Тој спреј од магнезиум мора да е од док? Нз како ќе се издржи жештинава плус пешки одење на раб, немање асолен сон ради синуси...
Не мора, тој е и за опуштање и за секаков вид болки. Јас овој од Хрватска го порачувам ама мислам има спреј магнезиум и кај нас.
Имам болки веќе неколку дена околу очите,на челото,образите и го чувствувам носот како да ми е затегнат. Верувајте дека пробувам различни аналгетици ама ништо не ми помага. Дали овие симптоми може да се знак за воспалени синуси? Нормално дишам,носот не ми се затнува и не ми се растекува...не се издржува болката,навечер не можам да спијам.
На сабалје обавезно Серапептазе капсула, од 250 000 единици, на гладно, против воспаление. Момокс спреј Чисти го синусот со рог. Ама сепак оди на ОРЛ
Држи топли облоги на челото и образите , капки со солен раствор да се разводени секретот и повеќе лежи и одмарај ја главата
Калменте спреј во носот, плус инхалирај се со камилица. За синуси јас не пронајдов апче што помага. Прво пробај со камилица, ако инхалацијата ти помага значи синуси се. Само знај дека веднаш скрос не поминува. Постепено се намалува. Јас пред неколку години редовно ова го правев. Сега по потреба.
Здраво, ќе ве замолам за препорака на оториноларинголор. Досега не сум била немам иксуство, имам главоболки и излачување секрет секој ден веќе две недели, не се издржува
Каков проблем имавте со уши? Јас имам невидени главоболки и неподносливо чешање на ушите веќе подолг период. За секој совет или препорака ќе бидам благодарна
Дали чешањето на уши е поврзано со синуси? И мене исто ме чешаат а и мака си имам со синуси ако не се пазам.