1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синдром на хроничен замор

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од power11, 28 јули 2018.

  1. power11

    power11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Машки
    Иако Светската здравствена организација хроничниот замор го вброи во официјалната листа на заболувања од кое страдаат милиони луѓе низ целиот свет, овој проблем се уште не се сваќа сериозно.

    Статистиката покажува дека необјаснивото губење на енергија кое ги ограничува секојдневните активности и не поминува ни после одмарањето, најмногу ги погодува жените, а во последно време се повеќе се појавува кај мажите, па дури и кај децата.

    Оваа состојба е проследена со повеќе симптоми кои се појавуваат и исчезнуваат спонтано: малаксаност, губење на помнењето и концентрацијата, главоболка, болки во грлото, зголемени и болни лимфни жлезди на вратот или под пазувите, необјасниви болки во мускулите, како и болка која се преместува од едниот до другиот зглоб ( без црвенило или оток) несоница и екстремна исцрпеност која трае повеќе од 24 часа.

    Лицата кои страдаат од хроничен замор често имаат проблеми со варењето во форма на болки во стомакот, надуеност или пролив. Во некои случаи се појавуваат и алергии или преосетливост на некои производи, мириси, хемикалии или лекови, вртоглавица, несвестица, сува уста, болки во ушите, градите или вилицата, аритмија, утринска вкочанетост на зглобовите, мачнина и ноќно потење. Меѓу симптомите кои може да се јават како последица на хроничниот замор се и депресија, анксиозност, напади на паника, отежнато дишење, замаглен вид, осетливост на светлина, болки во очите, како и ненадејното губење или покачување на телесната тежина.

    Причинители

    Експертите сметаат дека главните причинители на хроничниот замор се: стресот, анемијата, депресијата, хипогликемија (ниско ниво на шеќер во крвта), алергиите, вирусните инфекции, неправилно функционирање на имунолошкиот систем, хормонски нарушувања, низок крвен притисок и авто – имуни болести.

    Оваа состојба може да се јави и како придружник на некои болести, како што се артритисот, нарушено спиење, хепатитис, леукемија и рак, или како последователен ефект на одредени лекови .

    Хроничниот замор понекогаш го предизвикуваат и токсините кои во организмот ги внесуваме преку храната, водата или воздухот. Тоа значи, кога ќе ја надминат границата која организмот може да ја толерира, доаѓа до опаѓање на имунитетот, а всушност тоа е причината за различни здравствени проблеми.

    Болест со слични симптоми како анксиозност. Често ви се случува да ве мачи нешто и да се чувствувате болни. Правите разни прегледи и анализи и докторот ве уверува дека сте потполно здрави. Можеби ова е вашиот проблем.

    Животни навики кои се поврзани со појава на хроничен замор:
    • употреба на алкохол и опојни дроги
    • зголемено внесување кофеин
    • претерана физичка активност
    • неактивност
    • неквалитетен сон или недостаток на сон
    • употреба на одредени лекови (антихистаминици, седативи, антидепресиви, лекови за крвен притисок)
    • лоши прехранбени навики (консумирање тешка, масна и индустриски обработена храна)
    Психолошки проблеми:
    Заморот е чест симптом и на одредени ментални здравствени проблеми како што се:

    • депресија
    • стрес
    • тага
     
    Последна измена од модератор: 28 јули 2018
    На orxideya, gogimica, VictoriaSan и 6 други им се допаѓа ова.
  2. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    10 godini so anks, so periodi na totalno izceznuvanje, i vo leto obavezno vrakanje. Pogotovo na panicnite napadi. I ete i da gi nema tie, hronicniot zamor e sekojdneven. Se izvinuvam za latinicava, nemam kirilicen fond na telefonot.
     
    На gogimica, PaLaVa и power11 им се допаѓа ова.
  3. power11

    power11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Машки
    Како да си помогнете сами?
    1. Започете со сонот.
    Обидете се да издвоите доволно време за добар сон. Најмалку 6-8 часа дневно. Скратувањето на сонот од час или два може негативно да се одрази на нивото на енергија, концентрација и меморија, особено доколку ова кратење се повторува од ден на ден.

    2. Коригирајте ја исхраната
    Внесувајте повеќе храна богата со витамини од групата Б, затоа што овие витамини поволно делуваат на нервниот и на мускулниот систем, и ја стимулираат работата на имунолошкиот систем. Најмногу ги има во пивскиот квасец, потоа во јаткастото овошје, бобинките, мешунките и во печурките.
    Истражувањата покажуваат дека внесувањето калиум и магнезиум може да ги олесни симптомите поврзани со хроничниот замор. Затоа, збогатете ја вашата исхрана со спанаќ, семки од тиква, јогурт, кефир, смокви, авокадо, црно чоколадо и банани.

    3. Имајте баланс во сè
    Адаптирајте го својот живот во согласност со можностите. Имајте свое темпо што нема да ги надминува вашите капацитети. Напорот може да ја влоши состојбата, но тоа не значи дека треба да останете неактивни. Исто како што зголемениот напор може да има негативни ефекти, така и неработењето, досадувањето и мирувањето може да предизвикаат психички замор.

    4. Вежбајте умерено
    Практикувајте вежби за растегнување и лесни телесни вежби или, пак, јога вежби. Со време ќе бидете во можност да го зголемите интензитетот и времетраењето на вежбите, и да вклучите аеробни вежби (пешачење, возење велосипед и вежби во вода). Така, постепено ќе го зголемуватенивото на енергија во организмот, без да се чувствувате истоштено по вежбањето.
    Најважно е вежбите што ги сакате да ги правите секојдневно, со темпо соодветно на вашите можности и реални цели.

    5. Релаксирачки масажи и ароматерапија
    И за крај, релаксирајте се. Одберете еден ден во неделата што ќе го посветите на одмор, без ниту една обврска. Дозволете си релаксирачка масажа со етерични масла кои имаат благотворно дејство на организмот. Опуштете се во топла бања во која ќе додадете неколку капки масло од лаванда или сандалово дрво.
    .
     
    На gogimica, VictoriaSan, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов. ;(
     
    На power11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.192
    Допаѓања:
    106.159
    Пол:
    Женски
    Се пронаоѓам потполно. Извршив прегледи од крвна слика до магнетна и томографија. Уште хормони да проверав ми остана.
    Иако, јасно ми е дека е со психосоматска природа моево, сепак во тој домен да се реагира е најтешко, верувајте :(
     
    На gogimica, Rama, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    I mene sekogas vo leto me faka,najcesto od maj do kaj avgust.
     
    На cresa-jagoda, natemila и power11 им се допаѓа ова.
  7. power11

    power11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Машки
    Во летниот период се е пораздвижено. Живееме со повисоко темпо, повеќе се движиме, а со тоа си задаваме повеќе обврски и имаме повеќе планови што да направиме во текот на денот. Доколку не успееме во тоа што сме го замислиле се активира стресот, па заедно со него рака под рака и анксиозноста и хроничниот замор.
    Тоа не значи дека треба да се затвориме дома. Баш напротив секоја активност треба да ни го одземе вниманието и да не мислиме премногу на анксиозноста и заморот. Е проблемот е што треба сето тоа да се дозира во нормални мери т.е. во мера што нема да ни зададе преголем напор и во мера која што можеме да ја постигнеме (да не пренатрупуваме обавези и дека нешто мора по секоја цена).
    Најдете некоја занимација барем еден час во текот на денот на пр. прошетки, трчање, возење велосипед, фитнес.. баталете гужви и секојдневно седење на кафе, шопинг, поготово социјалните мрежи што поретко.
    На почетокот можеби ќе мислите дека ви е уште потешко, но после неколку денови, седмици, ќе се навикнете и ќе бидете посреќни. Со самата физичка активност сигурен сум дека ќе почнете и да се храните поздраво, да внесувате витамини, минерали и здрави масти.
    За месец до два ќе бидете како нови, посреќни, позадоволни и ќе имате многу повеќе енергија. Ќе се намалат паничните напади, ќе спиете многу подобро и полесно, а со самото тоа ќе бидете помалку уморни во текот на денот.
    Ви кажувам од лично искуство.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Katastofa sum leto, znaci toploto me ubiva psihicki. Na esen i vo zimo sum nekako mnogu podobra. Ne mi e jasno samo od sto i kako mi se vratija panikive i anksot. Dolgo vreme go nemase. Ama aj se nadevam deka i ovoj pat ke pomine brzo.
     
  9. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Mene samo od Maj mesec mi see javuvat,zimata mi e najubavo,znaci stom dojde Maj tesko mene,od polovinata na majot pa se do kaj Septemvri obavezno me Kara.
     
  10. џунџуле

    џунџуле Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Хронично уморна постојано. Причината ја гледам во постојана трка со времето, обврски повеќе од што е возможно са се извршат, преголема негативна енергија која ме истоштува максимално и најголемиот проблем што сето тоа сама го поминувам. И наместо на.крајот од денот некој убав збор, јас добивам уште обврски кои ме убиваат до крај. И да, секако дека станувам уморна после таков ден.
    Модерното време си го направи своето. И повеќе немаме време за убавините. Убаво е понекогаш да се застане, да не се прави ништо и да се ужива во звукот на.природата.
    Мој совет, не брзајте додека ги правите нештата, тоа прави дополнителен притисок. А голема е веројатноста така побрзо да се сработи. Исклучете ги телевизорите мобилните и компјутерите барем за кратко и испијте го кафето во тишина.
     
    На VictoriaSan, power11 и ines.h им се допаѓа ова.
  11. TheDove

    TheDove Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Јас чувствувам дека повеќе се заморувам од врсниците веќе 10 до 15 години. Пред 4 месеци се префорсирав физички со велосипедот. Од тогаш дури основните работи не можам да ги правам. Плус имав премногу панични напади и депресија. Пијам антидепресиви, но нема подобрување. Инаку работата ми е физичка. Кој специјалист треба да ме прегледа за оваа состојба?
     
  12. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Само добар психијатар и погодена терапија. И тироидна да провериш.
     
  13. TheDove

    TheDove Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Одам на психотерапија веќе четири пати. Терапија примам Каликста и Еглонил. Заморот никако да помини, се преуморувам од едноставни работи, основните куќни обврски ми се тешки Од работа идам отепам, плус имам панични напади на работа и во јавност. До толку сум истрошен и уморен.
     
  14. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Пиши лп.