1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синуси

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од KuklickaSk, 9 септември 2010.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Правев со камилица и помагаше ама сосема малку, јас бев на почеток со мали издржливи болки, ама затоа што на време не се третираше стигнав до големи болки, матичната не ми даваше упут, своеволно отидов и кога др ме виде бааги бев запушена, сега сум со терапија и почна да се намалува болката, се надевам ќе помине скрос ама сега имам уплав од синуси, тоа било ужасни болки ;(
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ќе ти помине целосно штом се намалила болката:hug: штом си покриена со терапија и ти делува, не мисли сега на тоа и не се плаши.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Се намали ама сеуште ја има :|
    Мене глава не ме има заболено, ама сега убаво видов што е глава да боли. Слепоочницата како со чекан да ми мават по неа (facepalm)
    Велат штом еднаш се воспалат со среќа да си ги носиме :worried:
    Тебе после колку време скрос ти исчезнаа болките?
    Баш на контрола ќе прашам докторот кога ќе се осетам за превентива што одма да преземам јас како за прв пат не бев сигурна дека се синуси ама сега ќе си знам.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Не ми се поминати болките скроз, и јас повремено имам болки кај слепоочниците, ама барем можам да дишам полесно, бидејќи претходно долго време бев затната целосно во носот и синусите, си помогнав со инхалации, а антибиотици ко што кажав, џабе пиев.
    Зезнати се синусите, ама сега штом ќе стопли времето, ќе бидеме рает, верувај :)
     
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Значи само да се молиме да се стопли (facepalm)
    Јас се приметувам дека штом температурите се симнат мене уште толку полошо ми е, како овие два дена :doh: Со носот немам толку мака како што главоболката ме паничи, и носот ми е затнат ама штом глава ме штрекне паника на најјако, ми иде бокс да си мавнам, ми кажа докторот дека многу сум затната ама јас триста филма си направам, ништо тогаш, да се молам поскоро да се стопли оти маф е работата... Фала ти Рама :f:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Ќе се среди се ајде, штом си многу затната, затоа имаш и главоболки, ќе ти олесни од лековите нели веќе имаш мало подобрување.
    Знам каква е болката, ама ќе издржиме:hug:
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    10 март. Болки во грло,ама слаби и малку затнат нос. Паничам да не сум фатила крајници па да го заразам син ми..

    11 март. Покачена температура околу 37.5 до 37.8. Болката во грло ја снема. Уште повеќе паничам затоа што го вакцинирав малиот со петовалентна, па да не го заразам со што и да сум се разболела..

    12 март- продолжува температурата и затнатиот нос. Губам вкус и мирис. Се сомневам на синуси и корона. Се јавувам на матичниот, кажувам симптоми, ми вели направи тест за Ковид. Правам тест, негативен. Одам кај докторот, ми вели синуси, си фатила вирус или бактерија па се воспалиле. Не дава лекови без крвна слика, вели ако е ЦРП над 40 ќе добијам антибиотик. Не правам крвна слика, чекам да помине и паничам уште толку за малиот.

    13 март-денес, оток околу носот, солзење на очи, чешање и претерано кивање. Ми светнува. Алергија.. Пак се јавувам на матичниот, му кажувам дека мислам дека е од алергија. Кратко ми одговара дека можело од алергија да се иритираат синуси. Ми препишува лоратадин и фликсоназе. Ако нема подобрување антибиотик следувало.

    Ме интересира дали може воспалението во синуси да е само од алергија или мора да е пропратено со вирус/бактерија?? Ме збунуваат симптомите на настинка што ги имам. Прашувам затоа што уште паничам и се плашам за синчето.

    Цело детство го поминав со бактерии на крајници, стрептококи и секакви чуда. Се сеќавам и дека синуси ми се имаат воспалено, ама многу одамна, не паметам какви симптоми имав.

    Алергијата почна да ми се јавува пред 2 ипол години во бременоста, претходно сум немала алергија. Немам правено алерго тестови, но докторот ми постави дијагноза тогаш, рече ќе си имаш секоја пролет проблеми..
     
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Симптомите ти се на алергија, истите ги има и брат ми.
    Јас сум моментално со воспалени синуси, болки во грло, затнат нос, страшни главоболки во слепоочницата. Ми дадоа терапија ама тешко се повлекува.

    Вие што имате синуси ви земаа ли брис? Мене не, ме гледаа со апаратчиња две не знам како се викат околу носот и во носните ноздри,виде др дека имам големо запушување, за брисеви ништо не ми кажа. Прв пат сум вака, па не знам ни дали треба други испитувања.
     
  9. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Синоќа пиев лоратадин, прснав и Фликсоназе. Малку подобро е. Не ми солзат очите. Малку ме чешаат само. Носот исто затнат, жолто-зелен секрет, многу густ. Дури и кашлам. Сега почнав да чувствувам и некое стегање под грлото.

    За синусите не знам што да ти кажам. Никогаш ништо не ми прегледале, само според мојот опис што ме боли и каде, и врз основа на симптоми ми поставувале дијагноза. Брис немам правено, оти ептен сум тврдоглава и чекам да ми помине.

    За синуси добив неколку совети од доктор:
    1. Да избегнувам сув воздух ( во соба да има навлажнувач) може етерични масла да ставам од еукалиптус, лаванда или чајно дрво.
    2. Подолго туширање со врела вода и вдишување на пареата.
    3. Мислам дека рен ми кажаа да сварам во малку вода и да стојам над пареата.
    4. За болките ибупрофен, не аналгин, кафетин и парацетамол, не дека не помагале, помагале, ама ибупрофенот имал плус анти-инфламаторно дејство. Најчесто имам дома Блокмакс или Алгофрен.
    5. Блага масажа на слепоочниците, може со етерично масло, ама заборавив кое, го нема кај нас, од Германија се набавува од ДМ. Во нашите ДМ Дрогерии го нема. Ако најдам ќе ти пратам.
    6. Фликсоназе спрејот
    7. Мирување во темна просторија



    Можно е да треба да ти се земе брис, ама треба да почекаш барем една недела, ако нема подобрување ќе ти земат брис од нос.

    Ако причинител е некој вирус нема потреба од лекарства (најчесто е вирус во ладните месеци). И горенаведените совети помагаат, ама треба да имаш на ум дека симптомите најмалку 2 недели ќе бидат присутни.
    Е сега синусите ако се резултат на бактериска инфекција даваат и антибиотик.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу на опширниот одговор, имам уште една недела па треба контрола, се надевам ќе поминат. Многу благодарам :f:
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Sto terapija ti daoa na lekar,jas pravev RTG snimka i mi pisuva sinusi deka ima.
     
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Серапептазе и калменте спреј, дури втората недела почувствував подобрување, првата како ништо да не пиев. И правев инхалации т. е уште правам, со камилица и чај од босилек, тоа најмногу ми помогна ама правев многу често, скоро на еден час. Исто и чаеви пијам и цедени сокови многу, покрај витамини што си пијам редовно.
     
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Каде најчесто имате главоболка од синуси? Овие 2,3 дена некако ми се јавува некоја болка позади тилот :^) Можно ли е од синусите и таму да имам болка?
    Денес на контрола бев, ми ги продолжи капките уште една недела уште имам оток на едната страна.
     
  14. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    4.728
    Пол:
    Женски
    Јас имам болка меѓу очите, а и слепоочници , цела глава. Болка во тил укажува на варирање на притисок, најчесто покачен, измери си притисок...
    @anggell
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Добар ми е т. е јас имам секогаш низок не ми е до него, јас мислев дека само слепоочници болат од синуси. Втор месец како се мачам со нив, не ми е толку јака болката, скоро и да ја нема ама на друго место ако осетам болка одма паничам. И некако главата како тешка си ја осеќам, како кога сум настината. Носот исто, со еден збор катастрофа. Од овие синуси трауми се наполнив (facepalm). Прв пат да осетам главоболка, па се нешто ми е шубе па си правам филмови немој ова, немој она:@
     
  16. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    4.728
    Пол:
    Женски
    Болат, да, ама ќе си правиш инхалации со чај од нане, редовно, 2,3 пати во еден ден, неколку дена последователно. Инаку и јас цела се затнувам, нос, а после и секрет ми се слева во грло, не можам да голтам... Ајде, ќе помине, не се грижи:) @anggell
     
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    И јас сум со инхалации со чај, веќе две недели, кога имав најјаки болки само тоа ме спаси, ниедно апче не ми помагаше. Среќа ќе се стопли за некој ден, па и болките ќе исчезнат.
    За секретот почна да се слева и кај мене, многу неубаво чувство ама ќе помине, едвај и јас голтам.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    6.148
    Пол:
    Женски
    Прв пат на 31 година ме фаќаат синуси, до толку ме боли што ме болат забите, имам притисок под очите, и кога дувам нос ме боли. Почна од вчера, а веќе недела и пол сум со болно грло и со затнат нос. Не сум дома за брис, моментално сум на море, па ќе морам да пробам да шмркам како што ми викаат сите, па да видиме што ќе се деси. Малку ми е страв , прв пат ќе мо биде. Ако некој од вас шмркал морска вода, нека каже како оти ја појма немам (facepalm)
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Исто како што ставаш солени капки де :)
    Или едноставно зашмркај си, нурни :)
    За синуси спас се малку опции, цел живот мака мачам. Пошто си веќе и болна може атб ќе ти треба...
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    6.148
    Пол:
    Женски
    Ја известив матичната, почнав со антибиотик од вчера, уште малце ќе влезам и ќе пробам, фала за инфо :sun: