќекратни личности = се конектираат помеѓу себе и напаѓаат сѐ што ќе ѝ пречи на една од тие личности :)
     
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Јас сум личност со повеќе личности во мене.Генерално за многу работи имам цврст став и мислење, имам свое јас веќе неколку години.
    Се ослонувам сама на себе секогаш.
    Ама како тинејџер сеуште и бунтовно девојче кое уште се гради како личност и се осознава многу пати знам да бидам со променлив карактер.
    Расположение исто многу лесно менувам.Некогаш може со денови со сите да сум фина, мила и океј па дури и со тие што ке ги сакам.Некогаш има денови дури и кога најблиските не сакам да ги видам или гласот да им го чујам, некогаш знам топло-ладно да играм.Некогаш попуштам и толерирам, некогаш пресекувам одма..
    Ама се ова нормално го сфаќам и прифаќам.Таква сум едноставно, плус уште ми работат хормоните 200 на саат и се осознавам ко личност.
     
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.532
    Пол:
    Женски
    Мене ова нарушување ( така да го наречам ) ме заинтересира кога гледав една серија , каде се работеше за личност со повеќе идентитети . Имено , примарниот идентитет беше одлична личност , фина , воопшто не изгледаше како убиец . Онаа другата личност пак , беше суров сериски убиец . Тимот прво ја следеше состојбата , потоа и со доказен материјал докажаа дека се работи за истата личност - но дека нешто не штима во целиот случај . Како истражуваа понатаму , дојдоа до сознание дека девојката боледува од СПЛ - Синдром на повеќекратна личност , и таа всушност и воопшто не се сеќава дека убила некој и каде била во тој период од денот .
    Интересна тема за истражување и комуникација . Сепак , не познавам лица со ваков синдром , иако би сакала да запознаам и да ја истражувам малку психологијата на лицата кои патат од овој синдром . Иако се тешки и ретки случаеви , верувам дека постојат лица со вакво нарушување .
     
  19. Imperatorka5

    Imperatorka5 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Pisi mi vo lp sakam nesto da tr prasam
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    97.156
    Пол:
    Женски
    Синдром на повеќекратна личност нема врска до ова твоево. Менување расположение и хормони 200 на сат немаат врска со синдромов.
     
    На dayla и Feminka22 им се допаѓа ова.