Да, имаш секрет кој се слева надоле на плуќс.Можно е да е бактерија или вирус.Земи упат од матичен за брис
https://www.facebook.com/Lecenje-na-sinusi-1622791348044820/еве ви линк капки за синуси добри се два пати купувам
Имам хипертрофични тонзили. Лани пролет ми се воспалија и пиев антибиотик,антихистаминик и ставав куп спрејови за во нос. Дури и Декортин пиев. Ми се оправија дури откако отидов на море. Се вратив како нова. Сега пак истиот проблем ... Искуство некој што се оперирал? И дали е можно од тоа да ми зујат ушите? Имам и јаки болки во пределот на челото,образите и дури ме боли и носот .
Луѓе ве молам за совет, значи вака- Пред скоро две недели бев настината и се лечев дома со чај и парацетамол, друго не зедов ништо, грлото ми помина, ама носот сеуште ми е затнат, тешко ми е да дишам, е сега ми се појави проблем со синусите, за прв пат во животот осетив проблем со нив. Околу очите и носот, околу челото кај што започнува носната коска добив оток, и очите ме болат, и ушите ми се затнати и цело време осеќам како да ми пукаат и како притисок т.е воздух да влегува и излегува, ептен е грдо чувството Бев кај матичната ми даде Амоксиклав, Серапептазе да пијам десетина дена и капки Оперил...ќе помогне тоа ли? Ептен сум исплашена оти само читам некои глупости, аман веќе од што избегнувам цел живот апчиња да пијам, ете до што се доведов.....
Ќе помогне. Само очекувај полека средување на состојбата. Нема одма да ти биде ептен подобро. Слевање на исцедок во грло може да имаш и подолго време. Оперилот намалувај го постепено не прекинувај наеднаш. Откако ќе завршиш со Оперил прскај спреј од диво оригано ептен е добар.
@Rama, не читај на нет, прашај си паталец. Хелоу Синуси се многу зае*ани. Од сам старт да ти кажам дека можно е антибиотиците да не ти помогнат многу-многу. Имаш температура? Серапептазе е за отоци и е ок, Оперилот јас би ти рекла да го замениш со Септоназал. Исто, шприцај со Марисол и лижи ги белите Фишерманс Френдс. Зрачи ги синусите со инфра-црвена лампа (ако немате дома, гарант некоја баба од комшии има) Обавезно инхалација неколку пати на ден. Обавезно! Ако досега не си правела еве како ќе постапиш- во тенџере ќе оставиш вода да проврие неколку минути со чај по твоја желба. Легендата вели да ставиш нане, оригано, босилок ама мене лично од тие комбинации само ми беше полошо па ставав најобична камилица. Ќе го тргнеш тенџерето од рингла, ќе се наместиш убаво на маса со музиче до тебе, ќе се покриеш со голем пешкир и ќе ги дишеш испарувањата се додека не се оладат. Кревај го имунитетот со Ц-витамин. Ако многу те боли, земај Кафетин (ужасен е за желудникот) или Рапидол С.
Фала ти на советите Немам температура, само оток и болка, и ушите ми се цели затнати. Оперил и во аптека ми рекоа да не земам, туку поефикасно било Ацерола АЦЦ да земам, не зедов ни тоа, ама утре наутро ќе побарам некој друг спреј или капки за нос, ќе видам ете на пример Септаназал Немам таква ламба инфра-црвена, и искрено не ми текнува за каква велиш... Инхалации правев неколку пати со чај од камилица, и со солена вода исто, ама подобрувачки ефект имав само тогаш привремено додека стоев на пареа... Ќе земам Серапептазе, тие ми се покажаа како доста ефикасни кога бев потечена во окото и забот, ќе пробам и со Амоксиклавот што ми го препиша матичната, и ќе видам што ќе излезе на крај. Јас прв пат имам проблем со синуси, и не знаев што да правам и одма панично си создавав поголеми тегоби, ама ќе бидам упорна да се среди
Здраво, Веќе една година се мачам со проблеми со ушите. Левото уво ми е запишано и кога пробувам да го отпишам (затворам нос и дувам силно) само десното пука. Бев на специјалист, ми мереа притисок во увото и ми рекоа дека се има запишано од некоја инфекција и ми дадоа капки, 2 третмани што траеа по 3 месеци, не помогна. На своја рака земав Назопас, капки за нос, затоа што сум очајна веќе не знам што да пробам, главата ми е како во некој облак скоро година. Капките го користев 3 дена и прекинав. После 4 дена користење добив силна главоболка. Неиздржливо беше, прво ми рекоа мигрена и ми дадоа апчиња за мигрена. Потоа качив температура, 39-40. Наредниот ден докторот ме прегледа и ми кажа сум имала синусна инфекција. Неможам да ви опишам каква силна главоболка имам, како никогаш досега. 8 дена сум во кревет, и ако само ја мрднам главата мислам дека ќе ми експлодира, а кога станувам ми се врти. Моментално пијам антибиотик еве 4ти ден, и само денес чуствувам мало подобрување. Дали е можно од тие капки да сум си направила проблеми сама, никогаш не сум имала проблеми со синусите. Чаре ? На боледување сум цела недела, а мислам дека ќе треба да го продолжам, ова е неиздржливо.
Не мислам дека е можно од капки да си ги воспалила синусите. Јас се имам мачено со синуси како дете и тинејџер, третмани на зрачење со УВ лампа и облоги топла сол (крупна сол во текстилно вреќиче, греено во рерна). Одкако почнав да носам волнена беретка на температури пониски од 10 степени, не ми се појавил таков проблем. Уши и чело покриени. Се надевам подобро си во меѓувреме, и делувал антибиотикот.
Истиот проблем го имам, еве скоро 4 недели сум со затнат нос, имам болка во синусите, и јас пиев антибиотик Амоксиклав и за џабе. Стоев над топла пареа со камилица и морска сол и ништо од тоа не ми помогна. Ушите и мене ми се затнати цели, и јас така го затнувам носот со рацете за да излегува притисокот т.е воздухот, ама ни тоа не помага, плус е многу болно тоа, срцето мислам ќе ми препукне, веднаш ме фаќа тахикардија и се задишувам.... Такви капки Назопас и јас имав земено и џабе, сега од вчера користам некој Шпански спреј за нос ми го препорачаа во Зегин, Респибиен се вика, и осеќам дека малку ми се одзатнува носот. Инаку и јас имам страшна главоболка со денови, посебно напред кај челото и очите, баш таму се и синусите кои претходно ми беа отечени... Матичната не ме пушта на дополнителни прегледи а сигурно и јас имам некаква синусна инфекција штом досега не ми поминува....
@Rama , ти немаат ли препишано апчиња за синуси лекарите ? Јас сум ептен осетлива и лесно ме фаќаат синуси, ама од ко ми ги препишаа Синупрет екстракт апчињата раат сум, делуваат за само 15 минути , се пијат 3 пати на ден. Ништо друго не помага, никаква инхалација, никакви капки за нос или мачкање, само овие апчиња. Ко глушец сум со експериментирање, барем си знам дека се ефикасни и нон стоп купувам од нив. Проверено
Првпат во живот ме фатија синуси и еве уште ме мачат...матичната си експериментира со капки, де Оперил земи, Исомар, едни Снип ми ги препорача кои патем никаде ги немаше низ аптеки, и вчера зедов спреј Респибиен по препорака на аптекарката, и ми попушти мала работа носот, ама ушите не, и болката во синусите си стои, веќе 100 пати бев кај матичната и за џабе.... Ако не ми се среди од спрејов, ќе пробам со овие апчиња, и Витамин Ц шмукав и тоа џабе....
@Alishan30 , докторке ако можеш да одвоиш барем 2 минути да пишиш во темата - те тагирам бидејќи еднаш кога побарав помош на форумот, ти ми одговори доста професионално Ме замисли @Rama што досега и немаат препишано конкретни лекови против синуси. Греота, девојчето трпи болки. Сакам да прашам дали на пациентите им препишувате само капки за нос ? Зарем нема нешто поефикасно во аптеките таму ? Конкетно јас со години си имам проблеми со синуси, тоа ми е наследно, и татко ми нон стоп се жали на синуси, но откако ми ги погодија апчињата што ги спомнав горе си знам дека ми помагаат и не си ја мачам душата. @Rama
Имаш ли упатство да ми сликнеш ако сакаш, те молам? Не знам дали ги има овие кај нас, ама според составот може има нешто слично. Инаку и мене само спрејови, кортико, инхалација и тоа... ништо друго за синуси не ми препишувале. Па ако ова има ефект би било супер.
@Herrera и јас потпишувам за Синупрет, ме спасија мене, брат ми и мајка ми што 40+ години мака мачи со синуси. За еден ден си како нов. А инаку нема ништо слично во Македонија, моите бараа секаде, ама нема. Ги имало многу одамна. Затоа увоз. И Гело Миртолот се фантастични, на природна база како Синупрет, исто во Германија се наоѓаат.
Најискрено , само тие апчиња ми помогнаа. Буквално после првото апче за 15 минути престанува секаква болка. Еве сликав за состав што содржат
@Herrera сега видов дека си ме тагнала, па вратив погоре да ве прочитам убаво и двете. Твоите капсули не ми се познати мене, незнам дали ги има во Македонија, генерика пиши ми и ќе знам за што се работи. @Rama душо вака сега, матичен доколку не ти дава понатамошни упатувања, и покрај неизлекувана состојба подолг период- имаш право да ја смениш, и да си побараш нов матичен лекар. Потоа, за синузитис акутен или хроничен, најпрво би требало да се дијагностицира со рентген снимање по методата на Hürtz. Симптомите кои ги опишуваш личат на синузитис, но нели треба црно на бело да се докажи. Исто брис од нос и грло да се направи, лабораторија и консултација со ОРЛ специјалист. За овие 4 работи треба матичен да те упати. Терапијата ние како матични ја даваме (капки и деконгестивни спрејови и антибиотици), НО, доколку нема ефект си ординираат терапија потоа ОРЛ специјалистите. Спрејовите кои тие ги препишуваат се со препорака нивна, матичен не би требало да ги пишува ( риноко, момокс), исто и одредени антибиотици и кортико терапија по шема. Мој совет-да не трпиш повеќе болки и да се обратиш на вистинското место-па макар и да треба да се промени матичен лекар. Ова исто им го советуваат за чистење/испирање на носот ОРЛ специјалистите, и има доста задоволни пациенти од него.
Има и сируп.На ќерка ми многу и помогна.Можам да кажам дека ние го најдовме лекот кој е на природна база