Какви проблеми си трпев со тие синуси...Ама фала богу помина и тоа.Зимно време јас постојано бев болна.На секое земав од тие спрејовите што се на база на морска вода ама не помагаа после некое време само од себе си помина.
Јас изгледа имам синусу сега Носот ми тече,главата ме боли.... Пијам таблети ама носот понекогаш ми се затнува а главата ме боли Баш најде летово Има некое чаре?
Ах, синуси..... Веќе 6-7 години по ред имам страшни проблеми со синусите. Во зима посебно се воспалуваат и болат неподносливо. Мислам дека дури и осетот за мирис страшно ми отапе од кога си имам проблем со синусите. За жал лек нема, има само работи кои може да ја подобрат работата. Мене лично одмор на море најмногу ми помага, и тоа не било каде, туку на Јадран. Она што се постигнува со Егејско море за 8 дена (зашто во Грција дури тогаш почнувам да осеќам дека морската вода ја врши работата), на Јадран тоа се постигнува уште со првото влегување во вода. А во зима, ништо не помага ако почнат да болат :'( Инхалациите дома само на неколку саати ја ублажуваат болката, и толку. Џабе ми се сите апчиња за глава и болки, ништо не помага, освен Сумамед. А тие партал го прават желудникот. Кога ќе видиш.....нема спас од нив.
Јас имав страшен проблем со синусите ме болеа очите, неможев да гледам, ми сметаше светлина, челото ме болеше ми беше хаос невиден. Така со години си страдав се додека не ми помогна Атанас Пчеларски човекот прави лек на природна база терапијата трае 3 месеци и има одлични резултати фала му на бога немам веќе никакви болки супер ми е поздрав. Редактирано од модератор: телефонски броеви давајте само во ЛП.
значи јас сум хронично болна од тие глупите синуси,мајка ми од србија ми донесе капки http://www.bestofnature.at/english/plant.htm ептем се добри. ставам по една капка,проблемот е што многу боли.Има мирис на ментол и после употребата здивот ке ви мириса на ментол.Вреди да се проба,само не ставајте често.
Па вака терапијата е три месеци секој ден се става три пати од капките се мачкаат деловите каде што имаш болки со една маст и со тампони се става во ноздрите од едно масло тоа два пати насабајле и навечер редовно и сериозно ако се користи најискрено поминува и јас мислев дека нема лек за синуси ама после терапијава се уверив човекот малку поскапо наплајќа меѓутоа вреди поздрав
И јас страдам од синуси. Се разбоелв кога имав 7 години и цела зима ја поминав буквално на амбуланта. Таман ќе ми потпоминеа, пак ќе ме фатеа. Цело време бев на антибиотици, сирупи, инјекции, инфузии , но пак истото. Нон-стоп ме болеше главава, кога ќе лежев и ќе станев ми се стемнуваше и чувствував остра болка во главава и како пулсирање во неа, цела бев затната, одвај дишев, дури одвај и гледав. Докторката ни кажа дека лекот бил морето. Јодот што испарува од морската вода бил многу корисен за синусите и препорачливо било 3 години со ред да се оди на море за да има салам резултати. Ние отидовме двапати, на Егејско Море, за трет пат не бевме во можност и навистина имаше резултати. Уште првиот пат кога отидовме, по 2-3 дена јас се „прочистив“, буквално, исфрлив еден тон глупости што беа во мене и како што бев цела затната веднаш поинаку се чувствував. Оттогаш, неколку години немав мака, ќе поднастинев, но тоа беше ништо во споредба со претходното. После 7-8 години пак ме фатија и летото отидов на море и оттогаш фала Богу, машала да не се заречам, ништо не ми е, и да настинам не е до толку опасно. На почетокот кога ми беше многу лошо, од Демир Капија ми донесоа диви краставици. Мали се, колку кикиритка (онаква голема со тврда лушпа) и знам, ги сечевме на пола и капевме по неколку капки во двете носници и по неколку минути носот почнуваше да ми тече и се што беше внатре ќе се исчистеше и веднаш полесно ми беше, можев слободно да дишам.
леле јас и тие синуси сум ... катастрофа. секогаш во зима ме фаќаат и само трчам на лекар. докторката се навикна за мене
Ахх,и јас го имам овај проблем,најчесто ме фаќаат кога се менува годишното време,а најмногу кога доаѓа пролет,неможам воопшто телевизија да гледам ми се замаглуваат очите и ненормално ме болат синусите и носот на сред лето знае да ми биде затнат,исто така ми реагираат на прашина,цигари и такви некои работи
мене нон стоп ми е затнат носот и некако се на нос зборувам сум пробувала со капки со триста чуда да се опоравам и пак се осеќам дека сум некако затната.. веројатно е до синусите.. има ли некој лек за тоа?
А да исфрлиш млечни производи, бел шеќер (колачи, торти) и скроб (леб и тестенини) на еден месец и да правиш испирање на носот со солена вода и да видиш дали ќе има промена? Пробај може се изненадиш од резултатот .
Прво пробај тоа што го пишав горе 3 месеци па после ќе мислиш на операција. Немаш гаранција дека после ќе бидеш ок ако не ги тргнеш причините за инфекција.
Чим е за здравје нема тешко, вие имате појак имунолошки систем од машките и женско кога има затнат нос или синуси значи ептен го заглавила со здравје. Кога имаш инфекција ќе ставиш малку сода бикарбона и малку сол во чаша топла вода и убаво ќе го раствориш и ќе шмркаш во носот од таа вода и низ уста и низ нос ќе ја исфрлиш за да го измие шлајмот од синусите. Првиот пат пази да не се засркнеш ама после ќе се навикнеш. Носот нормално пред тоа ќе го одзатнеш со капки или на друг начин. Само со солена вода исто може ама се става околу пола лажичка сол на чаша топла вода. Ако ставиш премалку сол не се ушмркува туку боли а ако ставиш премногу сол ќе те пече така да со искуство ќе си најдеш оптимална количина на солта. Диетата горе што ја напишав ти е 80% од успехот, без неа се друго џабе ќе ти биде. И нормално види да ни алергична на полен или прашина. Девојка треба да е здрава така да одма пробај ова и верувам ќе имаш позитивен резултат .