Дали после терапијата, инфузии и апчиња, поминати 20 дена, додека го примате спрејот имате болки во синусот, посебно навечер? Дали тие болки се пропратни?
Дали е можно од воспаление на синус да те боли и да ти се здрвува од левата страна на лицето горната вилица само како точка?Нас ни рекоа дека е можно од воспаление на синусот можно е?што мислите
Се надевам не се лутиш што тука ти го цитирам мислењето, некако посоодветно ми е тука да те прашам, да не ја полниме таа тема со оф-топици Ренот само така го правиш, го рендаш и толку? Ништо друго не додаваш? И кажи ми повеќе за тоа луле? Како се користи и дали/колку ти помага? Да не е тоа едно садче како чајник/ аладинова лампа (neti pot)? Цена?
@Nausicaa Не сум Zahra ,aма ќе ти одговорам и јас. Ренот го рендаш на фолија, фолијата на рингла. Додека се загрева, испушта пареа ренот. Е таа пареа се инхалира.
Како @jok што пиша така ќе правиш со ренот.Да тоа е како Аладинова ламба.Не знам да не те излажам за цена не помнам од Зегин минатата година го купив,имам многу проблеми со синуси и со тоа луле ги прочистувам
Zdravo na site. Gledam deka ne sum bila edinstvenata koja ima hronichni bolki i problemi so sinusite. Problemi so sinusite imam od 9 godini. Sum pobala so se. So antibiotici, inekcii, makropen, sumamed i edinstveno shto dobiv od toa se alergii. Sega imam pak vospalenie, glavobolka, sluz i kashlica. Trae mozhebi eden mesec, no po poslednata alergija na pamet ne mi pagja da odam na lekar. Inhaliram i go plaknam nosot so solena voda. Pijam vitamin C, redovno jadam med i se nadevam deka kje mi bide podobro. Nekako vospalenijava navika mi stanaa. Odluchiv da probam i so eden priroden lek: bosilek da otstoi vo maslinovo maslo 2 nedeli a potoa se kapi v nos. Poznavam lugje kaj koi operacijata ne dala efekti... toa e toa. Kje zhiveeme so sinusi.
Мене многу ми помогна спрејот мералис. Од кога почнав да го користам за синусите се преродив. Ми ја намали главоболката и ме одзатнуваше и го чистев слузот.
И јас имам проблеми со синуси ова ми помогна и плакнење со морска вода со луле за нос го има во аптеки во него се става морска вода
здраво имам проббеми со синусите , посебно е изразено кога има голема промена на времето имам вртоглавици и болки околу очите носот ми е скоро затнат но можам да дишам со него пред неколку годиини испитутав синуси ми ги снуимаа но не најдоа ништо па ве молам ако може да ми препорачате добар специјалист
Здраво на сите, И јас барам добар специјалист за ОРЛ, само не во акус медикус. Имам често проблем со гнојна ангина веќе хронично стана, 2 пати годишно многу заглавувам а скоро секој месец знае да ме боли грло ама алтернативи и поминува. сепак многу е мачно цело време да си болен. Матичната и на дежирства што имам одено ми имаат кажано дека од алергиите ми е се од синусите и постојано ми се слева секрет на грлото и осетливо ми е на вируси,бактерии. А флексоназе, риноко, ацц ништо ми нема помогнато, и лоратадин често пијам. Неможам да разберам 21 век сме а човек со години да се мачи и да неможат да го оправат со нешто конкретно. Некој ако има слично искуство нека каже спас
Мене еве веќе неколку дена ме боли челото, повеќе на левата страна, на десната многу ретко. Веѓата, делот под окото накај носот, ко да ми тежи таму и така кога ќе се исправам, наведнам ме заболува повеќе и главата на таа страна, горе до темето не налај тилот. Носот го чувствувам затнат, ама можам да дишам, не ми тече, понекогаш само, а чувствувам слевање на секрет во грлото, најмногу навечер и ме нервира некогаш мислам дека ми стои цело време на грлото не можам да голтнам. Кога голтнам нешто како да ми пука во ушите (не силно). На работа цело време сум изложена на клима која за жал е централна и не можам да ја управувам, а е камен ладно, што значи организмот ми доживува шок секојдневно. Внатре 20, надвор 40. Дали мислите дека ми се синусите или прелада?
Вака, пред шо знам 3/4 години имав огромна мака со синусите (преполни ми беа со гној) носот буквално ми беше чешма, една недела спиев исправен на фотења Ги снимив, страшна беше снимката, па ми дадоа некој си инекции... и 2 дози со ред сумамед. и пишаа „Акутно воспаление на синуси.. а сите ми беа воспалени оние во носот, на челото, на образите) .. Од кога ја примив терапијата цела.. се смирија колку еден месец.. од тогаш тогаш до сега попара сум.. Не ми е така носот, како што ми беше тогаш „чешма“ да не можам да легнам.. ама сум континуирано лето/зима затнат.. дури и не ми се исплати „паломи“ да купувам секој ден 2 шамивчиња ги фрлам за перење, како некој асли салам мрсулко.. П.с пробав се од бабини деветини методи... порачав од цел свет разно разни спрејчиња, капки и сл.. ама ништо не помага .. А искрено, веќе и не ми се оди по доктори, нити сум ги снимил од тогаш.. ама сите што сум правел муабет, ми викаат оди на операција, оди на операциа.. Генерално, би ве замолил, кој и доколку има искуства, со оперативен зафат на синуси, и успешноста на операцијата, да ми се обрати, и да сподели.. како било и како поминало, а поточно и каде сте биле.. препорачајте. Ви благодарам, однапред. Никој нема искуство до сега?! ?
Не знам колку ќе ти помогнам али колку што знам од медицинско искуство воспалението на синуси не се лечи со обична терапија. Значи синусите се шуплини и кога пиеш лекови само ги ублажуваат симптомите и поминува на одредено време но сепак во шуплините останува малку гној и бактерии (не е можно целосно да ги снема) и затоа пак се јавуваат повремено... На јутјуб гледав една процедура но не знам дали ја има кај нас некако ги перат со цевки кои ти ги ставаат во носот и потоа со шприц вбризгуваат течност не знам точно што е и потоа пациентот го исплукува секретот од синусите (викаат дека помагало). Пиши ми LP вечер ќе го најдам видеото ќе видиш Сепак оди на лекар спец. оториноларинголог и тој ќе те упати понатаму што и како
Имам слушано од повеќемина дека после операција повеќе мака имаат со синусите. Мое мислење е да не ги оперираш. Како природно средство знам дека многу помага чај од рен (тешко се наоѓа, ама го има по пазарите), чај од жалфија, обавезно заштита од промаја и ладен воздух (ама не сакаат ни претопло) и помалку нервоза. Синусите веднаш се активираат при стрес и нервоза, премногу се осетливи. Иначе има луѓе пример градежници, постојано работаат и на ладно и на топло и гајле си немаат. Иначе сите лекарства, капки и слични препарати делумно помагаат, ама никогаш не го решаваат проблемот. Капките те прават и зависен од нив. Затоа, природно земај нешто, заштитувај се од ладно, и помалку нервоза.
Здраво, не знам дали е за тука прашањето. Постојано ми тече слуз од носот во грлото и голтам како шлајмови. Дали има некаква поврзаност ова со синуси? И дали знаете како се лечи? Инаку спрејови не ми го решаваат проблемот.