Епа тогаш ајде 3 месеци ко што ти кажав и кажи дали ќе има промена ама јас мислам ќе има . И не забушавај со храната инаку нишо не прајш. Ако ти е претешко пиши пп ќе ти најдам замена некоја.
Јас како мала имав проблеми со синуси правев инхалации,на лампа се зрачев и ништо,се додека не отидов на Јадран неколку лета,стварно ми помогна шмркањето на водата,али во последниве 6-7 години не сум била на море и сеа постојано сум болна,ми се слива секрет од синусите цело време,мојата матична се ми вика ништо не ти е,а имам и страшни главоболки,се снимав да не ми е спондилоза ама ништо не ми најдоа,јас сум сигурна дека ми е се од синусите,сеа ке пробам некој третман во солена соба и се надевам ке ми помогне,па ке ви кажам
Јас искрено не знам како е да немам слевање на слуз од глупавите синуси. Уште пред 10тина год започнав првен да имам мн тегоби во стомакот, да бидам цела отечена во лицето.. бледо-жолта. После бројни испитувања испадна дека сум имала мн густи слевања и од тоа ми се лошело. Дома имам и ламба и инхалатор и што ли уште не.. Лани бев цела година на море.. Исто па исто.. Ќе пробам сега со диетата од Xman.. ако има ефект ќе ве известам.. Нека е со помин!
Имам синуси веќе две години, ете моментално ме болат, пиев и апчиња и инекции ставав,но џабе е ете пак ме фатија, а сега е жежко времето, на зима премногу имам мака,ама то е!
Има готови спрејчиња со солена вода во аптека, не знам дали е потребен и функционален домашниот раствор? Вака со спрејче се вбризгува и подлабоко во синусите, зашто истовремено го прскаш и го шмркаш.
Би ти ги препорачала Бенил капките од 1 промил, пробај а и не се скапи околу 80ден. И солени капки ги има во сите аптеки
Леле..синусите ме мачат ептен страшно.. Јас цела зима сум со болни синуси,тешки главоболки дури и капаците ми поттечуваат.. ете на лето ќе ми се смират се е ок,ама после и на најмала настинка стануваат ненормално лоши.. Секоја зима пеницилин инекции,20 дена терапија и не се лечат моите.. па веќе преку глава ми е.. По 1 тон апчиња пиев последните 2 години,секој ден на терапија со ламба,еднаш брисот покажа бактерија,наредните 5 пати ужасно ме болеа повеќе и од првиот пат а бактерија не покажа и готово.. На море секоја година одам..шмркам вода и се истекува,почнува да не ми тече носот ама слузот преку грло не престанува и готовоо... А и јас незнам како е да се нема слуз од синусите верувај Розовка.. не си само ти.. И мојот е многу густ.. А и лицето ми беше ептен ептен жолто додека не ги извадив крајниците.. А сега за сега подобро ми е..
Ахх и кога ќе ми текне дека иде зимо, пак цела ко мумија завиткана треба да се движам у јавност и пак ќе ми биде за џабе ми се вриска.. тоа е.. зимо иде весело ќе биде
Трај не збори.. мака ми е да мислам.. Туку недај боже како лани да ги воспалам...Па да не видам ни тренинг ни школо 2-3 недели
Фанки, а да провериш неколку поста претходно што напишав кои храни треба да ги исфрлиш на 3 месеци за да престане да ти се прави слуз? Види што сум пишал ама на прво место сите МЛЕЧНИ производи да ги прекинеш и кажи дали ќе има промена. Ако вака продужи ќе мораш еден ден и тренинг да оставиш што ќе биде трагедија значи преземи нешто на време .
XMaN значи човек како тебе нема.(Во екстра позитивна смислам,мислам) Бидејќи имам пробано се' ама баш се' од денес почнувам со ова.. конечно Фала ти за советот.Само нека поминат тие се ке направам. А инаку,колку тренинзи имам испуштено,и колку сезони имам пропуштено ми се плаче веќе.
Мислам ако го направиш тоа што ти пишав ќе ги средиш синусите а имам и уште нешто што ако притреба ќе ти го кажам. Не му мисли ќе биде и ќе престанеш да се разболуваш .
Јас имам ист проблем од август месец ми трае бев на снимање и ми рекоа дека многу ми биле лоши и денес ќе одам во влае на ехо кај приватна па ќе видиме што ќе каже
На ехо и мене ме гледаа. Ми најдоа наод на десниот синус. Но гледај излечи ги. Еве кај мене веќе се сериозен проблем.Ги осеќам дури и на промена на време.
Фанки, почна ли со храната што ти реков или уште не? Ајде чекам извештај по 3 недели дали ќе имаш подобрување ама ти гарантирам чим оставиш млеко ќе осетиш голема разлика . Нормално ако имаш баш во моментот воспалени синуси и си болна излечи ги со антибиотик или хомеопатија и со солена вода. И пиши како е за и другите да знаат .
XMan, мора ли да се остават млечниве производи? Се ќе издржам без проблем, ама не знам без јогурт што би правела цел месец..... Некое друго чаре има ли?
ме боли скоро целата лева страна од главата . најголема болка чувствувам под окото на образот близу носот . искашлувам жолто многу и тоа не од градите туку од горе . што би можело да биде? ве молам за одговор бидејки ете 3 дена ми е така
еве ваква имам јас и мислам помага инаку имам на работа за продажба ! Ја купуваат за лечење на синуси !пиши ми во п.п ако сакаш информации за цени и др !
soco дали се работи за синус ? незнам како боли синус итн. те молам објасни ми ти какви симптоми имаш. уф само да е минливо. а што е тоа на сликата?
ТИ прво испитај дали се работит за синуси !!!! ако е тоа после ке си земиш ваква ИНФРА ЦРВЕНА ламба имат од 50 вати,100 вати и 150 вати јас имам од 150 вати ! обично на ушно кога ке одиш можит да те сончет со ваква ламба ама можит да си ја купиш цената барем кајмене на работа и се движит од 20 до 30 евра ! инаку ако ја користош за синуси треба да си пресечиш парче ,,црна чоја,, за на очите да не го пропуштат зракот во очите и се топлиш со неја 10 до 15 мин неколку дена и ке осетиш подобрување ти гатантирам ! јас ја користам за затоплување и на други делови пр, болно рамо или болно колено и ми помагат ! наииши на интернет ,,beurer IL10 ,ili IL20 ,, i ke ja najdis i karakteristiki i se ! znaci sveti crveno i toplit i go terat organizmot sam da si se stimulirat vo lecenjeto ! П.С. прво види дали се работит за синуси кога ке си сигурна ке ти објаснам како можиш да ја купиш !,