Кажаа преј дека оние што сме со Синовак или Синофарм ќе има *трета доза ревакцина после три месеци од втората доза. Ова е ептен нагло веднаш по втората доза или мене така ми се чини..? *допрва ќе се разгледува.
Синовак ти е подобра опција од Фајзер. https://visaguide.world/news/pfizer-vaccine-approved-countries-list/ https://blog.wego.com/sinovac-approved-countries/
Трета доза е за оние што ќе сакаат но понатаму можат да се воведат и нови рестрикции. Иначе многу брзо 3месеци, Синовак е одлична вакцина. Синовак. Синовак е класична вакцина додека Фајзер корисри mRNA начин. Во ЕУ може да се патува само со вакцини одобрени од ЕМА, додека во САД со вакцини одобрени од СЗО вклучувајќи ги и кинеските.
А се знае дали третава доза би била пак Синовак/Синофарм или сепак Фајзер? Многу малку ова три месеци, немам поим зошто би се вакцинирале толку рано, ми нема баш логика.
Само во некои држави кои ја имаат одобрено. Мислам дека Унгарија е една од тие земји. Во другите ЕУ земји само со одобрени вакцини од ЕМА. Побарај на нет. Доколку патуваш во САД можеш слободно со кинеските бидеќи тие ги имаат одобрено вакцините за итна употреба од СЗО.
https://skopje1.mk/archives/144820 Мене ич не ми е јасно зошто да мора да биде Фајзер третата, демек таа докажа 100% заштита од вирусот во Израел, па сега мора да биде таа? Yeah, right...
Многу нелогично ми станува ова со вакцините. Имам примено две вакцини од Синовак со последната доза примена на 24.07. За трета доза не ни ми паѓа на памет за сега особено па мешање на вакцини. Јас не знам како вака лабаво мешаат вакцини кои делуваат на различен механизам и даваат различен имун одговор. Пологично ми е да се прими истата вакцина како трета доза после 6 или 3 месеци за да телото добие ист антиген кој е презентиран на ист начин, ова со фајзеров е чиста глупост на крај ќе испадне пу пу не важи сега некоја нова студија. Колку и да е совршен имуниот систем постои можност за некаква грешка и не дај боже развој на автоимуни болести од мешање на толку различни антигени во краток временски период. Се надевам до крајов на годинава или рана пролет ќе излезе некоја нова студија која е пологична а нема да налага мешање на вакцини од различни производители.
Има , наводно Фајзер била безбедна да се прима како трета бустер доза без разлика на предходните две примени вакцини (дали кинеските дали модерна и слично). Ова го направија многу избрзано според мене и не треба да се брзаат со вакви заклучоци ко тоа да се витамини па ајде само да се шприца народот, ако од две дози кинеска вакцина некој не развил никаков имун одговор(нити клеточен нити хуморален) од таа бустер на фајзер ќе развие некој си минимален одговор а во најлош случај нема ни тогаш. Е прашањето е што тогаш ? Ќе речат ајде сега четврта пак фајзер , мислам ми нема логика ова нити му се гледа крајот ама ајде ќе видиме до каде ќе тера. Не сум против наука и вакцини но кога се злоупотребува за профит и те како се наштетува на народот. Мора да си изнајдат соодветни вакцини истите производители што ги произвеле и да делуваат на ист механизам (пример како вакцината на Спутник и Спутник лајт што ќе се дава како бустер доза).
Јас се вакцинирав со Синовак во септември, и топ пројдов, ни раката дури не ме болеше, вежбав, шетав.Али до ден денес се пазам, пијам витамини, дезинфицирам.Не сум скроз олабавена, и ќе продолжам да пазам, пошо не значи дека ако сум вакцинирана дека вирусот више не постои. Нешто што многу не го променуваат и после ,,џабе вакцината”.. Океј.Секој со своето.
Здраво девојки Дали ви се случи да ви доцни циклусот после примена вакцина Синовак? Или да сте слушнале на други дека им било исто? На Интернет околу ова прашање информација наоѓам само за Фајзер и Модерна.. А досега ми било секогаш на време и не се работи за бременост, барем тестот така вели
Мене после втора доза ми доцнеше некоу 10тина дена,а секогаш сум имала редовно.Така да и јас поврзувам со вакцината,зашто и гинеколошки преглед направив и се беше во ред.
Јас темпирав меѓу два циклуса да примам вакцина и ревакцина, бидејќи планорам бременост, па тој циклус после 2 вакцина ми стигна во саат точно на време без најмал симптом за добивање. Е за тоа следниот ми доцнеше скоро месец дена. Бидејќи бев на гинеколог ми кажа дека имало такви случаи после вакцина да дојде до доцнење на циклус, кај мене дури и тој со доцнење ми рече матичнава дека ми бил ановулаторен односно немам овулација, па сега да видам кога и како ќе дојде следниот. Дали кај некоја од вас имало ваква ситуација можеби?