1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синуси

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од KuklickaSk, 9 септември 2010.

  1. Vasemk

    Vasemk Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Истите симптоми ги имам и јас. Бев на ОРЛ , ми дадоа антибиотик, спреј Акца Марис, Оперил и Риноко и да снимам синуси.
    Термин за синуси снимање нема за жал дури крајот на април.
    Ако најдеш чаре, сподели.
    Секретов не се трпи. Леплив е и неиздржлив.
     
  2. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Ве молам препорака за хирург за синуси. Петнаесет години се мачам, имам се пробано од антибиотици, инфузии, спрејови, загревање на синуси, сонце, море, инхалации, нарачувано капки за синуси од нет итн. Се доведов во ситуација од 5 дена, 4 да ме болат синусите. На работа, дома, на одмор, лето, зима, топло, ладно, клима уред, променливо, дожливо време, ама буквално се' ми ги иритира синусите. Може и препорака за приватна клиника, ќе земам ако треба кредит, за да ги оперирам, оти полошо од ова веќе не може да ми биде. Уште еднаш фала за сите препораки, оти само оние што патат од синусите знаат какви ни се маките.
     
  3. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    10.362
    Пол:
    Женски
    Др.Васе Стојческа 8ми Септември. Само проблем со синуси имаш или и нешто плус?
     
    На Baby Girl 3 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Немам ништо друго, само проблем со синуси. Благодарам за препораката.
     
  5. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    јас веќе цел месец секој 4ти ден сум на ефридоли, аналгини и сите можни аналгетици.. Отидов нанлекар поради неизрждржлива болка реков ке го вадам и готово. Отидов седнав рече докторката прво да видам. Ме натера да направам панорама и направив... Пак се вратив ме чукна на забот ми вели ова не е забот забот е здрав. Ми вели синусот полн гној и сега сум на антибиотик Алмавин болката пак се јавува нагло ке одев на итна но имам еднс пријателка ми рече да се напијам вентор за болката... Сега намали ама читав дека долго траело лекувањето. Сум имала хроничен синуситис.. А синуси никогаш сум немала...
     
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.490
    Допаѓања:
    10.553
    Пол:
    Женски
    Дали на лето ве фаќаат синусите?
    Прво лето да ми се јавува главоболка од нив, ја познавам главоболката од нив плус и затнат нос. Обично зима и почеток на пролет ме фаќаа, сега прв пат вака.
     
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    8.115
    Пол:
    Женски
    Кај маж ми се и во лето и во зима, знае од климата да го боли глава, што викаш онаа болка за синуси, па правиме инхалации во сред лето, и спреј калменте. Се смирува, па за неколку дена пак. (facepalm)(facepalm)
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.490
    Допаѓања:
    10.553
    Пол:
    Женски
    И мене само тоа ми помага, само што сега инхалации не можам, полудев од топло :sweat:
     
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    8.115
    Пол:
    Женски
    Исто, ама го терам со сила, зошто не се трпи болката. Или пак чорап со морска сол полнам, и му топлам, па држи баш кај синусите што го болат напред, и тоа го смирува.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nero0119

    Nero0119 Нов член

    Се зачлени на:
    5 август 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Здраво Маја, го имам малтене истиот проблем минус секретот. Сеќавам лош/а вкус/миризба кога голтам (не секогаш ама неколку пати во денот) кај грло и сеќавам како да доаѓа од левиот канал/ноздра + моментот со заглавена кнедла во грло.
    Со забите се ми е во ред, пред 2ипол недели бев кај Зографски, со ехото не виде ништо освен минимално воспаление на носните ѕидови. Терапијава ми трае до 15ти месецов и после идам на компјутерска томографија на синуси и вилица, па во септември кај него пак.
    Дали можеби дозна што е проблемот или најде некое чаре?


     
    Последна измена: 5 август 2024
  11. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    За компјутерска томографија на синуси и вилица, преку матичен лекар ако се закажува, има ли термини и имаш ли инфо колку се чека за термин?
     
    На nedelce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nero0119

    Nero0119 Нов член

    Се зачлени на:
    5 август 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Извини немам инфо за државно, приватно ќе правам.
     
    На Baby Girl 3 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nedelce

    nedelce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Здраво, приватно работи или преку фонд? благодарам
     
  14. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    10.362
    Пол:
    Женски
    Здраво, докторката Васе работи во 8ми Септември(поранешно име Војна болница) така да, преку фонд работи :)
     
  15. xyz1098

    xyz1098 Нов член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    На 30.08, врнежлив ден, се разбудив со болка меѓу очите и зад челото и од тогаш не можам да се опоравам. Ги имам следните симптоми:

    - болка меѓу очите, зад очите, околу очите, и зад челото, речиси целосно на десната страна; не е некоја силна болка, повеќе како притисок
    - ми се влошува болката при станување од легната положба, како и при веднење нанапред, некогаш до тој степен што ми се свртува
    - се осеќам како да ми пулсира главата однатре
    - слушам кркорење во главата, особено при промена на положба
    - десното уво го чувствувам како затнато
    - ми трзаат мускули околу очите, како да ми треперат веѓите
    - одеднаш ми се насолзува десното око
    - имам влошување на симптомите ако запалам цигара
    - ми се слева густ секрет во грло, некогаш толку многу што се задавувам на него и се мачам да го доголтам
    - општо чувство на болест (топлина во главата, малаксаност, мускулни болки)
    - неколку дена имав температура до 38

    Според мене, ова е воспаление на синуси. Меѓутоа, бев на два оториноларинголога и двајцата ми рекоа дека немам синуситис, со образложение дека секретот од носот ми е течен и проѕирен а не густ и во боја. Тоа е точно, и всушност воопшто не ми тече носот, и добро дишам, туку од коренот на носот нагоре ги осеќам симптомите. Кога го дувам носот, гледам и јас дека секретот ми е течен и проѕирен, но минатиот петок конечно ми се подотвори едниот синус и со многу напрегање при дување на носот, успеав да извадам доста голема количина темножолт секрет. Дали е можно оториноларинголозите да ми го пропуштиле синуситисот затоа што синусите ми се толку затнати што нема што да видат во носот и загноениот секрет е заробен погоре каде што не им стига ендоскопот? Ми препишаа Аериус и Назонекс но не ми помага. Колку што разбрав тие се лекови за алергија а јас немам никакви симптоми на алергија (не ми тече носот, не ме чеша ништо, не се гушам).

    Исто така ме буни тоа што немам никаков показател на инфекција на крвната слика (ни леукоцити, ни лимфоцити, ни ЦРП). Од оваа причина лекарите не ме сфаќаат сериозно и ми тврдат дека штом крвната слика ми е добра, мора да сум здрав. Дали може да биде синуситис со нормална крвна слика? Ако не е, навистина не знам што би можело да биде.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.919
    При воспалење на синуси, дали имате крвав секрет од нос?
     
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    8.115
    Пол:
    Женски
    Сум имала да, бев на аспирација кај др. Мери, спрејови и кортико ми даде како терапија, се среди кдварењето и од тогаш не сум имала проблем со крвав секрет.
     
  18. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    1.279
    Пол:
    Машки
    Јас пијам риностоп на 6 саата и ми помага за сега
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    Прозирен секрет е алергија. Ама...можно е да имаш некој затнат секрет, штом излегол жолт секрет потоа. Не ти направија никаква снимка, настрана од ендоскопот?
     
  20. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    5.083
    Последнава година дена имам проблем со дишењето, но со двете ноздри. Сум била на еден куп лекари сите викаат сезонски е, од алергија и не прават никакви дополнителни испитувања.

    Во последниве две недели осеќам многу поголемо затнување на нос во десната ноздра, болка и пецкање во увото )исто од десна страна) Пробувам да ги чистам синусите со инфалации и солена вода, ама не гледам никакво подобрување.
    Препорачајте квалитетен доктор каде да се упатам за преглед