@Rama, за лампата распрашај се по комшии, обично ја имаат постари луѓе дома Тука во Ск на пазар може да ја најдеш. Инфра- црвена лампа ти треба. А за ушите, дај си време, да не те плашам ама...мене ми се одзатнаа може после пола година. Отидов на орл, и таму во нос ми ставија еден инструмент налик на труба. Едниот крај оди во ноздрва а другиот крај завршува со пластична пумпа и додека докторката ми пумпаше воздух во нос јас требаше да кажувам гласно „Чоколадо!“. Е ама знам каква е ситуацијава сега и не знам колку ќе ти дадат упат за ова. Жал ми е што не можам поконкретно да ти кажам како се вика терапијава, со среќа објаснување на доктор - труба, чоколадо, пумпање ама гарант ќе знаат за што им збориш Во меѓувреме, би ти кажала само-инхалација! По неколку пати на ден, и експериментирај со чаевите. Оригано, босилек и нане се брутални, исто и капките Бил-ол на Алкалоид. едит- Освен на пазар, за лампата може да прашаш и по аптеките. Зошто сепак е медицинско помагало, би требало да го имаат.
Матичната вика не смеам да те пуштам ни крвна слика да направиш, а не пак на преглед да одиш, не можам да одам поради фамозната корона нели Не ме плашиш, баш супер што ми кажа за ушите дека ти поминале по половина година, јас еве веќе трет месец зафатив со ушите, па ќе чекам уште толку значи Абе само да помине ова, и веднаш одам на болница да ми ги одзатнат Инхалација правам да, заборавив да кажам, се инхалирам со чај од камилица и со крупна сол. Истрошив неколку паковања на спреј и капки, моментално користам спреј Синомарин, ама и тој е џабе....не сакам да кукам, ама навистина е тешко со затнат нос и уши, ќе ме разбере само оној кој поминал низ оваа потешкотија
@Rama, јас само така ги одзатнав, се друго пробав ама залудно. Исто се отрув цел месец со антибиотици, џабе! На тој третман одев секој ден, и после четвртиот ми се одзатнаа. Додека чекаш упат, пробај да најдеш инфра-црвена лампа и види со неа како ќе ти биде. Сериозна сум, распрашајте се по пријатели и комшии, ќе се најде некоја бабичка што ја има по дома. Зрачи се максимум десет дена, пет минути два пати на ден или 10 мин на едно седнување. Само не заборавај, обавезно покриј си ги очите со марама кога ќе се зрачиш. Ти посакувам што побрзо да ти помине
Еве ме и јас периодов затната. Вчера увото ми се затна, ама не знам како успеав сама да го одзатнам, пошто обавезно завршувам во болница. Малку ме наболува сега, па воедно и вроглавици ми почнаа. Сега со коронава прво сама ми е страв да одам, второ и матичниот и мене ми рече да издржам да не се акам по болници. Еве скоро цел месец фликсоназе користам и во последно време кога ќе ставам од спрејот мислам синусите ме корнат од болка. Мене носот најмногу ми се одзатнува кога шмркам солена топла вода. Раствори во филџанче морска сол, а после тури во дланка и шмркни. Ќе видиш цел секрет од нос ќе ти излезе и одма ќе ти се олесни. Правам и гаргара со солена вода, па колку толку ми помага. п.с. И јас имам лампа купена од аптека, ама страв ми е да ја користам толку често на своја рака. Знам очите треба многу заштитени да се и ептен паники ме фаќаат кога ме грее.
Јас направив крвна слика, одлична беше..А носот уште ми е затнат ама не ко пред 1 недела. Пиев антибиотик, 7 дена серопептазе..Витамин Ц...инхалација дома со морска сол, и со капки од етерична масла..имаме и солукс ламба од некад ..Подобра сум...Ама имам тем..37.2 поручек..а навечер и до 37.3.кога спијам немам...Незз од што ми е таа температура..А некои доктори викаат дека до 37.5 е нормална...Па у дилема сум
Zmaci imas vo sredno uvo vo evstshieva tuba zapusuvanje.Rinasek ili rinostop na 6 sati,ke ti se slee v grlo i ke nemas problem
@Nausicaa , @JollyGirl Немам во комшии стари луѓе, ама ќе се распрашам за таква лампа по роднини, или ете ако ја имало во аптека ќе земам од таму. Не се издржува ова, носот затнат, ушите пукаат, лудило е Фала ви на советите девојки, ќе пробам и сол да шмркам, ама и тоа дали ќе помогне кој знае.... @bibiiii Ќе ја прашам матичната дали да земам Риностоп или од тие другите, фала ти на советот.
Анат, од антибиотиците немам веќе оток...ама носот и ушите не ми се одзатнуваат никако, а се и сешто пробав. Овие апчиња ќе ми помогнат за одзатнување?
Затнато ти е оти ти е отечена слузницата, вака не е видливо, ама има оток. И јас сум ги пиела за проблем со ушите, ми зуеја, ми беа затнати, докторката ми даде баш Химорал форте и Фликсоназе спреј.
Првпат во животов ме фаќаат синуси. Испив доза антибиотици и грлото и носот ме пуштија, ама ушите не. На секој погласен звук ми пуцкаат, све морам на тивко да слушам. Испив и 5 дена серапептазе, користев и фликсоназе и нема промена. Што да чинам?
Здраво на сите, имам еден проблем цело време имам шлајм во грлото. Од носната празнина ми се слева директно во грлото, ќе го проголтам и за неколку секунди 1 минута пак ми се слева и се така. Не сум правела никаква контрола, порано пред 2 години така ми рекоа имаш проблем со синусите но не ми беше ептен вака проблемот,но сега некогаш ме гуши не знам што да правам. Ако некој има слична ситуација нека ми пише како се справува, и ако треба контрола каква?
Dali imas probano so sprej marisol? Toa se sleva od sinusite.. Jas imav maka zimava me bolea na ladno ili malku ako duvnese veter.. Pocnav da prskam sprej od marisol go ima vo apteka I mislam deka od toa mi se smiri so tek na vreme