Искрено не би сакала да те плашам но и јас го имав истиот проблем некој 4 месеци , со тоа што беа пропратени и со затнување на увото по неколку дена, ми тезеше главата и кога ке се наведнев да зеам несто мислам дека во обрзот имав тег и ме влечење надоле. И се испостави дека предходно кога сум вадела заб ми го отвориле синуот и синусот се напунил со бактерии и створил полипи тоа се како топцинја полни со гној и мораа да ме оперираат, незнам сега кај тебе какое напосредно пред да ти се слуцува ова д ане си вадела заб?
И јас исто имам големи проблеми со синусите и ми кажаа дека имало некој чај се викал лепавец во народот познат како лепката и мн помагал.Ама никако не можам да го најдам.Го барав во билна аптека го нема ни по пазарчињата во ск.Ако знае некој нешто за тоа ве молам кажете ми.Иначе моментално пијам некои лекарства природни од доктор во ск пензиониран шо ги прави не знам дали сте слушнале Атанас се вика.Користам капки масло и маст и засега има доста добри резултати а ги користам скоро месец.Ми се одзатнаа ушите не ме болат градите не ми се врти и не ме боли толку главата.
Здраво Didush би сакала да те замолам да ми кажеш каде се наоѓа тој доктор. Јас сум од Охрид и страшно сум заинтересирана да го пробам и ова ти што го пишуваш, затоа што и јас имам невероватна болка со синусиве и плус уште пострашно не знам колку палома трошам дневно, а да не правам муабет годишно. Два пати годишно проверувам дали имам некоја габа или бактерија ама ништо од тоа, и последен пат појдов да проверам преку крв дали сум алергична на нешто и тестот испадна негативен. Ги испробав сите спрејчиња, две години со ред одам на море по неколку дена ама и тоа не помага.Би те замолила ако сакаш да ми кажеш или да ми напишиш на меил за тој човек, како можам да дојдам во контакт со него, или да го најдам. Ти се заблагодарувам однапред.
За да оздрават синусите многу е битна исхраната, со погрешна исхрана која ствара слуз секоја терапија ќе има многу послабо дејство. Спречете ја слузта пола работа сте завршиле. Исхрана со минимум шеќер, млеко и бел леб кај многу ќе доведат до видливо подобрување на синусите .
Здраво на сите, ми олесна кога видов дека не сум единствена со овие маки, имено јас еве веќе 3 ден како се измачувам со болки, вчера бев на доктор бидејќи болките над веѓите и болката кога на пример од јревет ќе се исправам на нозе е неподнослива. мислам дека се синуси, меѓутоа на лекар ми рече доторката дека ако се синуси ке мора да течат, а кај мене носот е сув а болки имам, ми даде Бруфен БлокМакс, и на мое барање Марисол Имуно спреј за навлажнување на носот, е сега јас не сум баш упатена во проблемите со синуси и ме интересира како можам да знам дали е синус и дали мозе синуси да болаат иако не течат или се работи за мигрена??? АКО НЕКОЈ ИМА ВАКОВ ПРОБЛЕМ БИ БИЛА БЛАГОДАРНА АКО МИ ПИШЕ, НЕКАКО ДУРИ МЕ ФАЌА СТРАВ!!!
Vо меѓувреме најди лепавец и право чај од него расте покрај река или ќе го најдеш кај билкари или на пазар.Пиши што ќе направиш.А за Габри оди снимај ги синусите,направи ехо има во скопје една многу добра докторка приватна ординација во влае се вика Мери,јас кај неа одев.Можеш да имаш или циста на синусите па ради тоа да не ти течи носот или пак мигрена друго нема.направи и алерго тест зошто од тоа можеш да закачиш синуси.позз
Фала многу за информацијата искрено ќе пробам ќе се слушнам со човеков. Ако можеш само да ми кажеш како правиш чај од тој лепавец и како го користиш и ако имаш слика од тоа ако сакаш да поставиш на форумов. Татко ми претпоставува за лепавец која билка е, ама не е сигурен. Ти се заблагодарувам повторно затоа што одговори на моево барање.
За жал немам сега слика од лепавец и ќе одам да берам сега скоро зошто растел за велигден па ќе го сликам и ќе ти пратам слика.иначе се прави како и другите чаеви се суши под суво и се вари тоа е тоа.се надевам ќе го најдеш.Сигурно кога си била покрај река ти се лепел по пантоломите и те нервирал позз
Здраво женски, еве го пак паталецов на темава... Значи конечно имав прилика да видам што е всушност операција на синуси и кога се изнагледав од “убавините“ дојдов до заклучок дека 100х подобро е редовна контрола, снимање, третман, печење, пазење и тн. отколку да ризикуваш толку... искрено, изгледа многу страшно, а е и ризично бидејќи очите се во непосредна близина. Толку да ризикуваш за нешто кое можеби нема да биде доволно за да те раатиша од проблемот. Има луѓе шо минале низ тоа 3 пати и се` уште ги немаат излечено. Многу е важно да знаете дали ви е акутен или хроничен синузитис затоа што ако ви е хроничен како мојов...можам да ви кажам дека лек кој ќе направи да исчезне не постои, ни операција не е спас. Ми беше страв да го постирам видеото, пошо има луѓе послаби на срце, да не се припадне некој, ама ако ве интересира, ќе го ставам во спојлер. Инаку пред некој ден бабата на мм ми кажа уште еден домашен лек за синуси Се ставаат две кафени лажички јаболков оцет во една чаша вода. Тоа се пиело трипати во денот. Во јаболковиот оцет имало некоја материја што имала силно влијание врз разградување на тоа ѓубрето шо се собира таму а од воспалението се згуснува (знаете на шо мислам, мислам дека мукус се викаше ама ај да не испаднам неписмена ) Инаку почнаа клима да пуштаат на работа...не знам како ќе преживеам... клима уреди најмногу ми пречат, одма главата ме боли, не знам ни како ќе работам ни бутур...
Јас ова веднаш ке го направам уште денес.Инаку и јас сум хроничен секојдневен паталец од синуси.Еден ден ако немам болки и затнат нос, тоа е празник.Се сум пробала, и антибиотици, и рен, и диви краставички и ламби и се...само неколку дена подобро и толку.Сега ова веднаш ке го пробам.Фала ти мноогу..
Најтешко ми е во лето Во зима ладно е ајде ќе ги стоплиш синусите со ѓерамида ,со сол во крпче ,терапија со зрачење ама во лето? Лудо е жешко ,уште да земам да се топлам со нешто и ќе полудам . 5 години непрекинато секој ден капнувам солена вода и мислам дека нема ефект. Ќе го пробам рецептот од tessie И јас имам хроничен синузитис ,не размислувам за операција кај ризично е па уште и големи се шансите да не е успешна. Девојки освен антибиотици што правите во лето со болката ,освен што полудувате ?!
офф ве молам помагајте цела недела цркнав од болки од тие синуси, ме боли глава образи.носот местото под очите незнам веке шо да праам осекам ко да имам срце во носот и под очите и ми се затвораат очните капаци а ме боли и пределот врз горната вилица дали е подобро да се напраи операциа ? и дали има некој искуство од операциа ?
цела недела ме умре ама денеска посебно болката е неиздржлива си сприцнав од спрејот фиксонасе и пинам вентор малце ме попушти мислам дека е од венторот ама џабе тоа само привремено е пак ке си почне болката неможам на неколку саати да се трујам со вентори ....
хелпп ве молам кажувајте некој лек за синуси цела вечер си ја трескам главата од земја неможам да ја изадржам болката бе молат и челни и маскуларни и фронтални синуси неможам да изржам ни секунда дали знаете шо можам да напраам барем на момент да ми се тргне болката за да си заспијам ? во понеделник планирам да одам пак да ги пореверувам бидејки овоа ненормална болка е неможам повеке да се расправам со нив , дали има некој искуство со операциа ? ве молам кажувајте помагајте не се издржува
И јас често имам проблем со синусите. За жал нема траен лек за нив,освен да се чуваме од настинки. Никако не дозволувај да те дува ветер ,а обавезно зимно време гледај да носиш капа или стегач за колку толку да ги заштитиш. Мене кога ќе ми се воспалат ми помага еден народен лек. Земи крпче и свиткај го во форма на перниче, внатре наполни го со крупна,морска сол и сошиј со перничето. Направи си вакви неколку. Потоа со пегла помини ги да се стоплат. И стави ги на синусите. Внимавај да не бидат многу жешки. Онака подносливо да биде,а сепак да се топли перничињата. Повтори ја постапката неколку пати. Би требало краткотрајно да ти олесни. Зошто ќе ја зголеми циркулацијата и ќе го омекне секретот па полесно ќе ти биде.
До воспаление на синусните шуплини често доаѓа поради присуство на бактерии, вируси или разни алергиски реакции во нив. Синусните шуплини се наоѓаат зад челото и носот и зад јагодиците на лицето. Кај луѓето со слаб имунитет полесно доаѓа до воспаление, кое се манифестира со посебни симптоми. Освен главоболката, а понекогаш и мигрената се јавува и секрет, кашлање, пречувствителност на лицето, а понекогаш и зголемена температура. Откако медицинските стручњаци ќе го дијагностицираат воспалението треба веднаш да се почне лекувањето за да не се прошири воспалението и на другите делови од телото.