Како не ви е бе срам вака да постирате само наслов? Испаѓа умреле од вакцината. Го прочитав текстот и е за добро познатата намалена ефикасност на делта сојот од Синовак. Мислете малце со главите, не само паники предизвикувате. Срамота. Колку има на форумов со синовак вакцинирани, сензационални наслови и стрес, никому не помогнале. А веста е сто пати постирана на форумов и не е вака апокалиптична како тука, особено само насловот кој насочува дека дека од вакцината умреле. За другите што читате, станува збор за ова: https://www.reuters.com/world/asia-...vid-19-despite-vaccination-dozens-2021-06-17/ Не е убава вест, не е ни толку апокалиптична. Не сте свесни колку луѓе нѐ читаат тука, кои не се зачленети, чии родители или самите тие ја примиле вакцината. Дајте во овој хаос на информации да бидеме концизни, не е ок да правиме непотребни стресови.
А ти едвај чекаш негде да направам грешка и да ме судиш одма нели? Па да, луѓето се секогаш овде да судат и тоа е многу лесно. И јас сум под стрес бидејќи моите родители ќе се вакцинираат и се плашам да не им се случи нешто... И вие треба да ме разберете и јас сум под голем стрес, многу ми е страв да не им се случи нешто... Цела сум побркана во мојава глава од овој стрес и сакам да знам дали оваа вакцина предизвикала непосакувани ефекти. Јас убаво си прашав. Цел ден чекав одговор, но ни о од одговор не видов. Добив само арогантност, а и не ми е веќе ништо чудно, на форумов повеќе ароганција има одколку корист....
Воопшто не, ама ја следам темата и сметам дека не е во ред да се постираат само наслови кои не ја доловуваат реалната слика. Како што си ти под стрес, така и сите кои ја примиле или чии родители ја примиле кога ќе прочитаат вакво нешто. Верувајте дека ништо добро не носат само половични факти. Мислам дека сите сме под притисок и стрес. На сите ни се измешани мислите. Кој за себе, кој за родители, кој за деца. На форумот колку членки се само збунети и избезумени. Ве молам да ја пишуваме целата слика или линк барем да се стави. Инаку вакцината е класична и генерално научниците се согласни дека овој тип на вакцини имаат малку и краткотрајни несакани ефекти, зошто истиот тип на вакцини со мртов (инактивиран) вирус ги примаме и како деца и имаат долга традиција. Негативната страна е што ефикасноста е помала. Веста што ја постираше е типичен сензационален наслов. Станува збор за делта варијантата на која вакцината е помалку ефикасна. Од 6000 вакцинирани доктори во градот или област, не знам што е Кудус, 350 повторно фатиле корона, од нив 20 биле хоспитализирани, а 14тина починале ако добро се сеќавам на бројките. За споредба во јануари Индонезија имала над 150 починати лекари. Во мај во екот на делтата имала 14. Се надевам оваа информација ти е корисна.
Ефикасноста се покажа доста добра не е баш занемарлива. Со оглед дека од кај нив излезе вирусот нив и највеќе им се потпирам на нивната вакцина. А со новите соеви сите вакцини ќе имаат иста ефикасност и неефикасност заради фактот што сите вакцини што ги знаеме се нсправија за првичниот класичен ковид 19 вирус.... Така да се навака секој сој си е над вакцината. Јас се вакцинирав со Синовак и немам предрасуди... Милиони како мене се вакцинирале.... Ако има колабрирање на вакцината сите ќе падневме од старт. Едноставно останува да веруваме на виролозите и нивните вакцини. Изолирани случаи ќе има.Секогаш имало нус појави и падови кај некои особи. Сепак прифатлив ризик е вакциниран да заболиш отколку невакциниран према ова што се случи овие 1 и пол год.
Се дополнив баш во однос на податоците. За ефикасноста, нема официјални податоци да речам од секоја земја во однос на реинфекции кај вакцинирани, но од примерот има подобрување. Исто така имајте предвид дека Индонезија има мал број на вкупно вакцинирано население, некој мал процент, што е исто битно за овие вакцини. Ќе видиме што ќе биде.
Извини вака, ама не помагаш никому. Не е во ред да се крева паника. Ако е за умирање, никогаш не знаеш од што можеш. Ако ти е дојдено, човек жив и здрав може да си падне и умре.
@Celltica направен е скрин од веста. Како велат „не го обвинувај гласникот“. А изгледа е и преземена од друго место. Овде новинарите се виновни. И јас го видов ова и исто помислив пред да ја отворам веста, потратично е што го објавија неколку странски, доста познати новинарски куќи. @calm-girl консултирај се со доктор најдобро и немој да се плашиш. Знаеме сите колку е напорно па така и тие кои те прочитале се исто исплашени и затоа така реагираат. Добро е што прашуваш и сакаш да се информираш ама овде очигледно нема многу кои знаат. И ако читаш на нет, пребарај ги за да ги прочиташ во целост статиите, не читај само наслов. Иако веќе ти имаат одговорено, овие вакцини се правени по стара (проверена со големо искуство во минато и понеризична) метода, а дел од останатите се со понова (и можеби малку поризична) метода.
Мала статија за Синовак и зошто е потребна целосната слика за да се донесат заклучоци: https://www.rappler.com/voices/thou...ovac-vaccine-still-effective-covid-19-vaccine Се однесува на дискусијата од погоре за ефикасноста и за реинфекциите кај вакцинираните. Да бидам искрена, сајтов не го знам и не го проверив колку е релевантен, но бројките се тие, нив ги проверив, ги има дел и во веста од Reuters и некои други релевантни извори.
Дали има листа на земји во кои може да патуваш со Синовак вакцина, бидејќи нели не е секаде признаена?
Прашање до девојките/жените вакцинирани со Синовак. Дали ви доцни откако се вакциниравте? Јас и претходниот месец после прва доза ми каснеше и овој месец после втора ми доцни. Минувам низ стресен период и не се окупирам многу со поврзаноста со вакцината, но ме интересира чисто онака дали има слични случаеви?
Не ми доцни, навреме ми доаѓа. И минатиот месец после првата доза и овој месец после двете дози. Веројатно ти е од стресот.
Јас се ревакцинирав со синовак во втор месец од бременоста (не знаев дека сум бремена) сега сум малце загрижена, нели во бременоста не е дозволена вакцинација. Или само фајзер е дозволена ама после 20 недела од бременоста. Некој со вакво искуство или некок совет....?