1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синуси

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од KuklickaSk, 9 септември 2010.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.988
    Нема ваква тема, а сигурно има многу кои ги мачат болки во синусите..
    Мене последнава недела ме болат премногу и незнам што да правам, никогаш порано не ме болеле.. Совет? Чаре? :(
     
    На Simgeee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. malinavishna

    malinavishna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    11
    синуси

    Болката на средина на челото и под очите и слепоочниците, па дури и на главата ја предизвикува
    воспаление на синусите. Ова лето многу околу мене се жалеа на синуситис.

    1. Мора да се испита дали имате некаква бактерија.
    2. Ставајте топли облоги на болните места во памучна кеса со загреана едра морска сол.
    3. Инхалации (прашајте во аптека за тревките и етерни масла/обично се ставаат жалфија, камилица, морска сол, етерни масла....).
    4. Кварцање на ламба со инфра-ред зраци...(ова помага-проверено).


    Јас мислев дека со гњурење во море поминуваат, ама било заблуда, затоа што ако има инфекција и воспление уште толку влагата може да ја влоши состојбата.

    Поздрав
     
    На iva1234 и ANITA5 им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Веројатно си преладена, или настината, си имала настинка во последно време? Ставај топло, не седи на промаја, и гледај носните канали да ти се чисти и проодни. Може да имаш и синузитис, па поради воспалението и задебелената слузокожа да чувствуваш притисок, кој се манифестира како болка, заедно со отежнато дишење. Причините може да бидат различи - бактерии, вируси, алергии. Во принцип, синузитите поминуваат сами од себе, антибиотици не се потребни, освен ако докторот не рече поинаку, или ако се работи за алергиски/хроничен синузит, а можеби ќе треба да користиш спрејови за нос, може на база на физиолошки раствор (морска вода), или пак со деконгестиви, ако ти е затнат носот. Инхалациите се исто ефикасни, и најчесто се препорачува со етерични масла од нане, еукалиптус, камфор и слични.

    Malinavishna - морската вода помага затоа што ги прочистува каналите - не за џабе има спрејови на база на физиолошки раствор кои се доста ефикасни во прочистувањето на носните патишта. Кварцање со инфрацрвената ламба е ефикасно, ама во краток рок.
     
    На ANITA5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Јас секоја есен кога ке се смени температурата страдам од синуси, еве сега моментално сум затната целото чело ме боли. Купив спреј со морска сол, топли облоги и навечер капки за нос, за да можам да спијам. Меѓутоа никако трајно да го решам проблемот, со секое заладување јас си страдам. Пред 8 години ги имам зрачено со ламба , ама тогаш имав и температура и ми беа загноени. Ако знае некој лек за трајно решавање на овој проблем , го молам да пише :worried:
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    аман веќе од тие синуси |(
    веќе месец и повеќе пијам по 100 апчиња во ден, го користам спрејот што е на база на морска вода. е сега ми зедоа брис и ми открија бактерија во грлото. пијам антибиотици за тоа. треба да направам и алерго тест :?: е сега, знае ли некој како оди таа процедура и колку ќе ме чини? и дали ако ја излечам бактеријата ќе ми поминат синусите :( оти ептен се болни :doh:
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.988
    Мислам дека доколку бактеријата е причина за болка во синусите, ке исчезне. А за алерго тестови, на државно не чини многу, ама зависи и каков тест ке ти прават, дали со иглилчки или преку крв.. Не би требало да е над 300 денари. јас сите тестови ги имам направено, и не памтам да биле скапи
     
  7. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    е па вака, дечко ми има сериозен проблем и тоа само во есен и зима, нема каде што не бил на преглед низ цела Македонија кај сите најдобри лекари и сите едно исто му кажуваат а од тоа ништо не му помага,ниту лекарства ниту капки ниту инхалации. Некако ми опишува како да имал повеќе шлајм во грло околу крајниците и гласните жици, а плус и од синуси го болела главата (ама поретко) повеќе му е затнат носот. пред една година му кажаа дека има задебелување на гласните жици,ама неможеше да се оперира затоа што имал воспаленија на синуси. Па сакав да ве прашам ако знаете некој ,,народски,, лек затоа што како што кажав ништо не му помага!! :?:
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Знам дека не има многу со овој проблем, јас за жал не го открив навреме (задоцнив добри 4 години барајќи го проблемот со мојата главоболка секаде освен на вистинското место) и стана хроничен синузитис. Споделете го вашето искуство, како вие се справувате со болните реакции (тука посебно мислам на СТРАШНИТЕ главоболки) јас пијам Амоксиклав и колку толку од другите лекови најмногу ми помага. Но, се плашам дека многу е јак и затоа го пијам само кога болката е навистина неподнослива. Постои ли некој природен лек за ублажување на болките? Ги испробав сите методи од тука
    http://www.femina.mk/здравје/совети-за-здравјето/победете-ги-грипот-и-настинката-со-помош-на-исхраната но очигледно не ми помагаат.
    Однапред благодарам
     
  9. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Воспаление на синуси (хронично, акутно)

    Добредојде во клубот. Јас веќе 10 години страдам од синуси, само што мене болката кратко ме држи, јас имам проблеми со кашлицата, бидејќи имам многу слуз кој ми се слева во грлото. Ги имам зрачено со ламба и имав мир 4 години, ама оваа година пукнав, поготово што сум бремена и не смеам лекови. Само инхалации секоја вечер со Dexazon и ќе те опушти.
     
  10. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Воспаление на синуси (хронично, акутно)

    Еве сум и јас :hai:
    Имам проблем со синусите отприлика 7-8 години :?:
    Ставав капки во носот од морска солена вода
    Одев на зрачење 15 дена
    Пиев Оспен апичиња кога имав големи болки
    Јадра сол да се затопли и да се стави во марамче (добро подврзано за да не појде сол во очите) и да се држи дури да излади и после пак притоплување
    исто така и со ѓерамитка затоплена
    и незнам што друго ...
    Сега размислувам дали да пробам во Солените соби Vitasol (кои ги рекламираат )
    Препорачливо е 15 дена на море годишно како терапија за синусите
    Воспалувањето на синусите ме направи и метеопат :doh: на промена на време најмногу ме болат
     
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Воспаление на синуси (хронично, акутно)

    И јас сакам да пробам со солена соба, има на рекорд, ама мислам дека е скапо, ако оди некој нека пише колку чини, и колку сеанси треба за да има ефект.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Воспаление на синуси (хронично, акутно)

    Што се однесува до слузот сум слушнала дека консумирањето на млечни производи го прави поагресивно (а јас не можам без нив затоа што коските ми се слаби). За Дексазон првпат слушам но ќе се обидам. Драга, kate-the-great годините со ламбата и јас ги поминав, безуспешно за мене за жал иако на многу им помогнало и за ова со солта не го знаев рецептот а знаев дека имаше таква инхалација фала ти што го пиша, се надевам не е многу тешка за инхалирање, зашто јас еден период правев инхалација со чај од лисја од орев (варев една супена лажица претходно исушени лисја од есенски орев во еден литар вода и десет минути ја правев инхалацијата). Искрено некогаш навистина многу помага (листот од орев е пребогат со јод), но многу е јака инхалацијата и не секогаш можам да ја поднесам. Морето помага, навистина, но да се шеташ покрај морето некаде до 7 часот наутро тогаш има во воздухот најмногу сол и јод и нема многу луѓе.

    И јас сум метеопат, мислам дека скоро секој е со хронични синуси и и покрај тоа што шетам како баба ми со сто пара панталони, пижами, џемпери итн, башка капче, шал и ракавици ако залади. (Кога славев матура пред неколку години нели не можев толку да се наоблечам и бев по фустан ќе се познаваше, сите мислеа дека сум ослабела и ми викаа леле која диета ја држеше си се преполовила хихи :D ) Тоа е тоа, еднаш те фати ли, мора нов начин на живот.

    Би сакала да одам во солена соба и јас но ете и јас се плашам дека е прескапо. Али најголем проблем ми е дефинитивно главоболката. Ако некој знае некоја финта против таква главоболка нека пише. Инаку фала ви на советите досега. ;)
     
  13. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Znae li nekoj sto se toa : hipoplasticni frontalni sinusi?

    [mod-kirilica:2q4ztw5s][/mod-kirilica:2q4ztw5s]
     
  14. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Лек за од синуси мислам дека незнам а можеби и нема :(
    Имам братучетка која правеше 2 операции од синуси првата и втората недела е супер а потоа... Повторно и се враќаат... :( ... Исто така имам и другарка која направи дури 3 операции... Исто и кај неа... Ништо, никаков резлутат за жал :(... А и мајка ми има синуси ама не се толку манифестирани ама секако и сметаат така што си купи еден апарат од цептер кој содржи ефикасни сончеви зраци и се осветлува со него ... И ми кажа дека имало ефект од него ... Ама целосно не се излекувани :(
     
  15. nadica83

    nadica83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Терапија во солена соба кошта 600 денари, а трае 40 минути, потребни се 3-4 третмани, јас се распрашав ама не отидов, ако оди некој, нека пише
     
  16. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Јас се излечив .........скрос.........лекот е морска вода....лето на море........пред 4 години зимата, имав страшни напади, што два три пати неможев дома да си дојдам..... :o арно ама, почнав секое лето, на море...и нашмркај се од тоа водата......кога ќе почне, не нос, не уши :rofl: се живо мислам ми протече и ми истече, се отворив :rofl: 10 минути неподносливи....ама затоа фала му на бога од тогаш никаков проблем, на лекар ми викаат се е во најдобар ред продолжи така.......затоа наредново лето, сите со синуси како мене, ПРАВО НА ШМРКАЊЕ :rofl:
     
  17. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Лекување дома
    Вдишувајте пареа на овлажувач на воздух, смеса на топла вода и оцет или дури чаша чај или кафе. ПАреата е една од најдобрите и најефтините лековити средства против затнување на синусите.
    За отварање на синусите ставете на носот топли облоги
    Пијте многу течности.

    Се надевам дека ќе ви помогне.
    Имам дома книга за сите болести, стара е многу на српски јазик е , но ги има навистина поучни работи.
     
  18. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Драги девојки дали некоја од вас имала искуство со полипи на синуси...Ве молам споделете некое искуство...
     
    На ANGIE1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. betiilieva

    betiilieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    синусите ми се проблем и мене дури не можам ни на работа да одам уствари не можам ништо да правам
    м,и кажаа лек дека е ренот едни го јадат два до три пати на ден а други го загреваат на оган и го вдишуваат сите велат дека има фајде и јас од болка почнав да го користам да да видам дали ке има ефект треба да се користи два до три ден
     
  20. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    јас страдам од синусиве... после секоја промена на времето затната сум... порано се нервирав, сега се навикнав веке. Користам капки за нос бенил, оперил... секакви имам пробано... трајно решение - ко да нема. ми рокоја можеби ми треба некој медицински зафат ама пустиов страв од болници не ми дозволува да идам... така да ќе си останам на капкиве и малтретирањево...