Кај ги има? Претпоставувам не одат на рецепт. Мене последниов пат најмногу ми помогна инхалација со рузмарин. Веднаш ми направи разлика, не се мачев со болки до толку.
Во аптека, на приватно 285 ден, аптекарката ми ги препорача, откако повеќе од 2 недели се мачев со нив. Комбинација од билки и витамини Б се...
Здраво Сакам да споделам с истовремено да добијам мислење и од вас. 22 август 2023 година имав проблем со фацијалниот нерв односно Белова парализа, што значи цела десна страна на лицето ми беше потполно неподвижна. После многу третмани, физикални терапии и слично, успеав некако да дојдам при себе. Но, точно на 6тиот месец, односно 22 февруар 2024 , истото повторно ме снајде, но овој пат на другата страна на лицето т.е на левата. Направив Компјутерска Томографија Резултатот е чист, без проблеми во мозокот, но пишува ретенциони цисти на обата максиларни синуси. Проблеми и болки со синуси сум немал... Главоболки да сум имал. Ме интересира дали тие цисти на максиларните синуси, може да доведат до Белова парализа, затоа што мене искрено не ми е верно. Затоа што , и во 2та случаи , до искривување на лицето ми дојде, по главоболки на задната страна на главата, болка во уво , а со тоа следи и губење на вкус
Јас само вакво нешто успеав да најдам, а гледам дека самата сијалица се продава и на Philips и е 550 денари, па не знам дали има поента да се купува цела ламба или само сијалицата па да си ја ставам на обична ламба дома Ако некој се разбира повеќе, да ме упати .. ?
За синуси само ваква ламба. Јас купив слична ламба. Добра е. Ми помага. Ти ако сакаш пробај и со сијалица.
Имаше затнат нос? Бидејќи мене носов не ми е затнат, болка имав во слепоочниците дотолку што не можев да ја наведнам главата. Јас имам секрет и немам мирис. Веќе не знам ни точно што е, дали синуси плус алергија, дали нешто друго..
Првите неколку денови ми беше затнат. Стандард си имав болка, осеќав мал притисок и многу секрет имав. Што ти вика матичниот лекар?
Алергија и слевање од синусите.. претходно бев настината сега уште тоа ми е останато, зедов серапептазе да видам тоа дали ќе ми помогне
Еј браво за фајндот. Јас мислам дека сијалицата е најбитниот фактор и би требало да функционира. Ај баш пробај и кажи ми, и јас сакам да си земам сијалица и да си ја ставам на ламба. Единствено големината на грлото на сијалицата да не е нешто специфично.
Јас пиев Аериус и ми помогна за слевањето секрет. Само зборни со матичен прво, не земај на своја рака.
Дали чудово може да се мачка во внатрешноста на носот или само под носот/на челото? Мене често ми се затнуваат наизменично носниците, те едната, те другата и ми се слева секрет од нос во грло што никако не можам да го исфрлам, користам Аквамарис, Калменте, Рупафин, а и Rhinohorn повремено, ќе почувствувам моментално олеснување од Аквамарисот и Rhinohorn-от ама после пак по старо. Сега ми препорачаа други спрејови, масти и апови, глава ме фати веќе... ти го прочитав постов па си викам ај да го пробам и ова чудо, ништо не ме кошта за 125 денари.
Па чим може да се инхалира значи можеш и да се намачкаш навнатре во ноздрите ама верувај дека делува и само на надусниците, и така одзатнува нос. Да ти кажам искрено во жустри случаеви се имам мачкано и во нос, па ништо не ми било, само што пече малце опако а печењето ја балансира па болката. Ама ете ме здрава жива Моја препорака, освен надусниците, намачкај го и странично носот до јаболкниците, само прилегни си и мижи за да не те пече на очи.
Здраво девојки, ве молам за помош зашто не знам веќе што да правам, се пробав ништо не помага.. Од носот имам лош мирис кога голтам, но не е постојано туку едноставно многу често се случува секој ден. Имам и слевање на секрет во грлото и само голтам ама како кнедла да ми стои. Од тоа ПОСТОЈАНО ми се таложи тој секрет на задниот дел од јазикот и мириса одвратно, барем мене ми е одвратно. Чистење на јазикот и општо устата не помага воопшто. Направив секакви прегледи за да видам да не доаѓа тој непројатен мирис од некој друг дел на телото ама се осеќам преглупаво бидејќи шетам по доктори а немам никакви симптоми или болки за тоа што го испитувам. Почнувајќи од забар, па снимки на стомак, брисеви од јазик и слично. Бев на ОРЛ, правев снимки на синуси но испадна дека и тоа е океј, само ми динагностицира хроничен ринит и ми рече ништо страшно користи flixonase и lysobact таблетки бидејќи има мало воспаление на грлото.. тоа ич не ми поможи и оттогаш купував спрејови нс база на морска вода, вдишував пареа, се хранам здраво, ама ништо. Буквално како ништо да не ми е, а мирис непријатен од нос или од уста имам 24/7!! И усните ми се сушат премногу. Барам чаре веќе неколку години и не ми се верува колку ништо не успева, а сигурно е нешто до синусите. Премногу ми влијае на социјалниот живот. Јас ништо ме мирисам, ама луѓето околу мене многу често се жалат на некаков непријатен мирис.
Дечки ај и јас да прашам да не се соочува некој со ваков проблем. Дечко ми од лани негде месец мај почна интензивно да користи капки зошо носот му се затнуваше, и сега е навлечен на нив буквално, и има малку гаден вкус зошо тоа му се собира веројатно и воопшто не осеќа ни мирис ни вкус нешто посебно. Дали некој имал ваков проблем и го решил? Еднаш кога бевме на доктор за нешто сосем друго, му ја снимаа главата и му кажаа дека полни му се синусите, ама како се решава ова?