Сега баш го гуглав, нешто на природна база е, може и во Мк го има Синупрет, но јас не сум имала со него искуство, и составот оскудно им е напишан на српски, а германски јас не разбирам. Во секој случај барем нека се прегледа Рама и од ОРЛ специјалист
Фала ти на деталното објаснување мила Да ги покористам малку овие капките што ги почнав вчера, од нив осеќам дека носот почна да ми се одзатнува, па после ќе барам чаре со брисеви и слично...иако матичната сама требаше да знае да не ме остава вака да се мачам не е првпат вака да ме лечи упорно ама за џабе...
Јас завршив антибиотикот, немам температура, попушти малку главоболката ден-два и еве ме денес, не отидов на работа. Главата ми пука, ми се врти кога станувам и малку ме тера на повраќање..
*Модератор: Прво консултирајте се со доктор. Kupite adrenalin ampula,izvodenete 2 mali gazi(isecete gi kolku za v nos da gi sobira),i stavete gi vo nosot.30 min i izvadete gi.5 dena pravete taka,nosot ke se odzatni.Dr od klinika mi kaza,jas imam praveno.I obavezno proverete alergii.Isto pomaga i rinasek i rinostop.Ke vi se otpusi i nosot i sredno uvo,pseudoefedrinot e za odzatnuvanje sto go ima vo niv
Алишан бев кај матичната, не ме упатува никаде, ми даде да пијам Цитерал антибиотик, пред тоа пиев Амоксиклав ете и за џабе....и спрејот што го користам цела недела носот ми го одзатна малку, ама ушите не...сега и да сакам не можам да одам по болници, нели откажуваат прегледи поради Короната... Ама не е решение па и антибиотикот, џабе го пијам само...
Јас така имам фатено два пати инфекција во нос од синуси.Мора обавезно да те упати кога ќе се заврши оваа ситуација со Корона.Јас одев во Воена кај Др.Никица и примав првиот пат 10 инфузии 10 дена и терапија.Пред месец дена исто имав и само терапија ми има дадено пиев Сумамед,еден спреј не ми текнува називот после заврсена терапија ми кажа да користам Монализ спреј месец дена.Кога ќе се избањаш обавезно суши ја косата и носи си плетено капче да те топли.Користам и Рино хорн во Зегин го имам купено провриена вода ставам лажица морска сол и кога ќе се олади ја ставам во рино хорн и го испирам носот тоа ми помага доста,ушите кога ми се затнати ставам 3% хидроген тоа ми ги одзатнува.Имам и користено капки за синуси од аптека Матија.Исто добар е и спреј од диво оригано.Кога ми се воспалени имам чувство како главата да ми е во аквариум.Јас сакам да пробам Хиџама да направам на синуси.
Да го допијам антибиотикот и ќе зборувам пак со матичната, месец и нешто се мачам со синусите, не знам од што е, прв пат имам ваков проблем, ете на антибиотик сум ама џабе... Сакав да те прашам за 3% хидроген, нема штета ако ставам во ушите? Јас со камилица пробав ама не се одзатнаа воопшто...и само имам чувство ко да пукаат и како воздух да ми влегува, ептен е грдо чувството Фала ти на советите
Не нема да имаш никаков проблем мене докторката ми има кажано за хидроген.Нема на што.Дај Боже да бидеш добро да ти помине маката
@Rama мене за синуси ме задржаа на болница, пред две недели. Лежев 7 дена, навистина се многу зезнати. Сега сум добра. Примав антибиотици преку инфузија(клиндацин), преку инхалација(гарамицин), во капки (гарамицин) и пиев антибиотик (цитерал). Сето ова на болниица. Едвај после 4ти ден ми се одзатна носот. Кога ме пуштија дома 6 дена пиев сумамед. Со лесно
Цитерал и јас пиев до синоќа, разни спрееви за нос ставав, пред тоа пиев Амоксиклав...носот ми се одзатна, ама ушите не...ми пукаат цело време и како воздух да влегува и излегува осеќам, ептен е грдо..а не можам да преземам ништо повеќе поради блокадата на болница за неитни случаеви сега со Корона вирусот, така што принудена сум да чекам да помине оваа ситуација
Здраво.Ќе ве замолам за совет.Летото почна да ми се затнува носот и бев цело време со капки.Сега баш у овој период , дека не мрдам од дома ради Коронава.Имам болки во синусите фронтално, наеднаш ме жеже тој дел, и имам температура од 37.1 до 37.3 ( навечер).Што некои доктори не ја ни рачинаат з тем..Земам сепопептазе, амокдиклав, капки два вида , едни оригано има во нив, други со физиолошки.Инхалација правам и плус се зрачам..4 дена сум вака..Наеднаш фронтално кај синусите топло ми доаѓа.Совет некој, ? Матичната неможе во овок момент ништо...
Треба да испиташ. Симптомов не е карактеристичен за воспалени синуси иако местоположбата одговара. Синуси болат ненормално и не поминуваат со аналгетик (аналгин, кафетин, бруфен...)
Да знам..Но во оваа ситуација не ни можам да испитам..Носот ми е затнат...Овие симптоми и ги кажав на матичната и таа ми ја даде оваа терапија...
Ako vi se polni sinusite samo Tajlol hot na 6 sati,i edna ampula adrenalin skrsena i na sve mali parcinja gaza iaturena i vo sekoja nozdrva stavete ja okolu 1 cas.4 dena
Da,mi kaza edna doktorka od ORL klinika,go imam praveno toa,odma go otvara nosot .Zvuci cudno,no sovet e od specijalist
Јас и со хидроген 3% пробав и џабе е, не сакаат синусите да се одзатнат, и триста спрееви џабе и антибиотици и се упм, со оваа короната у курац веќе, спремни биле болниците и не знам ти што, а уствари една крвна слика не можеш да направиш во лабараторија, а не пак преглед
Nemoj hidrogen na sluznica vnatre vo nos ,stetno e.Jas hidrogen redam vo use koga imam mn vosok vnatre.Legni na desna strana ,turi edno lajce vo levo use i duri krcka lezi ,pa stani i ke istece
Да загрееш крупна сол во крпа и да го држиш на чело ? Или ако мошеж да најдеш лампа да се зрачиш , мене само тоа ми помага
Не ставав во носот хидроген, туку во ушите ставав дека ушите ми се затнати уште од февруари и ми пукаат од тогаш, малку де пуштаат, де пак се затнуваат. Е така де, ставав во уши и лежев дури крцкаше, ама ни восок излезе, ни ушите ми се одзатнаа.... Таква лампа за зрачење не знам каде да најдам.... А загреана крупна сол, ставав со денови на чело, и тоа ми помогна само да спадне отокот на синусите кај челото, ама носот никако да се пушти целосно, пиев две недели антибиотик и неколку спрееви за нос потрошив и џабе е се....